Охрид повторно ја доби битката со времето, но не и со проблемите. Со поддршка од мнозинството земји-членки на Комитетот на УНЕСКО, донесена е одлука на регионот да му се даде рок од пет години, до 2031 година, за спроведување на клучните корективни мерки.Сепак, и покрај укажаната доверба, извештајот од Бусан испраќа сериозни забелешки. Експертите на УНЕСКО оценуваат дека напредокот во изминативе години е ограничен. Главните критики и понатаму ...

Зулфикер Зејнула од Демократската партија на Турците е новиот министер бес ресор кој денеска беше избран со 67 гласа за и 13 против во собранието со што премиерот Мицкоски кој воедно ја побара поддршката на пратениците за неговиот избор ја заокружи целата владина реконструкција . Сепак се разви дебата во законодавниот дом откако опозицијата јавно се изјасни против а пак албанскиот опозициски блок обвини дека во услови кога земјата е во криза ...

Во Гостивар се спроведува постапката за хиперхлорирање и за чистење на каптажата на водоводниот систем. Надлежните прават напори, до крајот на неделава да овозможат водата да се користи како техничка, а во меѓувреме, се доставува и вода за пиење. Армијата интервенира секогаш кога е потребно, без разлика дали станува збор за пожари или други природни непогоди, посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој вели дека Армијата веќе неколку ...

Здравствените установи во Гостивар и натаму регистираат нови пациенти. Вчера лекарска помош побарале 197 жители на градот кој веќе цела недела е без вода. Од министерството за здравство сепак нагласуваат дека бројките се намалуваат и нема нови хоспитализации. Состојбата со епидемијата внимателно ја следи и комисијата за заштита од заразни болести, од каде велат дека не се исклучува можноста за појава и на жолтица. Д-р Жаклина Шопова – ...

Кредитот тежок една милијарда евра од Унгарија кој го подигна македонската влада е еден од четирите случаи кој е под лупа на новите унгарски власти. За новиот премиер на Унгарија Петар Маѓар сомнителна е висината на каматната стапка која ја добила земјава. Дополнително, унгарските властити треба да истражат зошто претходнаста влада одобрила толкава сума на друга држава преку банка која е основана за поддрча на домашните – унгарски компании. ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...

Европската централна банка (ЕЦБ) секогаш е подготвена да прими нови членки во еврозоната, доколку тие ги исполнат критериумите за пристапување, изјави претседателката на институцијата Кристин Лагард, одговарајќи на прашање на БТА на прес-конференцијата по завршувањето на дводневната седница на Управниот совет на ЕЦБ во Франкфурт. На заседанието ЕЦБ одлучи да ги задржи непроменети основните каматни стапки. Прашањето за новите членки на ...

Цената на суровата нафта денеска надмина 100 долари за барел, поттикната од заканите за нарушување на испораките преку Ормуска Теснина и теснината Баб ел-Мандеб, како и од стравувањата од нови напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток. Меѓународниот репер „брент“ се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел во 16:16 часот по локално време (13:16 по ГМТ), што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од ...

САД и повеќе од десетина нивни сојузници денеска соопштија дека руски хакери успеале да украдат електронска пошта од корисници на платформата „Зимбра“ (Zimbra), користејќи нов метод што не барал жртвите да отвораат прилози или да кликнуваат на линкови. Методот, кој компанијата „Пруфпоинт“ (Proofpoint) го нарекува „half-click exploit“, користи веќе отстранета ранливост во софтверот на „Зимбра“, овозможувајќи компромитирање на системот само со ...

Од РЦУК – Битола го пренесуваат известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп дека по примероците земени на 20.07.2026 година, водата од чешмите Св. Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење. Од ЈП „Комуна“ – Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи флаширана вода, а за ...

Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе престојува во официјална посета на САД на 24 септември. Американскиот претседател рече дека со кинескиот лидер ќе разговара за прашања поврзани со вештачката интелигенција. Трамп го потврди датумот за посетата за време на настан во Агенцијата за заштита на животната средина, заедно со министерот за енергетика Крис Рајт и други панелисти кои дојдоа ...

Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот. Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо ...

Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за образование, наука и спорт на ...

И додека темата Унеско е најактуелна и најчувствителна периодов за Охрид и регионот, активистите на О2 иницијативата алармираат дека и на дел од плажите на Охридското крајбрежје не се почитуваат препораките односно дека се узурпирани од страна на концесионерите а општината и инспекциските служби не постапуваат. Со тоа велат дополнително се прекршуваат препораките просторот покрај езерото да биде ослободен од лежалки,шанкови, и други ...

Скопје ќе биде мртов град - ако надлежните не го заштитат изворот Рашче од најголемата закана - депонијата со шестовалентен хром, алармираат експертите. Градежниот хидроинжинер Борис Начков - вели дека илјадници тони токсичен отпад се натрупани на само 2 километри до планината Жеден каде има подземни води поврзани со изворот Рашче. Секој пороен дожд носи голем ризик - исцедокот од шестовелантниот хром да понира во Рашче - срцето на главниот ...

