Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. - Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организира настан за презентација на посебните извештаи за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори во 2025 година и Повторните избори во 2026 година. На отворањето на настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и директорката на ...
Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи четириесет и втора седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои разгледување на писмена изјава за продолжување на вршењето функција член на Советот на јавните обвинители поднесена од страна на Кети Петкова. На дневен ред, на денешната седница е и донесување на одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Ленче Ристовска по сопствено барање. ...
Без електрична енергија денеска ќе останат одредени делово од Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи. -Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 08.04.2026 година без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с.Блаце (општина Чучер Сандево); во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците Катланово,Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци (општина Петровец); во периодот од 08:30 до ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку објава на фејсбук информираше за текот на стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, нагласувајќи дека тоа ја потврдува улогата на земјата како кредибилен сојузник. Министерот престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде ја предводи високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Стратешкиот дијалог претставува значајна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во рамки на дијалогот, ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши одржа средбата со досегашните претседатели на Собранието г. Тито Петковски, г. Трајко Вељаноски и Јован Митрески. Ова е втор по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, повторно искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните институции во ...
Инфлацијата си го зема данокот. Државниот завод за статистика измери дека во март скокнала на 4,9 проценти во однос на март лани. Зголемени се и цените на мало за 3,4 отсто. Трошоците за храна и безалкохолни пијалаци пораснале за дури 7,5 проценти. Во однос на февруари пак, трошоците за живот се повисоки за 0,7%. И проценките на Владата биле дека во март инфлацијата ќе забрза и ќе се движи меѓу 4,5 и 5 проценти. Премиерот Мицкоски пак, вели ...
Престрелка пред израелскиот конзулат во Турција. Еден убиен, двајца напаѓачи и двајца полицајци повредени во вооружен напад врз израелска дипломатска мисија во Истанбул. Првичната истрага покажала дека три вооружени лица со аввтомобил се приближиле до зградата на конзулатот и веднаш почнале да пукаат...Обезбедувањето го одбило нападот а набрзо на местото на инцидентот стигнале и припадници на специјалните сили..Во престрелката, убиен е еден ...
Иран го отфрли американскиот предлог посредуван од Пакистан за итен прекин на огнот и укинување на ефективната блокада на Ормутскиот теснец, по што треба да следат разговори за пошироко мировно решение во рок од 15 до 20 дена. Ирански функционер ги повика младите од Исламската Република да формираат човечки штит околу електраните во земјата. Алиреза Рахими - Врховен совет на млади „Ги поканувам сите наши млади, спортисти, уметници, студенти, ...
Поранешниот претседател на ССМ, Живко Митрески, кој ја извршуваше функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија до 2017 година, денеска на прес-конференција соопшти дека Граѓанскиот суд во Скопје донесе пресуда со која тврди дека дека бил незаконски сменет и дека сега веќе починатиот поранешен претседател на ССМ, Дарко Димовски како и актуелниот Слободан Трендафилов се нелегитимни. Митревски вели дека со тоа сите одлуки што од ...
Претстојните празници ја најавуваат туристичката претсезона. Традиционалните гости и оваа година ќе ја посетат земјава, но поради конфликтот на Блискиот Исток има откажување на дел од аранжманите и тоа не само кај нас, туку во целиот регион вели за ТВ 24 професорот Климент Наумов од Факултетот за туризам. Секторот е исправен пред нов предизвик, бидејќи освен за безбедноста туристите се загрижени и за експлозивниот раст на цените. Според ...
Здравството потфрла во превенцијата – ревизијата на државниот завод откри сериозни недостатоци во системот. Одвај пет проценти од жените се опфатени со скринингот на рак на дојка, додека кај ракот на грло на матка опфатот е од 10-15 проценти, што е далеку од европските препораки. Истовремено долго се чека и за добивањето резултати – во просек 25 дена до два месеци се чекаат наодите од мамографските прегледи, а долго се чека и за реузлтатите ...
Билатералната соработка, но и онаа во областа на одбраната и индустријата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите и имплементацијата, енергетиката, инфраструктурат,а но и понудите за инвестиции – меѓу кои и проектот Чебрене и галиште за кои Мицкоски посочи дека ќе бидат понудени на американски инвеститори теми на маса на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Премиерот Мицкоски се пофали дека ние сме прва земја ...
Поради присуство на опозициски политичари и можна политизираност на вчерашниот протест за полагање на правосуден испит на албански јазик, премиерот Христијан Мицкоски ги известил НАТО сојузниците, и европските партнери, бидејќи според него имало опасност од дестабилизација на државата. Премиерот дополни дека иако актуелниот Закон за употреба на јазиците е оспорен пред Уставен суд а Венецијанската комисија има дадено негативно мислење за ...
