Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и 63 проценти од 585 прашани осмоодделенци. Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а податоците ги соопшти неговиот директор, проф. д-р ...

Оваа недела (05.04.2026) ќе се одржи 14. издание на „Авицена Женска Трка”. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден”, во близина на фонтана „Лотос”, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден”. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз. ...

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот под темата „Аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“. „Во време кога дезинформациите и регресивната реторика за животот на аутистичните лица повторно се појавуваат, овогодишниот виртуелен настан е повик за акција да се надмине ограничувачкиот наратив и да се препознае вроденото достоинство, еднаквите права и безусловната вредност на секое аутистично ...

На 01.04.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје е пријавено дек на бул.„Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(59) од Скопје и патничко возило „шкода јети”, сопственост на МВР, управувано од Х.А.(42) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. ...

На 01.04.2026 околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријави дека на 31.03.2026 околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР. На 01.04.2026 ...

На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка ...

„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој ...

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци: Денес во Министерството за ...

Пишува: Мирослав Тлин, дипломиран економист во пензија Живееме во држава во која речиси секој граѓанин чувствува дека нешто суштински не е во ред, но сѐ помалкумина веруваат дека тоа може да се поправи. Сиромаштијата, корупцијата, непотизмот, клиентелизмот, селективната правда, заробените институции и масовното иселување повеќе не се поединечни појави – тие станаа нормализирана состојба. Со години слушаме за „реформи“, за „нови закони“, ...

„Артемис II“ се вивна во вселената а зад себе остави прашања на илјадници љубопитни граѓани. Меѓу најчесто поставуваното прашање е што екипажот на мисијата ќе јаде додека орбитира околу Месечината? Менито на НАСА има 189 различни јадења, вклучувајќи повеќе од 10 видови пијалоци, пет лути сосови и 58 тортиљи. Еве го менито: Кафе Зелен чај Смути од манго и праска Чоколаден пијалок за појадок Пијалок за појадок со ванила Лимонада Сок од ...

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично”, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот ...

Во вонредно телевизиско обраќање синоќа Доналд Трамп изјави дека американската војска речиси ги остварила своите цели во Иран, но не понуди јасен рок за завршување на едномесечната војна и вети дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „камено доба“. Соочен со американска јавност уморна од војна, пад на рејтингот и притисок од некои сојузници да ги објасни попрецизно и поконзистентно своите воени цели, Трамп рече дека САД ги уништиле ...

Иранските вооружени сили соопштија дека војната против САД и Израел ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен, доведувајќи ги во прашање тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот би можел да заврши во следните неколку недели. Во соопштението објавено од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, портпаролот на иранската војска предупреди против понатамошна ескалација. „Војната ќе продолжи сè ...

Доцна синоќа по европско време, НАСА ја започна мисијата „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од половина век, додека четворица астронаути полетаа од Флорида на 10-дневно патување околу Месечината. Ракета од системот за вселенско лансирање (SLS) со капсула Орион беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец: Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина ...

Амбасадата на САД во Тирана издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, предупредувајќи дека групи поврзани со Иран може да ги таргетираат субјектите поврзани со САД во Албанија. Амбасадата ги повика американските граѓани да бидат внимателни. „Групите поврзани со Иран може да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или елементите на иранската опозиција во Албанија. Тие исто така може да ги таргетираат вообичаените локации, како ...

На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи утрово спроведува обемна акција во неколку градови во Македонија, насочена кон сузбивање на сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на деца преку интернет. Акцијата се реализира во соработка со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, при што се вршат претреси на вкупно седум различни локации низ државата. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај ...

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност, информира Министерството за финансии Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 ...

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има во Крушево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција ...

Соопштение за јавност на Левица: Во вчерашното гостување на Телма, Александар Николоски повторно го посочи прстот кон Левица како виновник за растот на цените на квадратот, тврдејќи дека поради нашата ʼхистеријаʼ квадратот ќе достигнел и над 5.000 евра. Ова е чист обид да се замагли реалноста со апсурди алиби за неспособноста на ДПМНЕ да ја раскине врската со урбанистичката мафија. Го потсетуваме Николоски и јавноста: Во Македонија секој ...

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител, образложувајќи дека не гледа простор за работа во согласност со принципите за кои, како што наведува, се залагала во текот на целата своја кариера. Во својата јавна изјава, Ристоска посочува дека обвинителската функција отсекогаш ја доживувала како можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и животот на граѓаните, а како особено значајни ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Денеска поднесуваме ...

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, ...

Во Основнот кривичен суд денеска продолжи судењето за трагичниот настан од 2 март, кога мајката Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја си ги одзедоа животите со скок од зграда во населбата Тафталиџе. Клучен сведок на рочиштето беше наставничка на Катја, која откри дека институцијата била алармирана за насилството во домот уште на самиот почеток на учебната година. Наставничката посведочи дека уште на првата родителска средба на 3 ...

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на извршниот одбор Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
60%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
90%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Калај

50.03

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52