
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил во Будимпешта заедно со своето семејство, туку таму приватно се сретнал со бегалецот од македонското правосудство. Ова го посочуваат од политичката партија Вреди во најновото соопштение испратено до медиумите. – Обидот на Османи да се сокрие зад изговори за „класифицирани информации“ и подоцна да ја негира средбата на ...
Српскиот претседател и Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут не биле поканети на Стратешкиот форум во Блед, изјавија од словенечкото Министерство за надворешни и европски работи за Н1 Словенија. Според неофицијални информации, претседателот на Србија побарал покана за Блед, но не ја добил. Како што неофицијално дознава Н1 Словенија, претседателот Вучиќ побарал и тој да присуствува на форумот во Блед, но не добил покана. Наместо во Словенија, ...
Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Во 22:45 часот во ОВР – Кавадарци, И.Д., 42-годишен кавадарчанец, пријавил дека во неговата викендица на Тиквешко Езеро во Кавадарци го пронашол починат неговиот пријател С.С., на 46-годишна возраст, појаснија од СВР – Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на ...
Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е зголемен за 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 % и ...
Добитници на меѓународната награда „Драги“ 2025 за најзначаен превод на книжевно дело од македонски автор се Кристина Е. Крамер и Роли Грау, за преводот од македонски на англиски јазик на книгата Долго доаѓање на огнот од Ацо Шопов. Преводот на репрезентативниот избор од поезијата на Ацо Шопов (The Long Coming of the Fire), беше објавен во 2023 година од американската издавачка куќа “Deep Vellum”, по повод одбележување на стогодишнината од ...
Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. – Пред неколку недели, јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствени установи. Како ...
Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. – Пред неколку недели, јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствени установи. Како ...
Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за ...
Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт. Пет години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван и секој негов чекор бил документиран, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. – СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени. И сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се ...
Пратеничката група на СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност, што власта сака да го претстави како наводен скандал. Докази нема, детали нема, само штуро соопштение и бледи изјави кои упатуваат на скриените мотиви на власта, а тоа е овој случај да го злоупотребат и да го претворат во манипулација, рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. – ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека откажувањето од кој било дел од украинската територија само ќе го охрабри рускиот лидер Владимир Путин и ќе послужи како лансирна рампа за идни напади врз Европа, освен ако континентот не остане непоколеблив во својата поддршка. Зеленски нагласи дека повлекувањето од Донбас ќе го разоткрие Харков, град со 1,5 милиони жители, и ќе ѝ дозволи на Русија да го заземе клучниот индустриски ...
Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот. Проблемите започнаа да се пријавуваат на платформата downdetector.com и на социјалните мрежи од корисници во Бугарија, Турција, Грција, Македонија и други земји од Источна Европа. Прекинот беше широко распространет и ги погоди клучните производи на Гугл. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „нешто ќе се случи“ во Украина наскоро, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски. – Го следев тоа, го видов и разговарав за тоа со претседателот Путин и ...
Дали премиерот Христијан Мицкоски сè уште смета дека Изет Меџити, неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, како градоначалник на Чаир земал провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербег“, како што ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше додека беше во опозиција, прашува Алијанса за Албанциите на арбен Таравари. – Објавуваа бројки, скандали и афери за расипништвото во локалната власт, а денеска се верни владини партнери. Доколку Мицкоски заборавил, јавноста ...
Со свечено отворање на Фестивалот на македонски филм – македонски филмски класици, македонската Амбасада во Хрватска и македонскиот Културно – информативен центар во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско – национално малцинство на град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска, ќе го одбележат 8 септември, Денот на независноста на Македонија, соопштија денеска од македонскиот КИЦ – Загреб. – ...
Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ. – Законот е јасен „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Во овој случај тоа е ...
СДСМ не бирале средства и методи за да остане на власт колку што можат подолго. Злоупотребувале институции, државни средства и цел безбедносно разузнавачки апарат. Со цел одржување на власт СДС ги ставиле во партиска функција за политички цели безбедносните служби да следат и прислушкуваат политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности, велат од ВМРО-ДПМНЕ. – Како тогаш најголема опозициска партија, СДС со помош на нивните кадри ...
Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „нешто ќе се случи“ во Украина наскоро, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски. – Го следев тоа, го видов и разговарав за тоа со претседателот Путин и ...
Тврдењата дека Русија го попречила авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одекнаа низ Европа оваа недела, но првичната приказна се чини дека полека се расплетува. Сè започна во недела, кога авион изнајмен од Комисијата наводно го изгубил пристапот до GPS сигналите при слетувањето на бугарскиот аеродром Пловдив. „Фајненшл тајмс“, чиј репортер бил во авионот, објави дека авионот кружел еден час пред пилотот да ...
Русија не планира да разговара за распоредувањето на странски војници во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за новинарите. Тоа беше нејзиниот коментар за изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за плановите за испраќање европски сили во Украина, идеја што ја отфрли и Германија. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ ...
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишната жичница Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи. Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена. Градоначалникот на ...
Времето денеска е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 ...
Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк. На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. ...
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Тој напомена дека вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: Сопиште – Јане Мицевски Кичево – Александар ...
Јаник Синер – италијанскиот тенисер кој е прв на АТП листата се смета за главен фаворит на Отвореното првенство на САД. Италијанецот загуби само еден сет до четвртфиналето и е на добар пат да го одбрани трофејот освоен во Њујорк. Синер моментално е главен фаворит според обложувалниците. Многумина се обложуваат на него, вклучувајќи го и канадскиот рапер Дрејк. Канаѓанецот е познат како „баксуз“, бидејќи често губи на спортско обложување. Во ...
Актерката Деми Мур беше гостинка во емисијата на Опра Винфри, каде што за првпат отворено проговори за влошената состојба на Брус Вилис и врската на неговата сегашна сопруга, Ема Хеминг, која „маестрално се справува со сите предизвици“. Деми беше во брак со Вилис 13 години и во тој период имаа три ќерки, а по разводот останаа најдобри пријатели и веројатно пример за сите за тоа како треба да изгледа едно семејство без оглед на околностите. ...
Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта. Таа воодушеви и на Неделата на модата во Милано, кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на пистата. Овој пат, таа демонстрираше сила на црвениот тепих. За да се појави на толку гламурозен настан како што е Фестивалот во ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози остро ги критикуваше ставовите на сегашниот шеф на државата, Емануел Макрон, за „руската закана“, оценувајќи ги како длабоко погрешни. Во интервју за „Фигаро“, Саркози нагласи дека нарекувањето на Русија главен непријател на Европа е „историска грешка“ што може да има далекусежни последици. „Ја нарекуваме Русија наша главна закана и наш главен непријател. Ова е историска грешка!“, рече Саркози, ...
Познатиот фуникулар (трамвај за стрмни улици) „Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините. JUST IN: Lisbon’s iconic Gloria Funicular derails, causing injuries pic.twitter.com/d57zhaKCtV — BNO News Live (@BNODesk) September 3, 2025 Најмалку 15 луѓе загинаа, а најмалку 18 други се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди. Несреќата се случи околу 18:05 ...