Австралиската полиција соопшти дека уапсила повеќе од 1.600 луѓе и запленила дрога вредна 93 милиони австралиски долари (63 милиони американски долари) како дел од еднонеделна акција против недозволени дроги и организиран криминал. Заедничката акција, наречена Операција Витреус, траеше од 19 август до 23 август и беше со цел беше да се намали достапноста на недозволени дроги низ Австралија, се вели во заедничката изјава на државните и ...

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија. Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите. Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати ...

Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија. Инталацијата „Австралија – Азија пауер линк“ (Australia – Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија – доволна за напојување три милиони домови. Според ...

Над 100 лица се евакуирани од станбен блок во источен Лондон, откако огромен пожар ноќеска ја зафати зградата, а 225 пожарникари се справуваат со огнот. Четириесет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот на Флешвотер роуд, во населбата Дагенхам, што избувна синоќа во 2.44 часот, јавува Мирор. Засега нема информации за повредени или за причината за пожарот. Началникот на противпожарната служба Алан Бендел, кој се наоѓа на местото ...

Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. ...

Во периодот јануари-јуни годинава, Грција ја посетиле 11.625.600 туристи, за 15,5 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се за 12,2 проценти и приходите од туризмот, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првата половина од годинава патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 16,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 15,2 проценти. Во конкретниот период, од ...

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, како и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, додека пак починале две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 100, а регистрирани се вкупно 12 смртни ...

Стејт департментот одобри можна продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и придружна опрема на Норвешка и Романија, за проценета вредност од 405 милиони долари, односно 592 милиони долари, објави Пентагон. Претходно оваа недела Пентагон објави дека Стејт департментот одобрил евентуална продажба на беспилотни летала и ракети „Патриот“ на Италија и Германија во вредност од неколку милиони долари. Стејт департментот даде зелено ...

Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000, наместо минатогодишните 16.977.000. Србија, која лани имаше 6.788.000 жители, во 2050 година ќе има 5.554.000, односно околу 1,2 милиони жители помалку. Доколку проценката се оствари, тоа би било пад од 18,2 отсто. Босна и Херцеговина од 3.194.000 ќе „падне“ на 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 отсто помалку. Северна ...

За време на завршната вечер на демократската национална конвенција во Чикаго, актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис, вечерва треба и официјално да ја прифати претседателската номинација од Демократската партија за кандидатка на претседателските избори во ноември. Британските медиуми пренесуваат дека таа ќе биде кандидатката која ја претставува најбрзо растечката расна категорија во земјата, како мултирасна личност и ќерка на родители ...

Годишната стапка на инфлација во еврозоната се зголеми во јули од јунските 2,5 на 2,6 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави Евростат. Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2 отсто, а индустриските производи за 0,7 отсто, со исто темпо како и во јуни. Наспроти тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемени за четири отсто на годишно ...

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која важеше за најстарата личност на светот, почина на 117-годишна возраст, пред два дена соопшти нејзиното семејство. Геронтолошка истражувачка група, која проверува детали за луѓе за кои се смета дека имаат 110 или повеќе години, ја прогласи Брањас за најстарата личност на светот, откако минатата година почина француската калуѓерка Лусил Рендон на 118-годишна возраст, пренесуваат светските агенции. ...

Речиси три четвртини од германските компании во кои е можна работа од дома сакаат да го задржат овој модел на работа, се вели во извештајот објавен пред два дена од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. „Овие резултати го побиваат тврдењето дека се враќа трендот на работа во канцеларија“, коментира истражувачот на Институтот, Жан-Виктор Алипур. Како што е наведено, 74 отсто од германските компании сакаат да ја задржат можноста за ...

Адриен Рабио полека влегува во аналите на светскиот фудбал бидејќи по трет пат во кариерата бара клуб додека е слободен агент. Тој го напушти ПСЖ кога му истече договорот, истото го направи и со Јувентус ова лето. Тој е слободен играч од 31 јуни, а на 10 дена до затворањето на преодниот рок се уште нема клуб. И 31 август не е важен за францускиот репрезентативец бидејќи може да потпише надвор од преодниот рок, но доколку сака да игра во Европа ...

Британските научни тела ја повикаа владата да вклучи „основни искуства“ како што се јадење сладолед на стапче, санкање и копање во наставната програма за деца на возраст од три до 11 години во основните училишта. Како дел од програмата, децата ќе посетуваат градинарски центри, ќе научат за рециклирање и ќе свират на музички инструменти, објави Скај њуз. Ова е предвидено во препораките за реформа на наставната програма предложени од Кралското ...

Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа. На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив ...

