Последните неколку недели беа еден од најтешките периоди за украинските вооружени сили од почетокот на војната, поради интензивните напади на руската армија врз клучната инфраструктура во Украина, објави швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“. Во анализата на весникот се наведува дека украинската страна се соочува со исклучително тешка ситуација, која е дополнително влошена од зимските услови. – Можеме отворено да зборуваме за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја изнесе својата опсесија со Гренланд на глобалната сцена на Светскиот економски форум во Давос, „вооружен“ со предлог за закуп од 99 години и закана од царини од повеќе милијарди долари. Трамп му наложил на својот тим да подготви неколку опции што Гренланд ќе ги презентира пред европските сојузници, додека Европската Унија разгледува одмазднички мерки како одговор на она што ...

Околу 1.500 активни американски воени лица се ставени во состојба на готовност за евентуално распоредување во Минеаполис, Минесота, потврдија безбедносните претставници за CBS News, по протестите во Минеаполис по пукањето во американската државјанка Рене Гуд од страна на агент на Службата за имиграција и царина (ICE). Војници од 11-та воздушно-десантна дивизија во Алјаска би можеле да бидат распоредени доколку претседателот Доналд Трамп ...

Руското Министерство за одбрана денес објави дека се уништени вкупно 92 украински беспилотни летала во шест региони. Според руското Министерство за одбрана, над Белгородската област се уништени 31 беспилотно летало, над Саратовската област 29, над Воронежската област 25, над Брјанската и Тамбовската област по три и над Курската област по еден, објави „Интерфакс“. За да се обезбеди безбедноста на летовите, Росавијација воведе ограничувања на ...

Украина почна активно да користи копнени роботски системи на фронтот за да го компензира недостигот од персонал во армијата, пишува британски „Телеграф“. Според весникот, вооружените сили на Украина на истокот од земјата сè повеќе користат беспилотни копнени борбени возила, вклучувајќи го и роботот наречен DevDroid TW 12.7. Ова е систем со големина на косачка за трева, опремен со тежок митралез со голем калибар, кој може да се контролира од ...

Седум лица загинаа, а неколку други се ранети во експлозија пред кинески ресторан во населбата Шахр-е-Нав во Кабул, каде што живеат претежно странци, соопштија болничките власти. Kabul Explosion Targets Chinese Residence A newly obtained video shows that the explosion occurred next to a hotel with Chinese inscriptions on its entrance. Eyewitnesses say the location was a hotel housing Chinese nationals, and the blast was so powerful that it ...

Европа цврсто стои на поддршка за зачувување на суверенитетот на Кралството Данска и Гренланд, изјави денес претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека Европската Унија (ЕУ) секогаш ќе ги штити своите стратешки економски и безбедносни интереси. – Ќе одговориме на овие предизвици за европската солидарност со смиреност и решителност, напиша фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X. Претседателката ...

Поголем број дански борбени трупи, опишани како „значаен придонес“, треба да пристигнат во Кангерлусуак, Гренланд. Данските вооружени сили ја потврдија оваа информација за данската телевизија ТВ 2. Како што објави ТВ 2, командантот на данските копнени сили, Питер Бојсен, исто така ќе пристигне во Гренланд со групата. Се очекува пристигнатите војници да учествуваат во зајакнувањето на контингентот на данските сили кои моментално се ...

Алијансата за Албанците чувствува јавна и институционална обврска силно да реагира на сериозните информации кои кружат во јавноста, според кои Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за внатрешни работи, подготвува законски измени и нова систематизација на работните места кои директно и штетно го нарушуваат институционалниот статус на градовите Струга, Дебар и Кичево, истакна на денешната прес-конференција Њомза Асани ...

По месеци санкции, денес беше продаден рускиот удел во Српската нафтена индустрија. – МОЛ и Гаспромнефт се согласија за условите на идниот договор, а таков договор ќе биде испратен до ОФАК. Србија успеа да ја подобри својата позиција, односно да го зголеми своето учество во НИС за 5 проценти, изјави министерката за рударство Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Како што дознава „Бизнис Курир“, Нафтената индустрија на Србија (НИС) наскоро ќе има нов ...

Германскиот канцелар и лидер на Христијанско-демократската унија (CDU), Фридрих Мерц, нагласи дека Гренланд и Данска можат да сметаат на солидарноста на Германија, додека го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не ги спроведува заканите со царини, објави Гардијан. Во своите воведни зборови, тој веднаш зборуваше за Трамп, царините и Гренланд, нагласувајќи дека „светот е во состојба на промени и ние мора да се прилагодиме на ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија Опен, откако денес во Мелбурн го победи Шпанецот Педро Мартинез со 6:3, 6:2, 6:2 во првото коло. Српскиот тенисер со денешниот триумф стигна до својата 100-та победа на Австралија Опен. Тој победи 101 пат на Ролан Гарос, 102 на Вимблдон и 95 на САД Опен. Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Мартинез траеше два часа. Ѓоковиќ е четвртиот тенисер во светот, додека ...

