Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Украинската фракција на партијата Европска солидарност ја блокираше говорницата на Врховната рада, барајќи оставка од владата и средба со Володимир Зеленски. – Погледнете колку почист стана воздухот во Врховната рада кога ги искоренија Јермаците од тука. Не сум бил во претседателската канцеларија 6 години, но се надевам дека овие процеси започнаа и таму и дека воздухот таму стана почист. Ова е неопходен, но не и доволен услов. Земјата е во ...
Директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив, Стефано Санино, беше уапсен денес во Белгија како дел од истрагата за наводна финансиска измама поврзана со финансирањето на Колеџот на Европа во Бриж, а уапсена е и директорката на таа високообразовна институција, Федерика Могерини, дознава EurActiv од извори запознаени со истрагата. Санино, поранешниот генерален секретар на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби. „Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од ...
Средбата меѓу специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин би можела да означи почеток на нова фаза во пристапот на Вашингтон кон украинската криза, а според проценките на Брисел, би можела да доведе и до притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва. Како што објави Гардијан, шефицата на европската дипломатија Каја Калас изрази загриженост дека претстојните дипломатски контакти би ...
Лидерите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одамна ќе постигнеа договор за решавање на конфликтот во Украина доколку не беше интервенцијата на европските земји, објавува „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со дипломатските контакти. Според весникот, француски функционер изјавил дека компромисот меѓу Москва и Вашингтон ќе бил постигнат „доколку не беа Европејците“, нагласувајќи дека токму европското ...
МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Т. и К.Д., поради постоење основи на сомнение за сторно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. „Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 7.9.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат ...
Газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов-Деко се расплака во судница. Обвинетиот Деко во обраќањето пред судот низ солзи зборуваше дека со години бил сопственик на клубот за кој рече многу се грижел и дека водел постојано сметка за безбедноста. До ден денес не можам да поверувам што се случи таа вечер, девет месеци сум затворен во четири ѕида, кажа Јованов. – Не можам да поверувам што се случи. Доколку би знаел дека фали нешто ќе преземе ...
ремиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови. Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. ...
Ивана Коцевска, адвокатката на првообвинетиот во процесот „Пулс“, газдата на дискотеката Дејан Јованов-Деко достави дополнение на материјални докази кои првично беа доставени од ОЈО, па повлечени. Дејан Јованов Деко не бил свесен дека објектот не ги исполнувал условите, ниту пак знале дека ДНК ќе донесат и користат пиротехника и со тоа не може да биде виновен за обвиненијата за кои го товари OJO. Прбуваа со докази со измамнички дејствија. При ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес, по состанокот со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата, изјави дека не сме добиле позитивна одлука од САД за лиценца за продолжување на работата на НИС и дека српската страна дала дозвола за затворање на рафинеријата во Панчево. Министерот за рударство денес ќе го информира НИС дека немаме индикации дека САД ќе доделат лиценца за работа на рафинеријата во Панчево, што ...
Ивана Коцевска, адвокатката на првообвинетиот во процесот „Пулс“, газдата на дискотеката Дејан Јованов-Деко достави дополнение на материјални докази кои првично беа доставени од ОЈО, па повлечени. – Мене како бранител на првообвинетите ми е најтешка задачата затоа го бранам човекот кој за сите вас е убиец, а за мене е обичен човек. Дејан е човек, а не монструм кој не посакувал ова да се случи, но се случи и ни ја тресна од глава целата ...
Основниот суд Кавадарци го осуди кавадарчанецот Илија Панов на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана. Во јануари оваа година, МВР соопшти дека жената која беше пронајдена почината од ќерката била убиена, а полицијата го уапси нејзиниот партнер. Министерството за внатрешни работи тогаш информираше дека расчистено е убиство во Кавадарци, а осомничениот е приведен. Полициски службеници од ОВР Кавадарци тогаш го уапсија 42-годишникот ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој ...
Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески и неговиот тим во рамките на официјалната посета на Банката на Англија имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. Проверките, како што посочуваат од НБ, се дел од вообичаените активности на централните ...
Првообвинетиот Дејан Јованов-Деко и сите останати обвинети не се чуствуваат виновни по обвинението за трагедијата во „Пулс“. Сите обвинети, еден по еден зборуваа во судницата, изразија сочувство до семејствата за жртвите и посакаа повредените побрзо да оздрават, но сите категорично ги отфрлија овиненијата. Дејан Јованов, неговите најблиски од семејството, синот и братот, рекоа дека се невини. Исто и сите тројца градоначалници Николчо Илиев, ...
