Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани поднел приватна кривична тужба против осум лица и други непознати лица од Кочани за оштетување на туѓи предмети. Во тужбата станува збор за оштетувањата на кафе барот „Класик“, исто така сопственост на Јованов, што настанаа на протестите на 17 март лани, еден ден по трагичниот настан со пожарот во дискошталата „Пулс“ во која животот го загубија 62 лица, а ...
Илјадници жители на Гренланд, придружени од владини претставници, маршираа низ главниот град Нук во саботата во знак на протест против заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на територијата. Во Нук, луѓето почнаа да се собираат од раните попладневни часови, скандирајќи: „Гренланд им припаѓа на жителите на Гренланд“. Протестот привлече голем број посетители, вклучувајќи го и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик ...
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до ...
„Матица македонска“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од една од најавтентичните и најактуелните српски писателки Зорана Шулц, во превод на македонски јазик. Романот за којшто претходнаѕа година се чекаше и во редици по неговото појавување, веќе е достапен и на македонските читатели. Станува збор за продолжение на бестселерот „Вкусот на гревот“ со којшто претходно, Шулц ги рушеше рекордите во регионот, потврдувајќи се како една од ...
Во 2025 година, САД се обиделе да соберат податоци за воените инсталации, пристаништата и воздухопловните бази во Гренланд, заобиколувајќи ги официјалните канали во Копенхаген. Овој потег предизвикал загриженост во данското Министерство за одбрана и военото раководство, покажуваат досега непознатите дански одбранбени документи. САД побарале информации за „пристаништата“ и „местата на слетување“ во Гренланд. Според документите, американската ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини во врска со Гренланд се неприфатливи и дека доколку бидат потврдени, Европа ќе одговори на координиран начин. France is committed to the sovereignty and independence of nations, in Europe and elsewhere. This guides our choices. It underpins our commitment to the United Nations and to its Charter. It is on this basis that ...
Лидерот на албанската опозициска, Демократска партија и поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша, ситуацијата во земјата ја оцени како „драматична“, обвинувајќи ја владата за поплавите и неуспешното справување со природните вонредни состојби. На состанокот на пратеничката група на ДП, Бериша рече дека Албанците и меѓународните партнери очекуваат опозицијата да ја реши кризата. – Сите пријатели на Албанија во Европа и во светот ...
Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Обврската важи за оние ...
Американскиот претседател – Доналд Трамп се закани со повисоки царини за државите кои не го поддржуваат неговиот план САД да преземат контрола врз Гренланд. „Можам да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“ – изјави Трамп. Тој истакна дека само САД, под негово водство, можат ефикасно да ја гарантираат безбедноста на Гренланд и поширокиот регион, додавајќи дека ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ е „многу цврста во одбраната на меѓународното право“ кога беше прашан за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се координира одговорот на ЕУ за тоа прашање. „Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува на територијата на ...
Хрватската ракометна репрезентација ја победи Грузија со 32:29 во првото коло од Групата Е на Европското првенство во Малме, Шведска. Хрватска потешко од очекувањата го победи аутсајдерот во групата, кој водеше во неколку наврати и се држеше во игра до самиот крај. Најефикасни во хрватската репрезентација беа Марио Шоштариќ со осум гола и Лука Циндриќ со шест гола, додека најдобри стрелци за Грузија беа Ѓорѓи Човребадзе со седум гола и ...
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес објави дека објавувањето на составот на Извршниот комитет за Газа, тело подредено на Мировниот комитет, не било координирано со Израел и е спротивно на официјалната политика на израелската влада. Оваа реакција претставува редок јавен раскол меѓу Израел и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, според „Тајмс оф Израел“. Белата куќа претходно ги назначи ...
Најмалку седум лица се повредени денес во руските напади врз индустриската зона Харков, како и врз Семеновка во Черниховската област, објавија локалните власти. Шефот на административниот округ Новгород-Сиверски – Александар Селиверстов, во објава на Фејсбук изјави дека четири лица се повредени во нападот на руски дрон врз Семеновка, пренесува Укринформ. „Околу пладне на 17 јануари, непријателот нападна станбена зона во Семеновка со јуришен ...
Ливерпул си дозволи она што не требаше да го направи, а тоа е да испушти бодови против Барнли дома. Резултатот на „Енфилд“ беше 1:1. „Црвените“ го израмнија четвртиот нерешен резултат по ред и сега се далеку од шанса за титулата, бидејќи заостануваат 13 бода зад Арсенал со натпревар помалку. Можеби ова беше и последниот натпревар што Арне Слот го водеше на клупата на англискиот клуб. Ливерпул беше поконкретен, тоа дури и не беше доведено во ...
