Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Просечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се ...
Иранската делегација вечерва ќе пристигне во пакистанскиот главен град Исламабад на разговори за решавање на конфликтот со САД и Израел, објавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на иранскиот амбасадор во Пакистан. „И покрај скептицизмот кај иранската јавност во врска со систематското кршење на прекинот на огнот од страна на израелскиот режим (...), иранска делегација вечерва пристигнува во Исламабад на сериозни разговори врз ...
Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26. Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ЕХФ ...
Фудбалерите на Пелистер и Вардар одиграа вечерва во Битола нерешено 0-0 во дерби натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар со ремито на стадионот „Петар Милошевски‘ го задржа лидерското место на табелата, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија, која претходно денеска извојува гостински триумф над Работнички од 3-0. Дербито во Битола донесе малубројни шанси за гол од кои најизгледната ја имаше ...
Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...
Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол... ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече ...
Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски. Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето „Димитар Влахов“. Без вода од осум часот се неколку улици на скопска ...
Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по ...
Американските законодавци ќе се обидат следната недела повторно да гласаат за резолуција за прекин на војната со Иран и да го принудат претседателот Доналд Трамп да побара одобрение од Конгресот за какви било понатамошни напади, изјави вчера лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, кратко откако Трамп објави двонеделен прекин на огнот. „Конгресот мора да го потврди својот авторитет, особено во ова опасно време“, рече Шумер на ...
Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах кој живее во егзил во САД, повика на темелни политички промени во Иран. „Се надеваме дека слободниот свет ќе разбере дека единственото решение, не само за нас туку и за нашите регионални соседи и за целиот свет, е овој режим да биде отстранет од власт“, изјави Пахлави во интервју за француската телевизија LCI. Монархистичките групи го сметаат Пахлави за политички лидер на иранската опозиција, иако ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, за време на вчерашниот состанок во Белата куќа, јави ДПА. Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО. Во меѓувреме, Трамп на својата ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што ...
Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ...
Делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров денеска ќе останат одреден временски период без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа. Регионалниот центар за управување со кризи. повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека во периодот од 06 до 12 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Ленинова“ околу Холандската амбасада, дел од улицата „Коле Неделковски“ и дел од улицата „Киро Крстевски- Платник“ во ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа вечерва на гостински терен против Сутјеска со 93-88 и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во АБА 2 лигата. Македонскиот прволигаш на гостувањето во Никшиќ одигра одлично прво полувреме во кое постигнаа 59 поени и со предност од 18 поени на полувремето го тарсираше патот до крајната победа. Домашните кошаркари ја намалија предноста на ТФТ на 78-72 на почетокот на четвртата четвртина, но составот на Боро ...
Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците на ЛСЕГ (LSEG), во вторникот во 19:45 часот по Гринич биле продадени ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран не претставува крај на кампањата против Иран и дека Израел е подготвен да ги обнови борбите во секој момент. - Сè уште не сме ги постигнале сите цели и тоа ќе го сториме или со договор или со возобновување на борбените дејствија - истакна Нетанјаху, додавајќи дека примирјето е само една фаза од процесот. Тој увери дека привремениот ...
По постигнатиот договор за прекин на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Вашингтон и Техеран да започнат директни преговори во многу блиска иднина. „Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф, а можно е да се приклучи и ...
Со 81 глас „за” и ниту еден против или воздржан, Собранието на денешната 97. седница донесе одлука за проследување на натамошно второ читање на Предлог-законот за Советот на јавните обвинители. Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението пред пратениците истакна дека со Предлог-законот се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот на јавни ...
На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет ...
Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Тетовскиот состав дојде до победата со двата гола на Красниќи (7, 72) и Тамба (37), ставајќи крај на серијата на работнички од четири последователни прволигашки Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска ...
Најголем пад на цената на нафтата од почетокот на конфликтот, зголемување на берзанските индекси и вредноста на обврзниците, пад на доларот, но и неизвесен авио и поморски сообраќај, двонеделното примирје помеѓу САД и Иран ги дава првите импликации... Цената на суровата нафта „Брент“ бележи пад од 13 проценти, достигнувајќи 93,8 долари за барел, што претставува најголем пад од почетокот на војната. Сепак, цената и натаму е значително повисока ...
Иран најави голема комеморација во Техеран по повод 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Според прес-службата на исламските власти, масовното присуство на граѓаните на церемонијата в четврток ќе претставува „знак на лојалност кон Исламската револуција и почит кон убиениот лидер“. Слична комеморација е планирана и за среда во шиитскиот свет град Ком, јужно од Техеран. Хамнеи беше убиен на 28 февруари во ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека по постигнатото примирје со Иран, судирот во Украина е „најтешката војна која треба да се реши“ и упати критика кон европските лидери дека „не прават доволно“ за тоа прашање. Венс, на предавањето пред студентите во Будимпешта, истакна дека примирјето со Иран е успех на „американската решителност“ и оти САД 14 месеци работат на постигнување на мировен договор помеѓу Москва и Киев и оти е ...
Чии мерки за справување со енергетската криза се подобри но и зошто владата не ги прифати оние на опозицијата . Опозицискиот лидер Венко Филипче со прашање но и критика до власта дека мерките кои ги превзема не се доволни додека цените енормно растат а работници остануваат на улица . Премиерот Мицкоски пак возврати дека како што рече владата се уште ги плаќа остатоците од погрешните мерките на претходната влада како што е солидарниот данок. ...
Советот на јавни обвинители ја констатираше оставката на Ленче Ристоска, поднесена од нејзина страна на втори април. На седницата претседателот на Советот Башким Бесими, рече дека нема расправа и се констатира престанок на функцијата. Тој изјави дека согласно Закон секој обвинител има право да поднесе оставка, истовремено не ги коментираше ставовите на Ристоска изнесени претходно во јавноста, а поврзани со оставката. Башким Бесими-претседател ...
„Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ“, изјави поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: можности и предизвици“, Пендаровски порача дека војната во Украина е катализатор за европската безбедност и за нејзината надворешна политика, вклучително и проширувањето, но дека ЕУ не успеа да постави нови стандарди на тој план. Кристоф ...
Манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ плени со својата духовност и впечатлива црковна архитектура. Манастирскиот комплекс го сочинуваат, најстарата градба храмот Пресвета Богородица кој датира од 12 век и вториот поголем храм, изграден кон крајот на 19 век, посветен на Свети Јоаким Осоговски. Овој македонски верски, црковен и културен бисер, познат и како „манастирски град“, има вкупно 19 пропратни објекти и две цркви, изградени во ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата, но оти нема да се толерира непазарно однесување на синџир-маркетите. - Вчера се постигна привремено ...