Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв”, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...
На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански”, каде се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер” спреј. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство”. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...
Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани. Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба. Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава вкупно се зголемени за еден отсто во однос на претходниот месец и за 4,2 процента во однос на истиот месецлани, соопшти Државниот завод за статстика. Како што информира, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот ...
По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори. Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, ...
Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија” од авторот Кирил Симеоновски. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium” (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. На средбата со премиерот Орбан беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Разговорите се одвиваа во ...
Соопштение на СДСМ: Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските ...
Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова е историски прв колективен договор на Министерството за спорт склучен по неговото формирање во јули 2024 година. Со овој договор значително се унапредуваат правата на вработените, се ...
Судскиот процес против Стојанче Јовановски продолжи со низа потресни сведоштва, кои откриваат сериозни наводи за долгогодишно семејно насилство. Во судницата, мајката на оштетената Ивана, Љубица Стојановска, детално говореше за, како што рече, „континуиран хорор“ низ кој поминувала нејзината ќерка. Според нејзиното сведочење, насилството не запрело ниту во моменти кога Ивана била во тешка здравствена состојба. Таа откри дека во јануари, ...
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица. Пресудата на Основниот ...
Судењето против Стојанче Јовановски влезе во суштинската фаза, откако судот не го прифати неговото делумно признание на вина, оценувајќи дека исказот е контрадикторен и недоволен за процесно скратување на постапката. Обвинителката Адела Бојчевиќ остро реагираше на настапот на обвинетиот, оценувајќи го како „чиста манипулација“ со цел избегнување на кривична одговорност. Таа потенцираше дека признанието на вина мора да биде доброволно, ...
Пациенти со ретки болести во земјава остануваат без неопходната терапија поради доцнења во набавките, предупреди претседателката на здружението „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, која денеска излезе пред Министерството за здравство со транспарент „Фалат лекови“. Таа истакна дека иако институциите тврдат дека постапките се во тек, реалноста на терен е поинаква и пациентите веќе трпат последици. Според неа, административните ...
Македонски студенти кои учествувале во програмата „Work&Travel“ и работеле во Германија се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето во земјава. Како што информира студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) започнала да испраќа известувања со кои од студентите се бара да ги пријават своите приходи од странство и да платат данок иако тие веќе биле оданочени во Германија. Според ...
Соопштение за јавност на Левица: По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на неколку спорни чекори. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката. Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче со историски најниска доверба од граѓаните. Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија и прес-конференции, полни со навреди и непристоен речник, СДС и Венко Филипче ги донесе до рејтинг од 4,9% и 3,6%. Сепак, Филипче, не е загрижен за неговиот и на СДС лош рејтинг кој од анкета до анкета, во континуитет се топи, и што целосно потфрлија фалименто соопштенијата напишани од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави заканувачка порака на својата социјална мрежа Truth Social за преговорите со Иран и евентуалното продолжување на воената операција. Во објавата, тој изнесе тврдења за напредокот на преговорите, но исто така се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор. „Соединетите Американски Држави се во сериозни разговори со НОВ И ЧУВСТВИТЕЛЕН РЕЖИМ за прекинување на нашите воени ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали ...
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ е тројански коњ на поделбите на македонското национално ткиво, а Мицкоски е прокси руски играч, рече претседател на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција. Тој посочи на фактот дека се потврди она што СДСМ го говореше во изминатиот период дека Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси, преку српски, унгарски се до руските интереси. „Мицкоски клечеше и молеше ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија? Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг”, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната D12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите на граѓаните. Паралелно, во ...
На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР. На ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за воена операција со која САД би извлекле речиси 450 килограми збогатен ураниум од Иран, според американските претставници, пишува „Волстрит џурнал“. Станува збор за сложена и ризична мисија која веројатно би ги задржала американските сили во Иран со денови или дури и подолго. Трамп сè уште не донел конечна одлука, рекоа официјалните лица, додавајќи дека го разгледува ризикот ...