Пет лица загинаа денеска за време на лавини во Понгау, Австрија. Тие загинаа во областа Шмуглерсхарте во близина на Бад Хофгаштајн и во областа Финстеркопф во Гробарлтал, потврди Планинската спасувачка служба, јавува австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF. „И покрај јасните и повеќекратни предупредувања, бројни лавини повторно се случија – за жал со фатален исход“, потврди регионалниот раководител на Планинската спасувачка служба Понгау, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди против зголеменото вклучување на Европа во војната во Украина, нагласувајќи дека главната цел на неговата влада е да спречи вклучување на Унгарија во конфликтот и да го зачува мирот преку стратешка воздржаност и добро осмислена надворешна политика, пренесува Анадолу. Зборувајќи на антивоен митинг во Мишколц, Орбан се осврна на историското вклучување на Унгарија во две светски војни. Тој нагласи ...
„Комитетот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп за повоена Газа почна да се оформува во саботата, а лидерите на Египет, Турција, Аргентина и Канада беа поканети да се приклучат. Најавите од овие лидери дојдоа откако американскиот претседател ги назначи својот државен секретар Марко Рубио, поранешниот британски премиер Тони Блер и високите преговарачи Џаред Кушнер и Стив Виткоф во одборот. Трамп веќе се прогласи за претседател ...
ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. – Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, се наведува во информацијата објавена на ...
„Као какао“ е насловот на првиот македонски мјузикл на музика на гитаристот Влатко Стефановски, кој премиерно ќе биде изведен во мај, во копродукција на „Баги комуникации“ и Македонскиот народен театар. Текстот за мјузиклот е напишан од Венко Андоновски, режисер е Дејан Пројковски. Засега во план е мјузиклот да има 19 композиции на Стефановски и групата „Леб и сол“, кои ќе бидат изведени во нови аранжмани направени од Бобан Мирковски. ...
„Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата. Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат ...
Францускиот претседател – Емануел Макрон се појави вчера носејќи очила со сини рамки за време на состанокот во Елисејската палата за институционалната иднина на Нова Каледонија, објавува „Ле Паризиен“. „Ве молам извинете за овие очила, кои се поврзани со мал проблем. Ќе морам да ги носам некое време, па ќе мора да ме трпите во оваа состојба“, рече Макрон. Еден ден претходно, Макрон се појави со црвенило во десното око за време на ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија значајна победа со резултат од 2:0 над градскиот ривал Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ во натпреварот од 22-то коло од англиската Премиер лига. Брајан Мбеумо во 65-тата минута, а Патрик Доргу во 76-тата минута беа стрелците за победа. Јунајтед сега скокна на четвртото место и има 35 бода, осум помалку од второпласираниот Сити. Тоа беше деби на Мајкл Карик на клупата на Јунајтед во улога на ...
Во главниот град на Данска, Копенхаген, денес се одржа протест против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е данска автономна територија, а илјадници луѓе учествуваа на митингот. Демонстрантите се собраа пред Градското собрание во Копенхаген, а планиран е марш до Американската амбасада, објави „Гардијан“. Други собири треба да започнат во Гренланд и во други делови на Данска. ...
„Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани“ соопштија ...
Сообраќајната полиција во Србија денеска околу пладне запре четириесет и едногодишен германски државјанин на подрачјето на општина Рума, кој управуваше „бмв“ со германски регистарски таблички со брзина од 238,9 километри на час, на делот од автопатот Рума – Шабац каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Министерството за внатрешни работи соопшти дека возачот е исклучен од сообраќај и дека против него е поднесена ...
Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10. овој месец во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера, пак, во 09:20 часот во СВР ...
„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат ...
Индонезиски авион од типот ATR 42-500 со вкупно 11 лица на бордот исчезна во близина на градот Макасар. Според извештаите на локалните медиуми и податоците од системите за следење на летови, на планина во близина на местото каде што е изгубен контактот наводно се забележани остатоци од леталото, пишува News18.com. Авионот му припаѓа на индонезиското Министерство за поморство и рибарство, а во него се наоѓале осум членови на екипажот и три ...
МВР информира дека вчера попладне во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А.(34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Се преземаат мерки за ...