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се запраша јавно дали Европа конечно го разбрала значењето на слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“. – Да ја направиме Америка повторно голема (MAGA) = Да ја направиме Данска повторно мала (MDSA) = Да ја направиме Европа повторно сиромашна (MEPA). Дали конечно ја разбравте оваа идеја, кретени?, напиша Медведев на социјалната мрежа X. Претседателот на САД, ...

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднесе до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил. Алиу посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во ...

Премиерот Мицкоски треба да каже зошто спиеше две години и ништо не исполнија од реформската агенда, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потсети дека Мицкоски со досегашните политики покажа дека целосно ја закочи европската иднина на државата. „Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар. „Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и ...

Дваесет и четиригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин. Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени се пријавени за фаќање на крстот што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп несомнено ќе влезе во светската историја ако Гренланд се придружи на САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на денешниот брифинг за медиумите, коментирајќи ги изјавите на Трамп во врска со Гренланд. – Тука веројатно можеме да го оставиме настрана дали е добро или лошо, дали е во согласност со параметрите на меѓународното право или не. Постојат меѓународни експерти кои веруваат ...

Две лица беа убиени во пукотница во чешкиот град Хрибска. Според првичните информации, една жена е убиена во градското собрание, додека најмалку четири лица се повредени. Според полицијата, напаѓачот е убиен. Полицијата објави на социјалната мрежа X дека извршила операција во градот Хрибска. Тие исто така изјавија дека три лица и еден полицаец се повредени. „Зградата е безбедна! Во овој момент можеме да потврдиме дека една жена и сторителот ...

Не мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена акција во Гренланд, изјави денес британскиот премиер Кир Стармер. Зборувајќи на Даунинг стрит 10, Стармер рече дека времињата се „многу потурбулентни“, но исто така ја повтори важноста на односот со Соединетите Американски Држави. Тој рече дека „несомнено“ ќе разговара со Трамп во наредните денови, додавајќи дека „не е во ред“ Велика Британија да избира помеѓу САД и ...

Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија. По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице. ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро. – Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота. Водици носи ...

Мартин Гоџо од охридски Варош е најсреќен учесник на празникот Богојавление – Водици, откако го фати Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. Не е првпат Гоџо да биде прв меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот крст, а оваа година во чествувањето учествуваа голем број верници од Охрид и околните места. За првпат осветувањето на водите и положувањето на Чесниот крст го изврши новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката Георгиј. Тој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе со кое го информира дека „не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“. „Драг Јонас, со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако сопрев најмалку осум војни, повеќе не се чувствувам обврзан да ...

Денес беа хакирани неколку ирански државни телевизиски канали, а за време на емисиите беа пуштани снимки од протести и повици од протераниот Реза Пахлави до граѓаните да се приклучат на протестите и до војската да застане на страната на демонстрантите. #BREAKING Several Iranian state TV channels carried on the Badr satellite were hacked on Sunday, broadcasting footage of protests along with calls by Iran’s exiled Crown Prince Reza Pahlavi ...

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип, – 4, Претор, – 3, Струмица, Охрид, Кавардарци, Тетово и Битола – 2, Демир Капија -1, а во Гевгелија 1 ...

Најмалку 39 лица загинаа, а 73 се повредени кога два брзи возови излетаа од шините во градот Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Претседателот на андалузиската влада, Хуанма Морено, изјави дека 24 лица се во сериозна состојба и не ја исклучи можноста бројот на жртви да се зголеми бидејќи еден од вагоните е „многу оштетен“. Во несреќата се повредени и четири малолетници, додека 170 лица со полесни повреди се згрижени во теренска ...

Основното јавно обвинителство од Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство. Обвинителството тврди дека при семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, сега осомничениот се обиде да ја убие сопствената баба. „На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата ...

Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. ...

ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок се линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови. – ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1011
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
9.26
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
92%
1008
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
9.26
67%
1015
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
4.52
89%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
98%
1007
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
79%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1009
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
5.66
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
78%
1011
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
73%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2677.51

Цинк

3.29

Злато

163216.16

Алуминиум

3.07

Платина

68416.79

Родиум

334367.76

Калај

46.04

Бакар

11.84

Кобалт

64.04

Паладиум

55363.59

Иридиум

215504.98

Рутениум

45750.51