Речиси 50 милиони евра пари кои требало да ги наплатат општините во периодот од 2020 до 2024 година останале ненеплатени. Станува збор за локални даноци, такси и останати надоместоци кои ги откриле државните ревизори при прочешлувањето на документацијата за анализираниот период. Извештајот на Државниот завод за ревизија открива дека најмногу ненеплатен данок бил оној што граѓаните имаат да го платат по основ на данок на имот, дури 67 проценти ...

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче јавно објави извештаи од анализа на водата во болницата за белодробни зболувања во Лешок, направени во мај годинава за кои тврди дека покажале дека водата не е безбедна за пиење. Според него, иако биле утврдени неправилности и сето тоа биле запишано во официјален извештај сепак ниту една институција не презела ништо. Венко Филипче, лидер на СДСМ - Извештаи за тестирање на безбедноста на водата од ...

По 24 години Али Ахмети го постави македонското знаме во кабинетот во Мала Речица на средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер. Реакцијата најпрвин дошла токму од амбасадорот кој сугерирал на тоа, а од Мала речица за ТВ 24 ја потврдија информацијата наведувајќи: ДУИ - Да вистина е дека по иницијатива на дипломатските претставници беше ставено македонското знаме во кабинетот на претседателот Ахмети но тој на средбата со високите ...

Нова надеж за продолжување на мировните преговори за Украина..По десет месеци пауза, средба на Сергеј Лавров и Марко Рубио. Самитот на земјите од југоисточна азија кој се оддржа во Манила послужи како место за разговор на двајцата министри за надворешни работи..По средбата која траела нешто повеќе од половина час, Американските претставници изјавија дека остануваат посветени и подготвени да се стави крај на прекине на војната на истокот на ...

Наполи одлучи да отвори преговори за трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку, објави „Corriere dello Sport“. Според италијанскиот весник, 33-годишниот Белгиец е официјално ставен на трансфер-листата, а Наполи чека понуди. Претставници на клубот се сретнаа со агентот на играчот, Федерико Пасторело, и страните одлучија да не ја продолжат соработката. Наполи сакаше Лукаку да прифати намалување на платата, но играчот не го поддржа ова. Извршниот ...

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го убедил својот соиграч од Франција, Мајкл Олисе, да се пресели од Баерн во Реал Мадрид. Според „Билд“, за време на Светското првенство во 2026 година, Мбапе разговарал со Олисе за неговите перспективи во Реал, наведувајќи дека тие би биле „совршен тандем“. Мбапе верува дека го убедил Олисе да се согласи на трансферот и го информирал претседателот на клубот Флорентино Перез за ова. Олисе одигра 52 ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити и Шпанија, Родри, постигнал принципиелен договор за соработка со Реал Мадрид, објави новинарот Николо Шира. Договорот е со важност до 2030 година. Реал Мадрид во блиска иднина е подготвен да започне формални преговори со Манчестер сити во врска со трансферот на 30-годишниот играч од средниот ред. Според медиумските извештаи, играчот веќе ја одбил понудата на англискиот клуб за продолжување на ...

Македонскиот ракометен суперлигаш Алклаоид денеска ги претстави тројцата нови играчи, кои во новата сезона треба да дадат дополнителна вредност на клубот од Автокоманда. Словенците Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Црногорецот Вуко Борозан, се новите имиња. Матиц Сухолежник има 31 година и игра на позицијата пивот и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од ...

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечер ќе настапи во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на НОБ е формиран во 2010 година и го сочинуваат истакнати музичари и солисти од Оркестарот на Националната опера и балет. Во текот на своето постоење настапувал на повеќе значајни фестивали и концертни ...

Повеќе од десет илјади луѓе во текот на изминатата ноќ се евакуирани од областите западно од Бордо, каде шумски пожари зафатија подрачје со површина од околу две илјади хектари. Локалните лвасти соопштија дека пожарот избувнал во близина на областа на заливот Аркашон, популарна туристичка дестинација, а меѓу евакуираните има голем број туристи кои престојувале во кампови. Префектурата соопшти дека околу 500 пожарникари се ангажирани во ...

Недостатоците во законската регулатива, недоволните човечки ресурси и слабиот фискален напор значително го ограничуваат фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година. Ревизијата, изработена во рамки на Годишната програма за работа за 2025 година, ја анализирала ефикасноста на мерките и политиките за администрирање ...

Американската војска соопшти дека започнала нови напади врз воени цели во Иран, 12-та ноќ по ред. Нападите започнале во раните утрински по иранско време (23:30 часот по средноевропско време во среда), соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата „Икс“. „Мисијата ќе продолжи дополнително да ја намалува способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови кои минуваат низ регионалните води“, наведе ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07