И покрај значајниот и докажан придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена, ромските уметници сѐ уште остануваат маргинализирани, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со истакнати ромски уметници и културни дејци, по повод Меѓународниот ден на Ромите. Како што соопштија од Кабинатот на претседателката, на средбата, која се одржала во духот на отворен и конструктивен дијалог, биле разменети ...

Додека статистиката покажува годишен раст на инфлацијата од речиси 5 проценти, Владата уверува дека Македонија има една од најниските стапки во Европа. Според последните податоци, цените на мало растат, а месечната инфлација бележи зголемување од 0,7 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека, и покрај растот, земјава е меѓу најстабилните во Европа и дека мерките даваат резултат. Од Владата уверуваат дека ситуацијата е под контрола и ...

Двонеделен прекин на војната на Блискиот Исток... САД и Иран се согласија да ги прекинат борбите и да почнат преговори кои треба да доведат до конечен мировен договор...После 6 недели војна, Доналд Трамп објави прекин на нападите, само неколку часа откако му се закани на Иран дека ќе исчезне како цивилизација..Пакистан ќе биде домаќин на преговорите кои треба д апочнат во петок . Договорено е да запрат сите напади врз Иран, Техеран да не ги ...

Мајката на Ивана, соседите во зградата во Тафталиџе, мајката на Стојанче но и лично Ивана, во рок од две години десетина пати го пријавиле во полиција Стојанче Јовановски за семејно насилство. Аудио снимките кои денеска во судницата беа презентирани како материјални докази од обвинителството ги покажаа повиците за помош на Ивана но и на нејзините блиски. За кобниот ден кога Ивана и Катја ги загубија своите животи обвинителството приложи три ...

Македонската влада прави обиди да ја заобиколи преговарачката рамка и да започне повторно преговори. Ова го порача шефицата на бугарската дипломатија Надежда Нејнски, во интервју за бугарската БТА. Според Нејнски, официјално Скопје, наместо да го почитува договореното, го губи времето со политички игри кои, според неа - се наменети за македонските граѓани. Негира дека Бугарија постојано ги ескалира своите барања и порача дека позицијата на ...

Во Вашингтон заврши вториот стратешки дијалог меѓу САД и Македонија. Двете земји договорија енергетска, економска и безбедносна соработка. Македонските и американските претставници потпишаа договор за купување течен природен гас од Соединетите Држави. Македонија доби и 5 милиони долари за повторно отпочнување на ископувањето на антимон во земјата. Тема на разговор била и безбедноста и одбранбената соработка, а македонските претставници ...

Намалувањето на судиските плати е неуставно – Уставен пресече и донесе одлука за поништување на законско решение, оценувајќи дека истото е спротивно на Уставот, односно Судот утврдил дека Собранието дополнително ги намалило коефициентите за платите на судиите со измените од февруари годинава. Поради тоа, Судот по сопствена иницијатива ја проширил постапката и го поништил законот. На денешната седница на Уставен пак беше прифатена ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата, но оти нема да се толерира непазарно однесување на синџир-маркетите. - Вчера се постигна привремено ...

Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националнатаопера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка" од Петар Илич Чајковски. Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото се дело на Саша Евтимова.Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, костимографијата Марија Пупучевска, концерт мајстор е Климент ...

Двонеделно примирје на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Иран постигнале договор за прекин на огнот. Според објава на социјалната мрежа Truth Social, прекинот на огнот е постигнат со посредство на Пакистан. „Врз основа на разговорот со премиерот Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир од Пакистан, за време на кој тие ме замолија да ја одложам деструктивната сила насочена кон Иран вечерва, и под услов ...

Претставници од неколку академски мрежи утрово доставија до претседателот на Србија повеќе од 22.000 потписи на граѓани кои бараат распишување вонредни парламентарни избори. Мирјана Јовановиќ, професорка на Слободниот универзитет во Крагуевац, им изјави на новинарите пред Претседателството на Србија дека иницијативата ја покренале неформални академски мрежи лани во летото откако студентите на високообразовните институции во блокада побарале ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одличен натпревар во победата 85:80 на Баерн синоќа на гостувањето против Виртус Болоња во Евролигата. Димитријевиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 10 асистенции. Резултати на натпреварите во Евролигата одиграни синоќа: Хапоел Тел-Авив – Фенербахче 95:80 Жалгирис – Дубаи 65:77 Црвена ѕвезда – Париз 94:81 Олимпијакос – Реал Мадрид 102:88 Барселона – ...

