Филипче бара ревизија на договорите со Виктор Орбан – Мицкоски му порача дека СДСМ живее како „Алиса во земјата на чудата“. Доаѓа време на вистина и одговорност, изјави лидерот на опозицијата Филипче – обвини дека кредитот од Унгарија и другите бизнис договори од областа на телекомуникации и енергетика, се за лични интереси на Мицкоски. Филипче најави и дека ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски и ...

Она што премиерот Мицкоски го најави утрово Регулаторната комисија за енергетика само го официјализираше. Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денар ,дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм. Па така, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари ...

Имаме минимален пораст на цените и намалена трговска маржа кај основните производи. Ова попладнево го утврдија Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат - базирајќи се на направената компаративна анализа на движењето на цените - согласно заклучоците од денешната владина седница. Најголем пораст има кај хигиенските производи од 1,42 %, кај дел од основните производи масло сирење, јајца имаме зголемување од 0,45%. Евидентирано ...

Блокада на целиот поморски сообраќај што влегува или излегува од иранските пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив е најновата мерка на Доналд Трамп, откако пропадна првата рунда мировни преговори меѓу САД и Иран. Првиот човек на Соединетите Американски Држави, преку објава на „Truth Social“, ги најави блокадите, испраќајќи закана дека сите бродови кои ќе пловат без знаење на САД ќе бидат уништени. Блокадата, која започна во 10 ...

Турција се разбуди во страв и паника откако поранешрен ученик изврши вооружен напад во средно училиште на југот од земјата и повреди најмалку 16 лица. Штом влегол низ надворешната врата, почнал да пука во сè што му се нашло на патот во зградата. Првите детали вооружениот инцидент ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, а потоа извршил ...

Владата итно да побара екстрадиција на Никола Груевски, побара лидерот на опозцсиката СДСМ Венко Филипче. Филипче вели дека по најавата на идниот премиер на Унгарија Петар Маѓар дека нема намера да ги заштитува политичките бегалци, Христијан Мицксоки мора да интервенира и да не го штити додека не се појавила нова дестинација. Венко Филипче, лидер на СДСМ - Ќе бега ли на друго место? Во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ...

На денешното судско рочиште во скопскиот Кривичен суд на судењето против Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил кој предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина Фросина Кулакова, сведочеше сопругата Ана и нагласи дека сопругот не му дозволувал на Васил да вози додека не го положи возачкиот испит. Мајката на Васил Јованов, Ана Јованова, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје изјави дека нејзиниот сопруг Зоран Јованов ...

Доколку Никола Груевски го помине прагот на Кривичниот суд, ќе добие можност за повторено судење. Обвинителот Кристијан Смилевски од скопското јавно обвинителство ги презеде случаите Талир 1 и Талир 2, откако обвинителката Ленче Ристоска остана без овластувања по што си поднесе оставака. Смилевски вели правните процедури се јазни. Кристијан Смилевски-обвинител „Секој има право на судење во присуство. Доколку стане достапен обвинетиот Груевски ...

Филипче бара ревизија на договорите со Виктор Орбан – Мицкоски му порача дека СДСМ живее како „Алиса во земјата на чудата“. Доаѓа време на вистина и одговорност, изјави лидерот на опозицијата Филипче – обвини дека кредитот од Унгарија и другите бизнис договори од областа на телекомуникации и енергетика, се за лични интереси на Мицкоски. Филипче најави и дека ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски и ...

Кој колку ќе попушти кога се во прашања загарантираните права помеѓу Синдикатот за култура и матичната институција Министерство за култура? Дали Уставниот суд ќе одигра клучна улога и во чија полза кога се во прашање парите за културните работници? Синдикалците не отстапуваат. Во четврток ќе протестираат пред Министерството за култура. Од Министерството за култура велат дека: Министерство за култура „Уште денес е испратена покана до ...

Доколу порнешниот премиер Никола Груевски се врати во Македонија ќе биде спроведен на издржување затворска казна, бидејќи има правосилна пресуда, најави премиерот Христијан Мицкоски. Но за тоа дали и кога Груевски би се вратил во земјава, Мицкоски нема информација. Христијан Мицкоски, премиер - Немам очекувања никакви но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш кога ќе се појави во Македонија ...

Александар Насковски, претседателот на Независниот синдикат, обвини дека состојбата во Армијата е сериозно влошена поради незаконско постапување. Тој посочи дека министерот Владо Мисајловски не донел законски предвиден план за војниците. Дополнително, според него, не се постапило по одлуки за дискриминација утврдени од надлежни институции. Се тврди и дека над 2.000 војници не добиле трансформација на работниот однос. Синдикатот бара ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција повтори дека историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион, дека времето на автократите завршува. Тој оцени дека ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта била „безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“ и запраша дали ќе се поднесе барање за екстрадиција на Никола Груевски. -Ова е историска победа на Европа над руското и кинеското ...

Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност - нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. - Денеска одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26. Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три. Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока. Признанието е 70. во кариерата на 41-годишниот Џејмс. Лос Анџелес лејкерс во првото коло од плејофот ќе се соочат ...

Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса, изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци со азил. Тој ја спомена и ситуацијата со Никола Груевски, нарекувајќи го престапник. Маѓар најави дека земјата ќе се залага за екстрадиција на лица барани од други држави. Конкретно, се осврна на поранешни полски функционери кои добиле азил во Унгарија. Тој порача дека доколку немаат што да кријат, треба да се вратат и да се соочат со ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е тажен поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар. - Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер - рече Венс во интервју за „Фокс њуз“. - Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да изгуби ...

Безбедна за пиење е водата на скопската територија, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. - Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 11 април зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет ...

Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормуската Теснина би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите, јави Скај Њуз. Во соопштението се наведува ...

Надворешното напојување е исклучено во нуклеарната електрана Запорожје, а резервните дизел-генератори се рестартирани според планот, соопшти денеска прес-службата на електраната. „Надворешното напојување е исклучено во нуклеарната електрана Запорожје. Ситуацијата е под контрола. Како резултат на автоматска заштита, исклучена е 330 kV далечинската линија Ферославнаја-1. Далечинската линија Дњепровскаја е исклучена од 24 март 2026 година“, ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика САД и Иран да ги обноват мировните разговори и да вложат сериозни напори за постигнување трајно решение за блискоисточнот конфликт. „По недели уништување и страдање, јасно е дека нема воено решение за актуелниот конфликт“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс, повикувајќи на продолжување на преговорите. Тој нагласи дека актуелното двонеделно примирје мора целосно да се ...

Северна Кореја спроведе уште една серија ракетни тестови, објавија државните медиуми денеска, вклучувајќи лансирање на стратешки крстосувачки ракети и противбродски ракети. Проектилите беа испукани од поморскиот разорувач Чое Хјон, кој беше претставен минатата година, соопштија медиумите, додавајќи дека лидерот Ким Џонг Ун лично ги надгледувал тестовите. Северна Кореја го засили ракетниот развој овој месец, вклучително и лансирање на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата. Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ ...

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип. На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см. Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со ...

По Велигден, прашањето кое се поставува е дали ќе има поевтинување на храната или цените ќе продолжат да растат. Владата најави мерки за утре, но засега без конкретни детали. Во изминатите денови, цените на дел од прехранбените производи покажуваат раст, додека очекувањата кај граѓаните се дека по празниците ќе следи стабилизација. Анализите покажуваат дека иако глобално цените на храната растат, во земјава тие засега се релативно стабилни, ...

Падот на Орбан може да се одрази на односите меѓу Будимпешта и Скопје оценуваат дел од аналитичарите. Велат промената на власта во Унгарија сама по себе отвара нови страници и за европска и меѓународната политика, а во однос на Македонија аналитичарот Мерсел Биљали во разговор за ТВ 24 вели дека земјите кои важеле за блиски до Унгарија во времето на Орбан нема да му бидат таргет на Маѓар. Ова повторно го враќа во фокус и политичкиот азил на ...

Пост празнично ќе пристигне терапијата што ја чекаат дел од пациентите со рак на дојка – велат од здружението Хема онко, повикуваќи се на инстуитуционални информации. Додека од минситерството за здравство велат дека се прават напори за што побрзо да се премости порблемот, дел од пацентите за ТВ 24 тврдат дека таблетарна терпаија нема со недели. Пост празнично ќе пристигне терапијата што ја чекаат дел од пациентите со рак на дојка – велат од ...

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот за опожарување на синагогата во Скопје, направена од безбедносни камери каде на снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат факел и предизвикуваат пожар. За случајот од Министерството за внатрешни работи го потврдија обидот за опожарување на објект на ...

Од партијата соопштуваат дека овој чин не претставува само напад врз СДСМ, туку и врз основните демократски вредности, правото на различно мислење и соживотот во заедницата. „Каква порака се испраќа до граѓаните кога на ден на воскресение и надеж се случуваат вакви дела на вандализам? Дали ова е општеството во кое сакаме да живееме?“ стои во реакцијата. СДСМ остро го осудува инцидентот и повикува на разум, смиреност и меѓусебна почит, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
27%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
39%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
92%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
43%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
56%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52