Бројот на смртни случаи поврзани со топлотни бранови во Обединетото Кралство се предвидува дека ќе се зголеми повеќе од шесткратно до крајот на векот, ако светот се загрее за 3 степени Целзиусови, покажува една студија. Но, смртните случаи поврзани со студ – кои моментално се многу повисоки од оние поврзани со топлина – се предвидува да се зголемат само малку, достигнувајќи речиси 70.000 годишно до 2100 година, според анализа објавена во ...

Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт. Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Безбедносните правила за течности и гелови ...

Цените на акциите на поголемите берзи во Европа вчера главно пораснаа. Инвеститорите очекуваат низа важни настани оваа недела, вклучувајќи го и говорот на претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Нафтата поевтини, а курсот на еврото порасна. Индексот на најважните компании во еврозоната Еуростохх 50 порасна за 0,64 отсто. Во Франкфурт индексот ДАКС зајакна за 0,54 отсто, а во Париз индексот ЦАЦ 40 порасна за 0,70 отсто. Зајакна и ...

Американскиот производител на авиони „Боинг“ продолжува да се соочува со проблеми. Последниот во низата е запирањето на пробните летови на новиот широкотрупен авион од серијата „777 Х“, откако компанијата откри дефект на делот кој ги поврзува моторот и трупот. „За време на закажаната инспекција откривме компонента која не работи како што треба“, се вели во изјавата на американскиот воздухопловен гигант за француската новинска агенција АФП. Од ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел им се обратија вчеравечер на делегатите на конвенцијата на Демократската партија, каде што и дадоа поддршка на Камала Харис во трката против Доналд Трамп, велејќи дека таа е личност која сака на сите луѓе да им даде еднакви шанси. Како прв црн претседател во американската историја, Обама има голем политички углед, а на конвенцијата на Демократската партија имаше бројни ...

Иранскиот Врховен суд затвори два ограноци на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиски измами“, објави вчера доцна попладнето новинската агенција Мизан, а до тоа дојде откако Германија го забрани исламскиот центар во Хамбург. Новинската агенција објави фотографии од безбедносните сили кои го отстрануваат знакот на Институтот за германски јазик во Техеран, кој е поврзан со германската амбасада. „Дополнително, ...

Украинските пратеници вчера го отворија патот за забрана на Украинската православна црква поврзана со Русија, која Киев ја смета за соучесник во руската инвазија на Украина. Повеќето Украинци се православни христијани, но тие се поделени на огранок традиционално поврзан со Руската православна црква и независна црква, која светската православна хиерархија ја призна во 2019 година. Украинските лидери ја обвинуваат Украинската православна црква, ...

Во Аукленд, на Нов Зеланд, на бездомници и луѓе со ниски примања им беа поделени бонбони со висока доза на метамфетамин. Бонбоните, несвесна за потенцијалната опасност, ги поделила хуманитарна организација. На оваа организација, пак, и биле донирани од непознато лице. Добротворната организација сега е во потрага по пакети со храна што ги содржат бонбоните. Тоа всушност биле тврди топки од метамфетамин затворени во обвивки за бонбони. ...

Едно лице загина, а по уште шест се трага откако страшно невреме ја потопи луксузниот брод „Бајзијан“ во близина на главниот град на Сицилија, Палермо, јавуваат италијанските медиуми. Сицилијанските противпожарни и крајбрежни служби претходно соопштија дека нивните нуркачи трагаат по седум исчезнати лица, без веднаш да објават дека е пронајдено едно тело. Британскиот технолошки тајкун, Мајк Линч, е меѓу шесте исчезнати, додека неговата сопруга е ...

Американската потпретседателка, Камала Харис, има намера да предложи подигнување на стапката на корпоративниот данок на 28 отсто, од сегашните 21 отсто, доколку го победи републиканскиот противкандидат, Доналд Трамп, на претседателските избори на 5 ноември. Портпаролот на кампањата, Џејмс Сингер, рече дека тој потег ќе биде дел од „фискално одговорниот пат за враќање на парите во џебовите на работниците и да се осигура дека милијардерите и ...

На 18.08.2024 во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил ...

По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб. За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. Карим Бензема и Марсело ја заокружуваат првата тројка со 25. Синоќа во Варшава, Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по шести пат, што ...

Легендарниот француски актер Ален Делон кој почина на 88-годишна возраст пред две години изјавил дека сака да биде евтаназиран, пишува„Ле Паризиен“. Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира. – Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде што е легална. Мислам дека тоа е најлогично и најприродно нешто. Секој има право да умре без да ...

Британскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во второто овогодишно тромесечје за 0,6 отсто на квартална основа, што значи благо забавување во однос на првите три месеци од оваа година, објави денеска Британската статистичка служба. Британската економија на тој начин продолжува да расте откако на крајот на минатата година заврши во блага рецесија. БДП-то во периодот од 1 јануари до 1 април годинава порасна за 0,7 отсто, откако во третото ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
89%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1010
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.61
78%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1009
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
87%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
53%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2311

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78