Меморандум за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас потпишала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во рамки на официјалната посета на македонската владина делегација на САД. - Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на ...

Астронаути од мисијата на НАСА, „Артемис 2“, по обиколката на Месечината, се на пат назад кон Земјата. Следно, нивната капсула „Орион“ ќе мине низ точката каде што гравитацијата на Земјата повторно ја надминува привлечноста на Месечината, соопшти американската Национална воздухопловно-вселенска администрација. Одбраните четворица - американските астронаути Кристина Кох, Виктор Гловер и Рид Вајзман, заедно со Канаѓанецот Џереми Хансен треба да ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница. - Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права - ...

Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според подносителите, се во спротивност со Уставот и законите. Меѓу иницијативите што се на дневен ред е споpниот дел од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април, во која наведува дека Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество. - Почитувани сограѓани Роми, нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие Ромите историски и ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау во рамки на стратешкиот дијалог. На средбата беше потврдена силната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија. Се разговараше за регионална стабилност, економија, енергетика и соработка во нато. беше истакнато дека дијалогот е значаен чекор за продлабочување на билатералните односи. Двете страни ја потврдија ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи од САД каде учествува на стратешкиот дијалог Македонија–САД во Вашингтон. Тој вели дека фокусот е ставен на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал и нелегалната миграција. Тошковски истакна дека партнерството носи конкретни резултати за поголема сигурност на граѓаните. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи од САД каде учествува на стратешкиот ...

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист. - Во летото 1907 година, за ...

Цените на суровата нафта забележаа значителен пад по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран. Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна сурова нафта WTI падна ...

Двонеделниот план за прекин на огнот меѓу САД и Иран предвидува Иран и Оман да наплаќаат такси за премин на бродовите низ Ормускиот теснец, тесниот влез во Персискиот Залив, изјави денеска регионален функционер вклучен во преговорите. Според неговите наводи, Иран планира собраните средства да ги искористи за обнова по конфликтот, додека не е познато за кои цели Оман ќе ги насочи приходите од таксите. Ормускиот теснец се наоѓа во ...

Францускиот тим Монпеље ќе биде противник на ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Лига Европа. Монпеље вечерва го загуби реваншот од осминафиналето со норвешки Елверум со 35:31, но благодарение на победа од 36:24 во првиот натпревар обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Првиот натпревар се игра во Франција на 28.април, а реваншот е 5.мај во Скопје. Од другите реванш осминафинални дуели вечерва Флензбург и Архус ...

Напади во текот на ноќта и утринава се пријавени во повеќе земји на Блискиот Исток, и покрај објавата за примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, пренесуваат медиуми и официјални извори. Американски медиуми, повикувајќи се на израелски официјален претставник, наведуваат дека Израел од утринава продолжил со напади врз Иран, објави „Би-Би-Си“. Тоа се случува и покрај потврдите од Белата куќа и од Пакистан кој посредуваше во ...

Иранскиот мировен план со десет точки што е доставен до САД со цел окончување на војната на Блискиот Исток, предвидува Вашингтон да прифати продолжување на иранската програма за збогатување ураниум, како и целосно укинување на сите санкции. Планот објавен од Врховниот совет за национална безбедност, вклучува принцип на ненапаѓање, задржување на иранската контрола врз Ормускиот теснец, прифаќање на збогатувањето ураниум и укинување на сите ...

Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот - 50 години постоење на оваа институција. На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски, како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов. Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“. „Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите ...

Иранскиот Врховен совет за безбедност денеска објави дека разговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад, откако официјален Техеран преку посредништво на Пакистан достави предлог од 10 точки до Вашингтон, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека разговорите не сигнализираат крај на војната. Иран објави дека разговорите, кои би можеле да траат до 15 дена и би можеле да се продолжат со договор, имаат за цел ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го поздрави двонеделното примирје во војната со Иран, нарекувајќи го постигнатиот договор „победа“ за САД. „Ова е победа за САД, овозможена од нашиот претседател, Доналд Трамп, и нашата неверојатна војска“, напиша Ливит на Икс рано утрово. Како што изјави таа, успехот на американската војска „создаде максимална моќ“, што им овозможи на претседателот Трамп и неговиот тим да се вклучат во тешки ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
27%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
39%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
92%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
43%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
56%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Бакар

12.06