
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Од досега собраните 159 милиони денари, 149 се трансферирани кај семејствата на настраданите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Останатите 10 милиони деновиве ќе бидат префрлени кај лицата кои не биле првично евалуирани- ова денеска го соопшти генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, на потпишувањето меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи. Црвениот крст најавува промоција на новиот ...
Ракометната федерација на Македонија го одреди градот домаќин - Битола за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2026 во женска конкуренција што ќе се игра во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција. Женската ракометна репрезентација на Македонија како прв противник ја има селекцијата на Словенија, а натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“. Дуелот е закажан за 19.октомври во 18 часот. Пред овој дуел женскиот ...
Франција и Италија нема да учествуваат во новата иницијатива на НАТО за финансирање на испорака на американско оружје за Украина, објавија весниците „Политико“ и „Ла Стампа“, повикувајќи се на неименувани владини извори од Париз и Рим. Иако и двете земји остануваат посветени на поддршката за Украина, одлучиле да се повлечат од планот презентиран на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ...
Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како недоволниот буџет и недостигот од кадар во Обвинителството. Информираше и за тековните постапки поврзани со дивоградбите, како и за предметот за ...
Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат. Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%). Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Евростат не ...
Советот на јавни обвинители денеска едногласно ги избра Дарко Јакимовски и Владимир Милошески, досегашни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Во трката за овие две позиции, покрај Јакимовски и Милошески, беа и обвинителите Александар Маркоски, Марија Ѓоргева, Сања Бурјакоска Китановска, Зоран Маркоски, Љубомир Лапе, Јасмина Костеска Здравеска и Спасенка Андонова. Републичкиот ...
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, едногласно беа избрани Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. За двете позиции конкурираа шестмина обвинители, Наташа Поп Трајкова, Катерина Коларевиќ, Александар Маркоски, Дејан Петрески, Зоран Маркоски и Ана Стојковиќ Димитровска. Советот ја донесе одлуката по претходна проценка на ...
Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во однос на обвинувањата од опозицијата дека е нарушена безбедноста, Тошковски порача дека добро би било кога обвинува опозицијата да прави компарација со ...
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. -Да се биде полицаец е повик а не ...
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен ...
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од Израел да ги запре нападите врз сириските воени сили на југот на Сирија, пренесе денеска „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван американски претставник. Израелските претставници им одговориле на американските колеги дека синоќа ќе ги запрат нападите, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид на X, повикувајќи се на извор. Сириското Министерство за надворешни работи претходно ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, иако Техеран изразува желба за разговори со САД, тој „не брза да започне преговори“. -Тие би сакале да разговараат. Не брзам да разговарам, бидејќи го уништивме нивниот објект, изјави Трамп по враќањето во Вашингтон од посетата на Питсбург. Како што објави вчера порталот Аксиос, повикувајќи се на информирани извори, американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство. Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со парламентарниот ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји. Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за ...
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести минатиот месец, соопшти вчера Пентагон. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е донесена поради успешноста на мисијата. - Благодарение на нашите војници кои се одзваа на повикот, беззаконието во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во четврток ќе се задржи многу ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за култура и туризам, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките и Предлог на законот за изменување и ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка, соопшти Министерството за одбрана. За време на посетата, Мисајловски ќе има средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе се сретне и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во Лондон министерот Мисајловски заедно со министерот за ...
Во Скопје продолжува енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, соопшти ЈП Водовод и канализација. - Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против сопрузите-сопственици на отпадот во Визбегово, што гореше на 9 јули, а при тоа нападнаа и новинарска екипа. „На 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата “Индира Ганди” во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивините службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на отпадот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против сопрузите-сопственици на депонијата во Визбегово, која гореше на 9 јули, а при тоа нападнаа и новинарска екипа. „На 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата “Индира Ганди” во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивините службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на ...
Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од нанесените повреди. Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати кучето Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале ...
Левица ќе има кандидат за градоначалник на Скопје, од своите редови.На огласот за кандидати за градоначалници се пријавија 20 лица. Од утре ќе ги разгледуваме нивните апликации, изјави во интервју за Тв 24, Димитар Апасиев, претседател на Левица. Што се однесува до предлог советнички листи, рече дека ќе имаат во над 50 општини. Апасиев ја сподели и шпекулацијата која подолго време ја окупира јавноста, за парламентарни избори напролет. Апасиев во ...
Во тајност се држат имињата на понудувачите и содржината на пристигнатите понудите за изградба на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, откако по повикот на Министерството за финансии, 16 банки и финансиски институции покажале интерес да го финансираат овој капитален проект. На затворена седница на Владата, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска попладнево ќе го информира владиниот кабинет за тоа кои меѓународни финансиски ...
Неколку пензионери денеска пред Влада излегоа и побараа повисоки пензии, Линеарно зголемување наместо процентуално тоа е нивното клучно барање бидејќи сметаат дека како бројка на пензионери се во голем број потсетувајќи дека се голема бројка нагласачко тело. Побараа и средба со премиерот за да му ги пренесат лично барањата. Претставник на владата дојде и ги упати пензионерите што и како треба да постапат за нивните барања да бидат проследени до ...
Големи поплави во Њујорк, вонредна состојба прогласена во Њу Џерси. Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ најголемиот американски град и во делови од североистокот на сад додека пак обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави ги принудија градските власти во Њу Џерси да прогласат вонредна состојба. Предупредување за поплави имаше и во сите пет општини на Њујорк, а од жителите беше побарано да избегнуваат подруми и ниски подрачја. На ...
50 години и шест месеци затвор за шестмина од криминалната група Грчец/Дуќанџиќ уапсени во јануари минатата година. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, при објава на пресудата образложи дека групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година. Во групата учествувале 15 лица, од кои четворица се виновни за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино ...
Напаѓачот на градоначалничката Арсовска, таканаречениот командант Барути е зад решетки во притворското одделение во Шутка. Кривичниот суд по жалбата на јавното обвинителство ја корегија својата првична одлука, па домашниот му го замени со ефективен притвор. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, ...
Во Македонија според последниот пресек од центарот за управување со кризи гори на шест локации и изгаснати се три пожара на отворен простор, повторно најмногу жаришта има кај Македонски Брод. Според првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување поголемиот дел од пожарите зафаќаат тешко пристапен терен и затоа гаснењето се одвива побавно. Квалитетна шума е зафатена особено во околината на Македонски Брод, штетата е секако голема и од аспект ...