Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во брзо менувачкиот свет, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Се наоѓаме на раскрсница. Европа претпочита дијалог и решенија, но ние сме целосно подготвени да дејствуваме, доколку е потребно, со единство, итност и решителност, рече фон дер Лајен, објави Ројтерс. Таа истакна дека „во овој свет на растечко беззаконие, на Европа ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека нема јавно да коментира за тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници околу барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд, автономна данска територија. – Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам да го направам тоа јавно, рече Руте, објави Ројтерс. Тој рече дека Трамп бил во право кога рекол дека Арктикот мора да ...

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е една од патниците кои се придружија на патувањето до Антарктикот организирано од хрватскиот авантурист Кристијан Иличиќ. Иличиќ веќе пристигна со својот тим на својот седми континент, а сега сподели видео од Колинда Грабар-Китаровиќ како одлучува да скокне во леденото море на својот Фејсбук профил. – Колинда Грабар-Китаровиќ денес покажа како изгледа вистински поларен лик. ...

Франција го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека го принудил францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми цената на лековите што се издаваат на рецепт. It’s being claimed that President @EmmanuelMacron increased the price of medicines. He does not set their prices. They are regulated by the social security system and have, in fact, remained stable. Anyone who has set foot in a French pharmacy knows this. ...

Иранската државна телевизија го објави првиот официјален број на жртви во неодамнешните протести, наведувајќи дека се убиени 3.117 лица, додека министерот за надворешни работи Абас Арагчи упати директна закана до САД. Во соопштението за медиумите на Фондацијата на мачениците се наведува дека 2.427 од вкупниот број на загинати се цивили и членови на безбедносните сили, без детално објаснување за другите, пишува АП. За разлика од официјалните ...

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, денес на собраниската седница за прашања од опозицијата упати пратеничко прашање до министерката за енергетика, Сања Божиновска, со кое побара јасен одговор за состојбата со државната компанија ЕСМ и нејзиниот рекорден долг. – Колку е точниот долг на ЕСМ? Пред една година зборувавме за 183 милиони евра, а денес зборуваме за 250 милиони евра долг. Што направивте вие во изминатата година, за да го ...

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел ...

Европската Унија официјално го запре процесот на формално одобрување на трговскиот договор постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се закани дека ќе воведе царини за Гренланд, објави NBC News. Бернд Ланге, претседател на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, изјави дека поради заканите против Гренланд, Данска и нивните европски сојузници, ЕУ немаше друг избор освен да ја суспендира работата на ...

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и ...

Кога точно, односно кога надоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори? беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната седница за прашања од опозицијата во Собранието. Мојсоска алармираше за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го спомена Исланд неколку пати за време на својот говор на Светскиот економски форум во Давос, додека зборуваше за Гренланд. Trump is now confusing Greenland and Iceland: "They're not there for us on Iceland, that I can tell you. Our stock market took the first dip yesterday because of Iceland. So Iceland has already cost us a lot of money." pic.twitter.com/Iu9CI6M2ku — Aaron Rupar (@atrupar) January ...

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 16:11 часот, во областа на западна Турција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 23 км од градот Гордис. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11,6 километри под површината на земјата. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го спомена Исланд неколку пати за време на својот говор на Светскиот економски форум во Давос, додека зборуваше за Гренланд. Во еден момент, тој рече дека НАТО „го сакаше сè до пред неколку дена кога им кажав за Исланд“, објави CNN. Подоцна рече дека одбранбената алијанса „не е таму за САД на Исланд“. Во еден момент, тој рече дека „берзата вчера падна за прв пат поради Исланд“. „Значи, Исланд веќе нè ...

Адвокатот Скендер Мехмеди, бранител на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Мухсин Арифи и на Блерим Амити, вработен во установата, изрази незадоволство од пресудата за двајцата обвинети во случајот „Геријатрија“ и најави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје. – Не сум задоволен од висината на казната која што беше изречена за двајцата обвинети и следствено на тоа, наше ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ја коментираше ситуацијата со Гренланд на економскиот самит во Давос, а потоа конечно откри дали САД ќе употребат сила за да го преземат островот. – Никогаш ништо не сме барале, ниту сме добиле, а можеме, ако употребам сила. Но, нема да употребам сила. Само го бараме Гренланд, кој претходно беше наш, рече Трамп. Потоа повтори дека САД не добиле ништо од НАТО, освен заштита на Европа и ...

Истрагата за апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е покрената кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ почнала од пријавени наоди за судии во апелација, а потоа следеле и други настаните, кои довеле до изградба на случајот. Како што брифираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Согласно член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК, рече ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа во говорот на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека европските земји, според него, одат во погрешна насока и се одговорни за сопствениот пад. „Можеме да се расправаме, но нема аргумент“, рече Трамп, додавајќи: „Не го признавам тоа, и не на позитивен начин, туку на негативен начин“. Тој продолжи: „Ја сакам Европа, но… не оди во вистинската насока“. Трамп ја обвини ...

„Длабоко ни е грижа за Европа. Ужасно е што прават“, рече Доналд Трамп во својот говор во Давос. „Имам многу почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Ја видовме Данска како паѓа во 6 часот во Втората светска војна. Тие немаа шанса, а се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче ...

Како што усвојувањето на криптовалутите се забрза во 2025 година, така и измамите и финансиските злоупотреби еволуираа со исто темпо. Поттикнати од вештачка интелигенција, социјален инженеринг и сè пософистицирани тактики, современите измами ги разоткрија ограничувањата на традиционалните, реактивни безбедносни пристапи. Како одговор, Binance го пренасочи својот фокус — од едноставно спречување измами кон изградба на постојано адаптивна ...

Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите, како и протестот што ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од целиот регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген-зоната. Новите правила ѝ штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе бидат транспортниот сектор и челичната индустрија – одговори ...

Во Министерството за внатрешни работи пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака, наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, каде се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен мејл, бидејќи наводно, примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, што ги нема сторено – како детска порнографија, педофилија и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Швајцарија и е на пат кон Светскиот економски форум во Давос. Трамп ќе одржи говор таму. Неколку европски лидери го напуштија Давос пред неговото пристигнување. Меѓу нив се Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен. Во исто време, средбата на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц е исто така откажана, објави Ројтерс. Технички проблеми во претседателскиот авион беа наведени како причина. ...

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, коментираше дека премиерот Мицкоски ја свел политиката во земјата на ниво на таблоидски објави. Според Филипче, наместо конкретни решенија за економските и социјалните проблеми, се објавуваат изјави и афери кои, како што рече, го одвлекуваат вниманието од суштинските прашања. – Ќе објават една лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во ...

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува ...

Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија апелира на зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за ...

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) ...

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9,4 %, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 % и Трговија на големо ...

Германија одамна е една од главните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри услови за живот и работа. Според најновите податоци од Централниот регистар на странци (AZR), во оваа европска земја живеат 161.044 македонски државјани, со што Македонија се најде меѓу 25-те земји со најбројна дијаспора во Германија. Во земја со над 14 милиони странци, Македонците се 22. по бројност, веднаш зад Кина и Иран, а пред Виетнам. Податоците ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
9.26
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
8.75
67%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.87
84%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
65%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
73%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55363.59

Иридиум

215504.98

Злато

163216.16

Бакар

11.84

Сребро

2677.51

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Калај

46.04

Алуминиум

3.07

Родиум

334367.76

Кобалт

64.04

Платина

68416.79