Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Ќе биде ли осудена од старт на неуспех кај политичките партии иницијативата на ДУИ за собирање потписи за отварање на уставот и внесување на бугарите во него откако најголем дел од партиите веќе се изјаснија дека е јасно дека нема политичка воља за тоа. И опозициската СДСМ која отворено говори за уставните измени и внесување на бугарите бидејчи според нив тоа ќе значело потврда дека станува збор за два различни идентитети сепак за оваа ...
„Судот по нарачка? Срамот по заслуга!“ слоганот со кој културните работници го испратија од пред Уставен суд. Побараа, рацете да се тргнат од Колективниот договор и на работниците да не се гледа како на будџетска ставка туку како на луѓе кои го градат идентитетот на државата. Велат денес овој колективен договор утре сите преостанати ако така одлучи Уставен суд. Како уставни судии, вие сте последната алка која не смее да дозволи демократија да ...
Лидерот во македонското ракометно првенство, тимот на Вардар вечер го играат првиот четвртфинален натпревар во Европската лига. „Црвено-црните“ му гостуваат на Монпелје. Вардарци на југот на Франција одат по резултат којшто ќе ги остави во игра пред реваншот во Скопје. Вардар и Монпелје се поранешни европски шампиони, Вардар двете титули ги освои во 2017 и 2019 година. Оттогаш помина речиси цела деценија за тимот да дојде до шанса повторно да ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди на конференцијата за Договорот за неширење на нуклеарно оружје во Њујорк дека ризикот од нуклеарна катастрофа го достигнал највисокото ниво од Студената војна. „Важно е денеска да им се обратиме на сите страни кои учествуваат на 11-тата Конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје во Њујорк. Договорот постои повеќе од ...
Новинарите во ЕУ се повеќе се соочуваат со вознемирување, закани и насилство, новинските куќи се во сопственост на сè помалку сопственици, а јавната доверба во медиумите значително се намали, покажа новиот извештај на Европската унија за граѓански слободи „Либертис“. Петтиот годишен извештај за слободата на медиумите од невладината организација наведува дека податоците од извештајот треба да ги стават претставниците на ЕУ „во состојба на ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји ги губат своите лидерски позиции и им отстапуваат место на нови центри за раст и земји од Глобалниот Југ, и дека земјите што ја поддржуваат нивната сувереност во клучните области играат важна улога во оваа архитектура. Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој рече дека претходните пристапи, како и воспоставените норми и правила на деловниот живот и ...
Обвинителството побара максимална казна за Стојанче Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела, наведувајќи дека е докажан континуиран физички, психички и економски насилство врз Ивана кое завршило со трагедија. Одбраната побара ослободување, тврдејќи дека изведените докази не ја поврзуваат постапката на обвинетиот директно со трагичниот исход. Адвокатката на семејството на Ивана побара судот при одлуката за казната да го земе предвид ...
Игор Стефановски Иџе изминатиот викенд во Австрија ја отвори новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина. На легендарната патека Рекберг, во конкуренција од повеќе од 250 автомобилисти, македонскиот ас уште на стартот покажа дека ќе биде сериозен кандидат за висок пласман. Иако го постави третото време по првата и петтото по втората трка, по збирниот резултат Стефановски ...
Труењето со јаглерод моноксид е утврдено како главна причина за смрт кај најголем дел од жртвите во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, според обдукциските наоди презентирани на суд. Обвинителството наведе дека околу 50 лица починале од ова труење, а кај дел од жртвите причините за смрт биле притисок врз градниот кош, недостаток на кислород и тешки изгореници. Одбраната реагираше на доказите, тврдејќи дека не биле целосно презентирани сите ...
Денеска во судот се очекуваат завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана, како и за семејно насилство и загрозување на сигурноста. На претходното рочиште тој негираше дел од обвиненијата, но призна дека имало физички конфликт. Завршните зборови денеска ќе бидат клучни, пред судот да премине во следната фаза од постапката. Денеска во судот се очекуваат завршните зборови во ...
Масовниот убиец Андерс Бејринг Брејвик, осуден за терористичките напади во Осло и на островот Утоја во 2011 година, повторно го променил своето име во националниот регистар. Норвешките медиуми објавуваат дека Брејвик во 2017 година го променил името во Фјотолф Хансен, а според официјалните записи минатата година повторно го сменил во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики. Брејвик во 2012 година беше осуден за терористичките напади во ...
