
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Турската полиција приведе 384 лица кои учествуваа на денешните првомајски собири по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот градски плоштад Таксим и беа блокирани и туркани од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите, 9објави Ројтерс. На видеата се гледаат ...
Директорот на Програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека умовите и телата на децата во Газа се скршени по двомесечните блокади на помошта и континуираните напади. Израел го блокира влезот на храна, гориво и медицински материјали во Газа од 2 март. „Ги скршивме телата и умовите на децата од Газа. Ги изгладнуваме децата од Газа. Ние сме соучесници“, изјави заменик-генералниот директор Мајкл Рајан за ...
САД инвестираат 500 милиони долари во проект за вакцини, со цел развој на „универзални“ вакцини што штитат од повеќе соеви на вируси одеднаш, објави „Волстрит џурнал“. Проектот вклучува производство на вакцини од хемиски инактивирани цели вируси, што потсетува на начинот на кој беа развиени вакцините против грип пред неколку децении, објави весникот. Тој потег е дел од она што Министерството за здравство и човечки услуги (HHS) го нарекува ...
Федерален судија од државата Тексас пресуди дека прибегнувањето кон закон од 1798 година за протерување мигранти од Соединетите Американски Држави е нелегално и затоа ѝ забранува на администрацијата на Доналд Трамп да спроведува депортации според ова законодавство, објавија светските агенции. Одлуката на судијата Фернандо Родригез е прва што се однесува на прашањето дали е легално да се прибегне кон законот од 1798 година за спроведување на ...
САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна. Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено признавајќи ја потребата да се исправат „погрешните“ трговски практики. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потврди денеска дека го разрешува својот советник за национална безбедност Мајк Волц по протекување информации во чет група, но дека тој е новиот избор за амбасадор на САД во Обединетите нации. „Мајк Волц работеше напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место. Знам дека ќе го стори истото и на својата нова улога“, објави Трамп на Truth Social. Државниот секретар Марко Рубио сега ќе биде и ...
САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“. Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното ослободување од царина за пратки во вредност до 800 долари. Тоа ослободување им овозможи на кинеските ...
Агент на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), кој ја насочувал руската артилерија, ракетни и бомбашки напади кон украинските сили во еден од најжестоките фронтовски сектори — околината на градот Покровск — е осуден на 15 години затвор, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ), пренесе агенцијата Укринформ. Според обвинението, осудениот е 39-годишен рецидивист кој двапати претходно бил осудуван за грабеж. Во текот на првата ...
Руските медиуми, блиски до Кремљ. објавија дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе присуствува на воената парада во Москва на 9 мај, со што би станал првиот висок американски претставник што ќе се појави на овој настан во последните години. Американскиот Стејт департмент ниту го потврди, ниту го демантираше ова тврдење, кое го објави порталот на ТВ „Ѕвезда“, близок до руското Министерство за одбрана. Потенцијалната посета предизвика ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба. – Сега се е во рацете на Русите и Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи: „Но оваа брутална војна нема да заврши брзо“. Венс, исто така, изјави дека одговорот на Индија за ...
Израел нападна цел во близина на претседателската палата во сирискиот главен град Дамаск, објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој вети дека ќе ги заштити членовите на заедницата Друзи во Сирија. По втор пат, Израел ја напаѓа Сирија во рок од неколку дена. Нападите ја одразуваат длабоката недоверба на Израел кон сунитските исламисти кои го соборија сирискиот претседател Башар Асад во декември. Овие напади се уште еден предизвик за ...
Европската Унија ќе продолжи да го поддржува српскиот народ во неговите европски аспирации, но евентуалното присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај ќе има влијае врз ваквата посветеност, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие. Изјавата на Мерсие беше одговор на новинарско прашање каква порака му пренела ...
Мајката го внесе малото девојче во Сава во јануари. Хрватските надлежни служби повеќе денови го бараа телото на девојчето, но безуспешно. Сега полицијата објави дека телото на девојчето е пронајдено. Интерпол Белград го информираше Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска за откривање на непознато тело на дете во март 2025 година. Телото беше пронајдено во реката Сава во Белград. Преку меѓународна полициска соработка, со ДНК ...
Пет лица загинаа во трагедијата што се случи вчера околу 17 часот на семејната фарма за свињи во Топола, Србија. Несреќата се случила кога еден маж паднал во септичка јама, а други се обиделе да му помогнат, при што и тие починале. Четири члена на семејството загинаа: дедо, неговата сопруга, нивниот син и внук. Загинал и сосед кој бил со нив во моментот на несреќата, пишува Блиц. Меѓу загинатите е дваесетгодишен млад човек, студент на ...
