Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата. До денеска се издаваат и лекарските потврди од ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, незаконски поседувал автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 mm Para соодветна за испалување од тоа автоматско ...

НАТО треба да се координира и да се обедини околу Гренланд, а не да се дели, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за заземање на Гренланд, објави Анса. Франција, Германија, Норвешка и Шведска испратија војници на арктичката територија за да ги одвратат заканите на американскиот претседател, а имаше и сугестии дека Италија би можела да им се придружи, ...

Солзавец и шок бомби беа употребени против демонстрантите пред федералната зграда „Бишоп Хенри Випл“ во близина на Минеаполис, додека федералните службеници за спроведување на законот се обидуваа да ги расчистат од влезот на зградата, објави денес CNN. Инцидентот се случи откако демонстрантите клоцаа и удираа возила што влегуваа и излегуваа од зградата. Колона службеници од царинската и граничната заштита се движеа по влезот, туркајќи ги ...

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и функционер од милитантната група Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во серија израелски напади низ Газа, соопштија локални извори. Локалните служби за итни случаи и жителите објавија дека висок член на Исламски џихад, Ашраф Ал-Хатиб, е убиен во Нусејрат, а полицаец од Хамас во градот Газа. Извор на Хамас изјави дека локалниот командант, Мохамед Ал-Холи, е убиен ...

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека Венецуела има право да има односи со сите земји во светот, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина. – Венецуела има целосно право да одржува дипломатски односи со сите народи во светот и со САД со меѓусебно почитување и во согласност со меѓународното право, нагласи таа во своето годишно обраќање до нацијата, oбјави јавниот сервис на Венецуела VRV. Таа нагласи дека дипломатските ...

Иранскиот престолонаследник во егзил, Реза Пахлави, изјави дека идниот Иран под негово водство веднаш ќе го признае Израел, ќе го прошири Аврамовиот договор во она што тој го нарече „Киров договор“ и ќе ја прекине воената нуклеарна програма. Тој ја изложи визијата за Иран по падот на Исламската Република. To all of our friends around the world, Under the yoke of the Islamic Republic, Iran is identified in your minds with terrorism, ...

Заменик-постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации го предупреди Советот за безбедност на ОН дека растечките тензии околу Иран се закануваат да го турнат Блискиот Исток во конфликт. Тој ги повика САД да се воздржат од закани со сила и сите страни да покажат воздржаност. – САД продолжуваат да даваат изјави за ситуацијата во Иран и отворено се заканија дека ќе употребат сила против Иран, изјави Сун Леи пред Советот за безбедност и ...

Лидерите на Велика Британија и Франција, Кир Стармер и Емануел Макрон, имаат намера да добијат поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за нивната идеја за испраќање војници во Украина по завршувањето на конфликтот, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори. – Без САД, ништо од ова нема да се спроведе…Ставот на Доналд Трамп сè уште не е јасен ги цитира весникот претставниците на ЕУ, осврнувајќи се на плановите на Лондон и ...

Иако плановите на САД за Гренланд се целосно намерни, повлекувањето на Антарктикот изгледа случајно. Додека Доналд Трамп се бори да го контролира Арктичкиот Гренланд, прашањето е дали тој го губи влијанието на другата страна од светот од ривали како Кина, пишува Скај њуз. – Предложените намалувања на истражувањата поврзани со климата, кои опфаќаат голем дел од активноста на брзото топење на Антарктикот, се „катастрофални“, вели професорот ...

Заменик-постојаниот претставник на Иран во ОН, Голамхосеин Дарзи, рече дека ИСИЛ (ИСИС) извршила дел од насилството насочено кон цивили и безбедносни лица во Иран. „Денес зборувам во име на една нација во жалост“, изјави иранскиот претставник пред Советот за безбедност на ОН. – Сакам да изразам најдлабоко сочувство и сочувство со тешко и тажно срце до храбрите луѓе на мојата земја и семејствата на многуте жртви, изјави Дарзи. Дарзи ги ...

Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година. Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица. Доаѓаат таканаречените „економски работници“, велат од СДСМ. „Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Се беше подготвено, сега само се реализира ...

Русија ги обвини Соединетите Американски Држави дека дејствуваат за ескалација на тензиите и поттикнување „хистерија“ околу Иран на вонредна седница на Обединетите нации. Зборувајќи пред Советот за безбедност, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, рече дека Вашингтон дури и не се обидел да ги скрие она што тој го нарече вистински причини за неговата наводна загриженост за внатрешнополитичката ситуација во Иран, додека се заканува со ...

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражителите од Истражниот центар при Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, извршија претреси на 16 локации низ државата. Акцијата, како што информираат од Обвинителството, се одвивала вчера до доцните вечерни часови, при што биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, ...

Новото задолжување преку издавање на еврообврзница од една милијарда евра предизвика оправдана загриженост и силни реакции во јавноста, бидејќи повторно се избира модел на финансирање што ја префрла цената на денешните политики врз идните генерации, затоа што веќе знаеме дека значаен дел од овие средства ќе се користи за отплата на стара еврообврзница, а не за нови развојни инвестиции. Иако Владата го оправдува задолжувањето со ʼповолниʼ ...

Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е ...

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано ...

Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на САД во врската со новите критериуми за издавање визи за влез во САД. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските визи. ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени некаде околу ...

Видовме 24 часовен молк на премиерот Мицкоски којшто го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да го видиме, денеска го очекуваме да се појави. Тоа не е случајно, требаше да даде одговор за тоа зошто САД не стави на листа. Ако некој може да даде одговор тоа е сигурно другарот од периметарот, нашиот премиер којшто не убедува 2 години колку блиски пријатели се. Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата ...

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано ...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8. Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка ...

За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник и вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда, пак, повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени Целзиусови, ...

Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост ...

Европските претставници и дипломати водат доверливи разговори за тоа како да се му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп околу Гренланд, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори. Прашањето, наводно, е многу чувствително, кое се дискутира во неколку европски престолнини, далеку од очите на јавноста. Иако преовладува верувањето во европските кругови дека секој отворен вооружен конфликт меѓу САД и која било ...

Архивските документи потврдуваат дека Советскиот Сојуз не бил вмешан во атентатот врз поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, изјави Андреј Артизов, директор на Руската федерална архивска агенција. Во октомври минатата година, на барање на Ана Паулина Луна, американска конгресменка, руската амбасада предаде материјали на Федералниот архив врз основа на декласифицирани советски документи за атентатот врз Кенеди. Како што изјави ...

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под ...

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека земјата ќе одржи предвремени парламентарни избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада. Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата исто така го отфрли барањето, станувајќи трета партија што го стори тоа оваа недела, објавува Ројтерс. „Одиме на избори“, рече Радев. Бугарската телеграфска агенција (БТА) ...

На барање на Данска, неколку европски членки на НАТО се подготвени да испратат ограничен број војници во Гренланд, објавуваат западните медиуми. Седум европски земји ја потврдија својата подготвеност да учествуваат во оваа иницијатива, а планирано е да се испратат вкупно нешто повеќе од 30 војници. Проценките покажуваат дека околу 34 припадници на вооружените сили би можеле да бидат испратени во Гренланд во блиска иднина. Според извештаите, ...

Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија. Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
9.26
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
8.75
67%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.87
84%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
65%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
73%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Злато

163216.16

Платина

68416.79

Бакар

11.84

Алуминиум

3.07

Сребро

2677.51

Рутениум

45750.51

Родиум

334367.76

Калај

46.04

Иридиум

215504.98

Паладиум

55363.59