Апелација ја укина пресудата со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова беше осудена на две години затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд во Скопје. Од Апелациониот суд велат дека одлуката следува по јавната седница одржана на 11 март годинава на која биле уважени жалбите на ОЈО ГОКК и на обвинетата ...
Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари преку злоупотреба на службената положба, информира Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Организатори на групата биле првообвинетиот – српски државјанин, кој е сопственик и управител на две од обвинетите фирми и двајца службеници од Регионална дирекција на УЈП – Скопје, соопшти ОЈО ...
Двајца напаѓачи се убиени во престрелка со безбедносните сили пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на полицијата во Истанбул. Медиумот посочува дека во инцидентот е ранет и третиот осомничен, а исто така, повредени се и двајца полицајци. На социјалната мрежа „Икс“ објавено е видео од налогот на „Asayiş Berkemal“. Асајиш Беркемал е турски бренд на социјалните медиуми и креатори на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од НАТО во врска со конфликтот со Иран, наведувајќи дека тековната војна оставила трага врз Алијансата „која никогаш нема да исчезне“. Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека претставници на членките на НАТО ќе дојдат кај него во среда и дека сега сакаат да обезбедат помош во конфликтот со Иран, објави Скај њуз. Американскиот претседател тврди дека членките на ...
Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Предметот е вратен на повторно судење пред Кривичниот суд. Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11 март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и на обвинителството поради суштествени повреди на постапката. Со овој пресврт, ...
Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите 11 судии од Битолскиот основен суд беа изземени од постапување, вклучително и претседателката на судот Татјана Петровска, поради претходно учество во постапката. Битолска апелација одлучи судот во Струга да постапува по предметот кој првично се водеше во Битола, но судот остана без можност да формира судечки совет. ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што денеска се одржува во Вашингтон, и којшто би требало да заврши со заедничка изјава. Очекува да се промовира инвестиција во еден значаен производен објект за реткиот минерал антимон, а пред потенцијални американски инвеститори ќе биде претставен и проектот за Чебрен и Галиште. Македонија е првата земја од Европа која има ...
Брз воз TGV што превезувал неколку стотици патници излета од шините откако се судрил со камион во северна Франција, објавија денеска француските медиуми. Во несреќата загина машиновозачот на брзиот воз, а 27 патници се повредени, покажуваат првичните полициски информации цитирани од радиодифузерот TF1. Францускиот министер за транспорт Филип Табаро објави дека ќе замине до местото на несреќата помеѓу градовите Бетјун и Ленс, во регионот ...
Четири тркалезни маси со разни целни групи ќе се одржат во претстојниот период во рамките на кампањата „Лобирање во Северна Македонија“, што ја спроведува Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со ИПА 2020 проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ - информира денеска на прес-конференција претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, означувајќи го официјалниот почеток на кампањата. Чучуљ истакна дека денешниот настан е дел ...
Со силно полициско присуство и специјалци од утрово се спроведува координирана акција против нарко-подземјето во Скопје, Штип, Струмица, како и во Грчец, скопско. На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу 15 локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје. Според неофицијални информации, меѓу приведените се споменуваат и имиња познати во ...
Во битолската галерија „Ранко Струмениковски“ синоќа беше отворена ретроспективна изложба посветена на истакнатиот македонски сликар Перо Спироски – Пипо (1928–1995), маркантен претставник на првата повоена генерација македонски современи сликари со академско образование и член на познатата уметничка група ВДИСТ. Изложбата содржи стотина дела создавани во полвековно активно и плодно сликарско творештво - пејзажи, актови, портрети и апстрактни ...
Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. -Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за ...
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена студентската тематска изложба „Дисторзии“ која ќе биде отворена за посетители до 19 април годинава. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува обид за внимателно и критичко разгледување на системската дисторзија како општествен и институционален феномен што директно влијае врз обликувањето на младинската креативност и начинот на кој младите автори ја перцепираат сопствената ...
Најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа изминатиот викенд во Скопје е Макпетрол. Каратистите на Макпетрол првенството го завршија со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени. Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0). Третото место им припадна на Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0). Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски не е задоволен од судењето. -За ова првенство имаме многу сериозни забелешки на делењето на судиската ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигна во Унгарија синоќа за да ја изрази поддршката на претседателот Доналд Трамп за неговиот сојузник, премиерот Виктор Орбан, пред неизвесните парламентарни избори што се одржуваат оваа недела, објави „Еуроњуз“. Венс ќе се сретне со Орбан утрово, а потоа ќе одржи говор на настанот „Ден на унгарско-американското пријателство“ во спортскиот парк МТК. „Ќе разговараме за голем број теми поврзани со ...