Погребот на четирите жртви од несреќата на фармата во Топола ќе се одржи во петок, соопшти локалната самоуправа, која прогласи тридневна жалост. Жената која беше префрлена во Универзитетската болница во Крагуевац поради труење со амонијак е сè уште во тешка состојба. Обдукцијата на четирите жртви од несреќата на фармата во Топола е во тек и се очекува да биде завршена попладне, објавува РТС. Од Општина Топола велат дека погребот ќе се одржи ...
Денеска (01.05.2025) во 00.10 часот на бул. „Македонија” во Делчево, при контрола на патничко возило „голф”, управувано од Ф.К.(20) од с.Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. Сопатникот К.В. (22) од с.Драмче, делчевско, самиот на полициските службеници им предал паковка со зелена растителна материја, по што е приведен. Во 09.30 ...
73-годишен кочанец е тешко повреден откако паднал од мотор. – На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од село Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од ...
К.П. од Пробиштип, кој бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 21:30 часот бил пронајден починат. Според првичните информации лицето е починато од природна смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од СВР Штип информираат дека Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице. Во пријавата е наведено дека двајцата заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на село Жиганци, од каде К.П. исчезнал ...
Кавадарчанец пријавил дека бил физики нападнат од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Според неговиот исказ даден во полицијата, нападот следел по претходна вербална расправија. „Маж на 42 години вчера во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци пријави дека на 19 април, по претходна расправија во семејниот дом во Кавадарци, бил физички нападнат од неговата 39-годишна соруга“, пишува во ...
Приведен е полицаецот А.Б.(52), кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител ...
Малолетен мотоциклист бил прегазен и тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вечерта на 30 април 2025 година, околу 20:40 часот, на крстосницата од локалниот пат што води од селото Сарај кон селото Глумово, во скопскиот регион. Според информациите од СВР Скопје, во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната М.Б. од Скопје, и мотоцикл управуван од малолетник ...
Тажни вести пристигнуваат за сите фанови на шпанската репрезентација. Почина најпрепознатливиот фан на „фуријата“, Маноло Касерес Артесеро, или попознат како „Маноло Ел Дел Бомбо“. Навивачот кој со својот тапан и уникатна облека беше присутен на сите натпревари на Шпанија почина во 76. година од животот. Веста за неговата смрт ја објави угледниот „Мундо Депортиво“, изразувајќи длабоко сочувство за неговото семејство. Навивачите се збогуваат ...
Македонската берза и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) согласно неодамна потпишаниот Меморандум за соработка, а заради промовирање на можностите за финансирање на компаниите преку пазарот на капитал и за зајакнување на врската помеѓу домашниот корпоративен сектор, финансиските посредници и инвеститорите организираа настан под мотото „Финансирајте се пазарно!“. Во воведното излагање, Главниот извршен директор на Македонска берза, ...
Вчера во кампот на Бехтел ЕНКА во Гостивар, се одржа значајна средба помеѓу менаџментот на компанијата и домашните компании членки на Здружението на градежнишво при Стопанската комора на Северна Македонија. Овој настан, организиран во рамки на соработката помеѓу Бехтел ЕНКА и Стопанската комора, имаше за цел да ја продлабочи соработката и да овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д – ...
Пред Работничкиот дом денеска започна Првомајскиот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, а поддржатнод други организации и иницијативи. Пред Собранието, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го повтори барањето за покачување на минималната плата која треба да изнесува 500 евра. -Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достоинствена работа, од другата страна на барикадите се ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе на протест, барајќи зголемување на минималната плата на износ од 500 евра. Тие побараа и зголемување на сите плати во висина од 100 евра. Раководството на ССМ од протестот порача дека ако нивните барања не се исполнат, владата ќе ги гледа многу почесто на улица. Но додека ССМ и други гранкови синдикати, синдикални организации, независни иницијативи, протестираа низ Скопје, дел од синдикалните ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година. Особено позитивен е растот од 12.9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година. Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации од двете категории корисници: Комисијата која ја спроведува постапката веќе е во завршна фаза на разгледување и на останатите ...
Од денеска до 5 мај 2025 е рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Министерството за образование и наука во објавата на повикот за субвенцијата посетува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. -Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите ...
Со транспаренти, знамиња и гласна музика, точно во 11 часот се собраа граѓани пред Работничниот дом од каде се упатија кон Собранието. Минимална плата од 500 евра, зголемување на сите останати плати за 100 евра и почитување на колективните договори. Ова се главните барања на Сојузот на синдикати на Македонија од денешниот промајски протест. Упатија критика на пратениците за високите плати и патни трошоци и им свртеа грб. „На оваа страна од ...