Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика на Г7, истакнала дека последиците ќе се чувствуваат долго време „бидејќи толку ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на Соединетите Американски Држави предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори. Рубио во интервју за Фокс њуз изјави дека првата цел на стратегијата на САД е да се стабилизира ситуацијата во Венецуела со цел да се ...
Силен земјотрес го потресе поширокиот регион на Токио, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нема опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени. Засега нема извештаи за штети или ...
Лидерката на француската десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира за претседателската функција на изборите предвидени за наредната година. Ле Пен во интервјуто за весникот „Паризјен“ вели дека не ја интересира премиерската функција како „утешна награда“. „Договорено е меѓу мене и Жордан (Бардела) дека, ако правосудниот систем не ме спречи, ќе бидам кандидат на претседателските избори, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјави дека сериозно ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО. Како главна причина за ваквиот чекор Трамп го наведе одбивањето на сојузниците во алијансата да ги поддржат САД во заедничката војна со Израел против Иран. Тој повторно го употреби својот описен термин за НАТО нарекувајќи ја организацијата „тигар од хартија“. Според весникот, ...
Проверка дали има необезбедени влезови на Филозофскиот факултет и неправилности во работата на Ректоратот, направија членови на одделот за кривични истраги, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград во зградата на Ректоратот. Студенти и граѓани се собраа пред зградата на Ректоратот во попладневните часови, сообраќајот во таа област е блокиран, а присутни се и силни полициски сили. По повод инцидентот пред Ректоратот, Драган ...
Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“. Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да ...
На 30.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Лишени се од слобода шест возачи за безобѕирно управување со возило во Македонија во изминатото деноноќие. Од нив пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ...
Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, ...
Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои скокнаа поради војната со Иран и континуираната контрола на Техеран врз Ормускиот теснец Обединетите Арапски Емирати нагло ги зголемија цените на бензинот и дизел горивото за следниот месец, при што бензинот поскапе за повеќе од 30%, а дизелот за повеќе од 70%. Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои се ...
Цената на нафтата денеска се спушти под 100 американски долари за барел, додека европските берзански индекси покажаа значителен раст. Оваа позитивна динамика следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американската војска би можела да ги заврши своите воени операции во Иран во рок од две до три недели. Дополнително, тој истакна дека одговорноста за повторно отворање на Ормушката теснина би била преземена од други ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, како и ...
Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата како клуч за успех – ова беа централните пораки од настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, што се одржа во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и австриската библиотека при Филолошки факултет „Блаже ...
Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи. Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани. Судијата информира дека телефонски ...
Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека по следните парламентарни избори, ќе заминат во историјата и никогаш повеќе нема да ни се повторат, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ поврзани со евроинтегративниот процес. – Тоа е ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија чиј сопственик е на црната листа на САД. Компанијата на Миодраг Давидовиќ-Дака „Хронос сум” од јануари годинава Божиновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. За ВМРО-ОКГ сѐ е бизнис и ниту црната листа на САД не е пречка. Сега кога јавно ги фати живи ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена ...
Обвинителството е подготвено и нема да дозволи застои во судските постапки поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кои се обвинети полициски службеници за тешки дела против општата сигурност, изјави денеска обвинителката Спасенка Андонова по одложувањето на главната расправа против 13-те полицајци во Основниот кривичен суд Скопје -Застои во поглед на постапувањето по сите предмети нема да има, без оглед на тоа кој се јавува ...
Денеска на рочиштето преотв Стојанче Јованоски, сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот. Саздов изнесе нови и шокантни детали за однесувањето на Јовановски и страдањата на Ивана и Катја. Сведокот истакна дека Стојанче се дрогирал уште откако го познавал, додека работеле заедно во пожарната, а дека Ивана и Катја страдале во негово присуство. Според Саздов, по еден инцидент кога Стојанче бил фатен со дрога од страна на ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно”, кој се реализира во рамки на програмата „Суперучилишта” – иницијатива на земјите од Западен Балкан насочена кон зближување на младите, нивно поврзување надвор од границите и создавање трајни пријателства. Настанот се одржа во СУГС „Јосип Броз Тито” – Скопје, како училиште домаќин, во ...
Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, и е човек кој е на црната листа на САД, поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија. Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се ...
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. Сведокот Мартин Саздов одговараше на прашања во врска со обвинетиот Стојанче и сега починатите Ивана и Катја. – Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот – рече Саздов. Во 2021 година се запознале со Стојанче во Противпожарната, каде што се вработиле, се дружеле со него и ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз Вториот телевизиски канал на Јавниот радиодифузен сервис врз музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ емитувана на 28 март 2026 година. Констатациите од надзорот се дека со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку ...
Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на проблемот. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека имал редовни месечни средби со ...
Американскиот претседател истакна дека британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април. – Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа навечер на 28 април, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“. Трамп истакна ...