
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско почина, откако удри во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата. – Во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки. Во врска со можноста за интерпелација на уставен судија, Судот веќе официјално има соопштено став на 13 март 2025 година, информираат од Уставниот суд, по најавеното барање за интерпелација на претседателот на Уставниот суд. Во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Уставниот суд во март годинава, излезе со став дека ...
Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и какошто рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот. -Ребалансот на буџетот треба да се најде ...
Навреме е и позитивно е одговорено од Министерството за финансии за вработувањата во тетовската болница, рече денеска, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција. Таа посочи дека во Министерството за финансии секое барање се евидентира, архивира и за кој било предмет може да се побара информација и порача до здравствените институции да ја почитуваат процедурата при барање на согласности за вработување. ...
Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година, со што стана 21-ва членка на еврозоната, објави денес Европската комисија. Официјалната одлука за влез на Бугарија во Еврозоната треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на 8 јули, но не се очекува противење, бидејќи Софија ги исполнува сите технички критериуми. Европската централна банка, исто ...
Пратеничката група на Европскиот фронт вчера до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. Пратеникот Илир Хасани денеска на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на ...
Зошто од истрагата за трагедијата во Кочани е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани. Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија, праша на прес конференција Мартин Костовски од СДСМ. – Како е можно и покрај сите информации кои ...
Фактите говорат дека буџетот е пред целосен крах. Повратот на ДДВ за фирмите не се враќа. Фирмите, од најголемите извозници до малите бизниси, немаат поврат и ги трпат последиците. Немаат ликвидност, немаат пари за плати, се задолжуваат. Ова е прв јасен индикатор дека во државната каса нема пари, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. – Доцнат плати во институциите. Вработените во образование, култура, дури и во дел од јавната ...
Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово. Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност, рече на прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – По заминувањето на ...
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Мармарис во југозападната турска провинција Мугла во вторникот вечерта. Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови од земјата, а според официјалните информации повредени се 69 лица, додека 14-годишното девојче Афранур Гунлу го загубило животот поради паника предизвикана од потресите. Според Управата за управување со катастрофи и вонредни ...
Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни. Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 ...
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не го прифати предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на денешната седница да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и ...
Судскиот совет на РСМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка. – Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски. Во врска со ...
Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на ...
Откривањето на незаконските активности на раководството на влен, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето: ВМРО-ДПМНЕ ги создаде и ги избра токму затоа што се уценливи и контролирани преку отворени досиеја во обвинителството кое е целосно под контрола на власта. Во Општина Чаир, изградбата на над 150 дивоградби – без дозволи, без сеизмички и статички стандарди и без каков било институционален надзор – претставува ...
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот. – Ова е ...
Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад врз засолништето во западниот дел на Кан Јунис се искачи на 12, соопштија спасувачите и здравствените власти. Махмуд Басал, портпарол на агенцијата за цивилна одбрана, управувана од Хамас, и службеник во болницата Насер во Кан Јунис, велат дека 12 тела се извлечени откако биле погодени два шатори во кои биле сместени раселените семејства во училиштето. Претставникот на болницата вели дека уште ...
Полицијата вчера изврши претрес во внатрешноста на напуштена рурална зграда која е во фокусот на последната потрага по исчезнатото британско девојче Медлин МекКен. Зградата е во јужна Португалија, на само неколку километри од Праја да Луз, каде исчезна девојчето. Претресот, предводен од португалската полиција во соработка со германските истражители, е дел од новата операција чија цел е да се најдат докази кои би можеле да го поврзат Кристијан ...
Американските тарифи за повеќето увезени челик и алуминиум ќе се удвојат денеска, во денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за други стоки на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша извршна наредба со која стапува во сила минатонеделната ненадејна објава дека царините за челик и алуминиум воведени во март ќе бидат зголемени од 25 на 50 отсто. ...
Американските тарифи за повеќето увезени челик и алуминиум ќе се удвојат денеска, во денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за други стоки на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша извршна наредба со која стапува во сила минатонеделната ненадејна објава дека царините за челик и алуминиум воведени во март ќе бидат зголемени од 25 на 50 отсто. ...
Градноначалничката на Скопје Данела Арсовска тврди дека добила информации за договор во власта за како што вели „креирање хаос во Скопје преку јавните претпијатија“. Според неа целта е да се дефокусира од легализацијата на дивоградбите во Чаир за кои таа зборува во последниов период. – Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје. Ќе ...
Повредените во најголемата трагедија која се случи во Кочани, како и нивните семејства, речиси секојдневно алармираат за проблемите со кои се соочуваат во бирократскиот и руиниран систем. Последниот аларм на повредените е поради фактот што истите се оставени без надоместок за време на привремена спреченост за работа поради медицинско лекување, бидејќи немаат шест месеци стаж, велат од Левица. – За Левица е скандалозно што Фондот за здравствено ...
Градноначалничката на Скопје Данела Арсовска тврди дека добила информации за договор во власта за како што вели „креирање хаос во Скопје преку јавните претпијатија“. Според неа целта е да се дефокусира од легализацијата на дивоградбите во Чаир за кои таа зборува во последниов период. – Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје. Ќе ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на заканата од Белорусија, чиј авторитарен лидер Александар Лукашенко се смета за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. „Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија во Белорусија ова лето“, им рече Зеленски на новинарите во Вилнус, Литванија. Неговите коментари уследија откако владата во Минск објави дека стратешките воени вежби Запад-2025, што ги организира ...
Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешната седница треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Во документот се потсетува на потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и ...
Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во циркусот на меѓусебни обвинувања и политикантство креирано од заедничката коалиција ДУИ, СДС и Левица која единствена задача има да ја одржи во политички живот Данела Арсовска. Вистината е дека со една седница на Совет нема да се реши проблемот со дивоградбите креиран триесетина години порано. Дополнително што Арсовска се сети за овој проблем 4 месеци пред крајот на мандатот, откако 4 ...
Ја поздравуваме изненадената искреност на СДС: барем еднаш јавно признаа дека македонската економија расте. Проблемот е што не можат да поднесат што тоа се случува затоа што повеќе го нема нивниот хаос, корупција и неспособност. Кога економијата тоне, виновна тогаш беше опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Сега, кога економијата расте и Македонија е во топ 5 најбрзорастечки економии во Европа, одеднаш им текна дека тоа е нивна заслуга?! Е па, или е ваш ...
Денес требаше да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје во врска со дивоградбите во Чаир и другите општини. За тоа што се случи во Советот денеска, театар е мал збор. Најпрво не се изгласа оправданоста за одржување на вонредната седница затоа што немаше мнозинство – ДПМНЕ, ДУИ и ЗХГ гласаа воздржано, но на поединечното гласање ЗХГ гласаа ЗА, па се обезбеди мнозинство за да започне седница. Но, веднаш потоа кога се гласаше дневниот ...
Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на седница на Советот на град Скопје тоа стана кристално јасно. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес ја повлекоа сопствената точка за дискусија од дневниот ред на Советот на град Скопје бидејќи доцна забележаа дека во нивната предложена точка имаат побарано дискусија за „дивоградби во општина Сарај и други општини во ...