Почитување на петте стандардни принципи кои се пример во европските земји: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна реакција на институциите по настанување на сообраќајната незгода. Тоа, според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е клучот за нула жртви во сообраќајните несреќи. Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се ...
Првообвинетиот Дејан Јованов-Деко и сите останати обвинети не се чуствуваат виновни по обвинението за трагедијата во „Пулс“. Сите обвинети, еден по еден зборуваа во судницата, изразија сочувство до семејствата за жртвите и посакаа повредените побрзо да оздрават, но сите категорично ги отфрлија овиненијата. Дејан Јованов, неговите најблиски од семејството, синот и братот, рекоа дека се невини. Исто и сите тројца градоначалници Николчо Илиев, ...
Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината портпаролка, додавајќи дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва. „Мислам дека администрацијата е многу оптимист“, изјави Каролин Ливит, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „работеа многу напорно на ова прашање и искрено сакаат да видат како завршува оваа војна“. „Тие ...
Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на отворањето на Националнатата конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје. Патната инфраструктура што ја креираме, Николоски рече дека мора да биде безбедна по дизајн со ...
Клиничката болница Жан Митрев е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 27 до 29 ноември. Ова признание претставува силна потврда дека Жан Митрев Клиника се позиционира и е препознаена како реномирана дестинација за медицински туризам, со високи стандарди и иновативен ...
13 мобилни телефони и лап-топ се пронајдени кај Џеваир Камбери, обвинет во аферата „Пулс“. Телефоните му ги открила полицијата во неговата ќелија. Камбери во своја одбрана рече дека „мобилните ги нашол во ќелијата“ каде што е сместен. Џеваир Камбери, поранешен вработен во Министерството за економија на денешното рочиште за судењето за трагедијата во „Пулс“ беше опоменат од судијката, а обвинителката побара следен пат да не биде само до опомени. ...
13 мобилни телефони и лаптоп се пронајдени кај Џеваир Камбери, обвинет во аферата „Пулс“. Телефоните му ги открила полицијата во неговата ќелија. Камбери во своја одбрана рече дека „мобилните ги нашол во ќелијата“ каде што е сместен. Џеваир Камбери, поранешен вработен во Министерството за економија на денешното рочиште за судењето за трагедијата во „Пулс“ беше опоменат од судијката, а обвинителката побара следен пат да не биде само до опомени. ...
Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. – Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Хондурас дека ќе се соочи со „пекол на одмазда“ ако се обиде да ги поништи резултатите од неодамнешните претседателски избори. Според светските медиуми, Трамп го напишал ова на својот профил на Truth Social. – Изгледа дека Хондурас се обидува да ги поништи резултатите од претседателските избори. Ако тоа се случи, ќе се соочат со пекол!, рече Трамп. Тој рече дека изборната комисија на ...
И покрај големите загуби и исцрпеноста на фронтовската линија, командата на украинските вооружени сили подготвува контранапад кој, според руските воени експерти, веќе е наречен „напад од последен избор“. Рускиот воен пилот и генерал-мајор Владимир Попов зборуваше за ова за московскиот весник „Аргументи и факти“, посочувајќи ги можните насоки на украинското дејствување и ризиците што би ги повлекувала таквата операција. Според него, ...
Илјадници луѓе се собраа во бугарскиот главен град Софија и во неколку други градови во понеделник за да протестираат против планот за буџетот за 2026 година, првиот што ќе биде деноминиран во евра. Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги блокираше канцелариите на владејачките партии во Софија. Протестите против буџетот за следната година во Варна и Софија ескалираа, а демонстрантите предизвикаа тензии на улиците, објави Новините. ...
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и информираше дека ќе им биде доставено, а ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје, исто така, се очекува претежно облачно ...
Висок европски дипломат предупреди дека израелски напад врз Иран ќе се случи во следните 12 месеци, но дека САД првично нема да интервенираат, објави Ynet. Функционерот рече дека САД веројатно нема да одобрат голем напад во скоро време, поради загриженост дека таквата операција би можела да ги загрози напорите на САД за обнова на Газа. „Верувам дека тоа нема да се случи во наредните недели. Американците нема да сакаат да го засенат процесот на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон верува дека притисокот врз руската економија ќе се зголеми во наредните недели, што, како што оцени, ќе влијае на способноста на Москва да води војна против Украина. Макрон рече дека наредните недели би можеле да ги променат правилата на играта кога станува збор за вршење притисок врз Русија. „Нивото на притисок врз руската економија очигледно ќе се зголеми. Не треба да ја потценуваме нашата борба против ...