Европската Унија е подготвена да ги зголеми купувањата на американски стоки за 50 милијарди долари за да избегне трговска војна или стапување во сила на царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, откри Марош Шефчовиќ, комесар на ЕУ за трговија. Како што истакна Шефчовиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“, овој договор би бил валиден само ако Трамп се откаже од воведувањето на царините што ги најави за стоки увезени во САД од ЕУ. ...

Два разорни земјотреси од 7.4 и 7.1 степен по Рихтеровата скала во рок од петнаесетина минути, околу 15 часот по наше време или во 9 часот по локално време го затресе Дрејковиот премин, односно водна површина меѓу ’ртот Хорн (најјужна точка на Јужна Америка) и Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот. Овој дел го поврзува југозападниот дел на Атлантскиот Океан (морето Скоша) со југоисточниот дел на Тихиот Океан и продолжува во Јужниот ...

Тајланд го пријави првиот смртен случај поврзан со бактериската болест антракс, а два случаи на инфекција се пријавени низ целата земја, предизвикувајќи тревога за јавното здравје откако властите идентификуваа стотици луѓе кои потенцијално биле изложени на смртоносната бактерија, соопштија официјални лица. Починатиот е 53-годишен маж од покраината Мукдахан, во североисточен Тајланд, во близина на границата со Лаос, кој почина во среда откако ...

Турција располага со повеќе од 1200 станици за следење на сеизмичка активност, што ја прави земја со најголема ваква мрежа во Европа, изјави Орхан Татар, директор на Центарот за сеизмичка активност и управување со ризици при турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), пренесе ТРТ Хабер. Татар посочи дека овие станици испраќаат податоци во реално време до специјализиран центар, каде постојано дежураат 25 ...

Преку писмо упатено до министерот за животна средина и енергетика и до претседателите и директорите на Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија, на Независниот оператор за пренос на електрична енергија и на Регулаторната комисија, атинскиот градоначалник Харис Дукас бара да се преземат сите потребни мерки за покривање на енергетските потреби на градот и да се избегнат прекини во електричната енергија во текот на летната ...

Џаред Кушнер планира да изгради два мегаресорти во делтата на реката Вјоса во Албанија. Тоа е заштитено подрачје, поради што многу активисти и експерти за животна средина се на штрек. Тие веруваат дека со дозволувањето на вакви проекти во најеколошки разновидните и загрозени подрачја, албанскиот премиер Еди Рама всушност му се додворува на Доналд Трамп. Покрај широките економски влијанија што ги предизвикува американскиот претседател Доналд ...

Вчера во 02 часот во СВР Скопје, В.П.(35) од Скопје, вработен во казино на подрачје на Драчево, пријавил дека на 30.04.2025 околу 22 часот во казиното, откако на малолетно лице не му бил дозволен влез во објектот, дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот. Се преземаат мерки за ...

Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полицијата од Куманово го лишила од слобода 44-годишниот В.Ц. од село Жегљане, општина Старо Нагоричане поради возење во пијана состојба. „При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека ...

Вчера вечер полициски службеници од ОВР Дебар го уапсиле А.Љ. од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, возејќи опел, со дебарски регистарски таблички не застанал на даден знак за запирање и избегал. „Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата Веби Дибра во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во ...

Синоќа околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, возило „бмв“ со скопски таблички, управувано од 55-годишниот Ш.Е. од Скопје не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР. „По преземени мерки, утврдено е дека Ш.Е. го управувал возилото под дејство на алкохол. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е ...

Влеравечер во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница“, информираат ...

На 01.05.2025 во 18 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Долно Српци, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(22) од с.Долно Српци, и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Т.Р.(21), информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител ...

Дваесет и двегодишна кумановка била приведена вчера на Граничниот премин Табановце поради тоа што питачела со малолетното дете. – На 01.05.2025 во 18 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.Р.(22) од Куманово, затоа што на граничниот премин Табановце била затекната при питачење со малолетно дете, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, Д.Р. била приведена во полициска станица и ...

Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7% од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. „Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот ...

Управата за јавни приходи информира дека во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави. Ги повикуваме граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави: „Да, очекувам. Инаку имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве пет години. Односно јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак ...

Во најновиот извештај на Репортери без граници (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. ЗНМ го смета извештајот за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи. Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а ...

Вчера на граничните премини низ Македонија можеше да се забележи голем метеж, а граѓаните чекаа со часови за да влезат или излезат од државата. ТВ21 денеска праша колку граѓани поминале низ најфрекфрентите гранични премини „Долно Блаце“ и „Богородица“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, само во текот на вчерашниот ден низ овие два гранични премини поминале над 50 илјади граѓани. Па така низ ГП Богородица за влез биле ...

Во 2005 година, кога јас бев премиер, Македонија беше лидер во евроинтеграциите на Западен Балкан, но промената на власта во 2006 скапо не чинеше, порача поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во емисијата „Граѓански агол“ што се емитува во Црна Гора. Бучковски рече дека Македонија изгубила десет години во расправии и провокации кон Грција во периодот од 2006 до 2016 и за сметка на тоа, наместо уште во 2008, Македонија стана земја ...

Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO). Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата. ...

На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година. Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации од двете категории корисници: – За домаќинства со деца со попреченост, пристигнати се 488 апликации, од кои 344 ја имаат доставено ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери. На средбата вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти. Исто така на средбата беа разменети мислења и ...

Од Универзитетската ургентна болница „Пирогов“ пуштени се уште тројца од најтешко повредените во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија, информираат од болницата. Со нив, бројот на успешно спасени тешко повредени лица транспортирани во „Пирогов“ станува седум. Во моментот во болницата останува на лекување осмиот најтешко повреден пациент 21-годишен маж, информираат од болницата. – – Тројцата отпуштени млади луѓе се на возраст меѓу ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Кавадарци, каде оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев и со претставници на општинскиот Совет. На средбата дискутираа за приоритетите на локалната самоуправа, како и за предложените измени во Законот за локална самоуправа и нивниот потенцијален бенефит за граѓаните, а ги разгледуваа и тековните проекти и нивната важност за развојот на општината. По средбата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција, напомена дека е одлична, а притоа потврди и дека ќе се случи средба со министерот за здравство, Арбен Таравари. Ова доаѓа откако остана под знак прашање останувањето на министерот за здравство Арбен Таравари во Владата, по превирањата во коалицијата ВЛЕН, ...

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Како што велат од Агенцијата, лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените ...

Соопштение на СДСМ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ. Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на ...

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста на традиционалната Галичката свадба. Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – ...

Солунскиот државен симфониски оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис. На програмата се ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
4.12
61%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.83
48%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
83%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
42%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
60%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
1.34
54%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62