По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата, се наведува во соопштението од Судот. Оттаму велат дека станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна ...
Сонцето пече, тиркизно море, мек песок под нозете, а вие... во дебели зимски чизми. Звучи смешно, нели? Токму тоа му го правите на вашиот автомобил кога возите со зимски гуми среде лето. Еве зошто е време за промена: 1. Зимските гуми се „потат“ на асфалтот Исто како што вашите стапала би „зовреле“ во чизми на 30 степени, така и смесата на зимските гуми станува премногу мека на топол асфалт. Тоа значи побрзо трошење и губење на својствата кои ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 84 се повредени во судир на два воза во близина на индонезискиот главен град Џакарта, соопшти денесka државната железничка компанија „PT Kereta Api Indonesia“ . Несреќата се случила доцна синоќа во Бекаси, густо населено место источно од Џакарта, што е дел од поширок метрополитански регион каде јавниот превоз го голема мера се потпира токму врз железничкиот сообраќај. Како што е наведено, до несреќата дошло кога ...
Нападот на гала вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа не е изолиран случај во Соединетите Американски Држави, бројот на екстремистички и политички напади се зголемува, а повеќето од нив се извршени од „осамени волци“, покажуваат податоците од американските безбедносни служби и тамошни истражувања. Вооружениот напаѓач Кол Томас Ален беше уапсен по пукањето во хотелот Хилтон за време на традиционалната вечера на дописниците од ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Мостови на Струга“ што се доделува за најдобар дебитантски млад автор во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. На прес-конференцијата закажана во 12 часот, ќе биде презентирана и програмата на годинашното 65. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Покрај оваа награда, се доделува и главната меѓународна ...
Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд со 2:1 на домашен терен во 34. коло од англиската Премиер лига. Хари Мегваер го отвори резултатот во 11. минута по асистенција од Касемиро. Бенџамин Шешко го зголеми водството на „Црвените ѓаволи“ во 43. минута, на асистенција на Бруно Фернандеш. Матијас Јенсен го постави конечниот резултат во 88. минута. Манчестер јунајтед има 61 бод и е трет на табелата во Премиер лигата и обезбеди учество во ...
ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...
Кошаркарите на Пелистер во одлична игра стигнаа до победата во дуелот со првакот МЗТ Скопје Аеродром со 85:74. Ова беше последниот дуел од 4.коло од ТОП 6 фазата од Супер лигата. Со победата Пелистер остана на третата позиција на табелата, а МЗТ Скопје А. На втората што значи дека овие два тима најверојатно ќе играат и во полуфиналето од плеј офот. Лидер на табелата остана екипата на ТФТ со 48 бодови. Клучна за победата беше втората четвртина ...
Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...
Меѓународната поморска организација изрази загриженост поради тешката состојба во која се наоѓаат околу 20 илјади морнари заглавени на бродови во регионот на Персискиот Залив. Генералниот секретар на Специјализирана агенција на Обединети нации задолжена за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај (ИМО), Арсенио Домингез, изјави дека бродскиот транспорт и морнарите не смеат да бидат користени како инструмент во геополитички конфликти. ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА. Во синоќешното видео-обраќање тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“. Зеленски, исто така, рече дека границите и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат, а на неговата земја мора да ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...
Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Париска“ „Варшавска“ и „Хелсинки“, вклучително и СУГС „Георги ...
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска на седница ќе расправа за годишните извештаи на регулаторните тела за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронските комуникации и железничкиот и поштенскиот сектор. На дневен ред на Комисијата се минатогодишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Јавното радиодифузно претпријатие ...
Финален настан на ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ (EU4M) ќе се одржи денеска во Националната опера и балет во Скопје. Ќе бидат доделени признанијата за општинска извонредност на ЕУ програмата „ЕУ за општините“ (EU4M Municipal Excellence Label“ - EUMEL), наменети за општини и плански региони за нивните постигнувања во повеќе области, вклучително и управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување на сопствените приходи, ...
Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за ...
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ - Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 - 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени - тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, ...