Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Драматичен безбедносен инцидент се случи во близина на аеродромот Palm Beach International Airport, откако дрон се приближил опасно до летало во момент кога претседателот на САД, Доналт Трамп, полетувал со претседателскиот авион. Инцидентот се случил за време на самото полетување, по што надлежните веднаш вовеле т.н. „ground stop“ – целосен прекин на сите воздушни операции на аеродромот од безбедносни причини. Патниците биле информирани ...
Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид Курирдознава српскиот таблоид Курир. Лукас требало вечерва да одржи концерт заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, но наводно бил запрен при гранична контрола на аеродром. Раста и Гиле без проблем ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му бил забранет влез во земјата. Тој бил задржан на ...
На локалните избори во Србија се регистрирани инциденти и зголемено присуство на полициски службеници. Според медиумите, во Бор имало тепачка, а во Бајина Башта група мажи трчале по новинари кои поради својата безбедност се повлекле. Пријавени се и напади врз студенти и набљудувачи како и присуство на група активисти на владејачката партија. На самиот почеток, отворањето на поединечни гласачки места беше одложено бидејќи проблемот беше ...
На 28.03.2026 во 18:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.Ј.(41) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 66-годишна свекрва. На 29.03.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека на 28.03.2026 со тврд предмет била физички нападната од нејзината свекрва К.Ф.(66). На 28.03.2026 во 15:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар ...
Пронајдено е машко тело со прострелна рана од огнено оружје во близина на Виница, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство во Кочани од каде согласно првичните информации, починатото лице било идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов. Од кочанското обвинителство информираат дека се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјани – дел од истата ловна група заради испитување дали биле ...
На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени ...
Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот ...
Владините пресметки укажуваат дека од понеделник се очекува намалување на цените на бензините за околу два денара, додека цената на дизелот би можела да остане непроменета или минимално да се зголеми за околу половина денар. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со горивата е стабилна и засега нема потреба од воведување нови мерки. Според него, актуелната мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, која важи ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака на оптимизам во однос на економската динамика на државата, информирајќи дека реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал од 2026 година изнесува над 30 проценти, додека во секторот транспорт таа надминува 50 отсто. Автопатите под лупа: Предизвици со УНЕСКО и нови финансии За време на увидот во реконструкцијата на аеродромот „Св,, Апостол Павле“ во Охрид, премиерот појасни ...
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, преку видео објавено на социјалните мрежи информираше дека започна трансформацијата на Градскиот парк во Гостивар, во рамки на проектот „Поврзување на регионите”, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка (ИПА), во партнерство со Општина Гостивар. Овој проект предвидува низа инфраструктурни интервенции, со цел подобрување на квалитетот на живот на ...
Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување и напиша: “Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација. Продолжуваме да ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски. Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил ...
Жителите на општина Кисела Вода и околните населби алармираат за сериозно влошување на состојбата на патот кон Теферич, кој повторно е оштетен и небезбеден за сообраќај, иако беше саниран пред само неколку месеци. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според нив, во изминатите денови дошло до ново проширување на свлечиштето, при што коловозот е значително деформиран. На одредени делови асфалтот е ...
Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија реагираат на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“. Реакцијата на обвинителството следува ...
„Поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени” е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата. Со него и неговата Организирана криминална група Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните. Мицкоски со часовници од 60.000 евра, вредни 150 ...
Неделава времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Од УХМР велат дека од вторник под влијание на циклонска активност се очекува нестабилно време. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток, кога на одделни места се очекува да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен. На повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од снег. Во текот на неделата ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од ...
Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува реакцијата на ЗНМ и ССНМ. Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста. Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување. Јавното обвинителство ја прифаќа и ја ...
Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото – кај самиот граѓанин. Суштината на овие измени е да му се овозможи на секој поединец, уште за време на својот живот, кај избраниот матичен лекар доброволно и јасно да ја изрази својата волја дали по смртта сака да биде дарител на ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до меѓународната заедница и домашната јавност, нагласувајќи дека уставните измени не можат да бидат единствениот услов за напредокот на Македонија. Тој порача дека актуелната власт нема да прифати диктати доколку не бидат исполнети и останатите клучни детали од преговарачкиот процес. „Ако некој мисли дека промената на Уставот треба да биде услов, а во сè друго да бидеме најдобри, тогаш ...
Возач од Радовиш бил санкциониран откако со возило се движел со екстремно висока брзина на експресниот пат Штип–Радовиш, информираат од МВР. Инцидентот се случил денеска (29.03.2026) во 18:55 часот, кога полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, со помош на специјалното возило „пресретнувач“, измериле брзина од дури 178 километри на час. Возачот управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски ...
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2 март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Карпош. Јовановски се гони за неколку кривични дела: телесна повреда односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство. ...
Фудбалската треска на Косово станува сè поголема во пресрет на бараж дуелот Косово – Турција што ќе се игра на 31.март (вторник). Домаќинот Фудбалската федерација на Косово се соочува со сериозен проблем. Капацитетот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е 14.000 места, а побарувањата за влезници се десет пати поголеми и дека стадион со капацитет од 140.000 места би бил премал за да ги прими сите заинтересирани. Фудбалерите на Косово направија ...
Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мајами и успеа да постигне еден од од најтешките подвизи во тенисот – Саншајн Дабл. Белорусинката ги освои Индијан Велс и Мајами во рок од две недели, а загуби само два сета на двата турнира. Со овој успех, Сабаленка стана петтата тенисерка во историјата со ваков подвиг. Tаа им се приклучи на Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швионтек. Во финалето, во Мајами, Сабаленка ја победи Гоф ...
Возачот на Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари. Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, ...
Во спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи попладнево, во 17 часот по локално, односно 16 часот по македонско време, ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос, натпревар за кој од охридскиот тим велат дека се максимално подготвени и ќе го дадат својот максимум, јави дописничката на МИА од Атина. Спортската сала што машкиот ракометен тим на Олимпијакос од ...
Netflix повторно ги зголемува цените на сите свои претплатнички пакети, што влијае на милиони корисници во Соединетите Американски Држави. Обожавателите на документарци, ријалити серии и драми со голем буџет ќе мора да издвојат повеќе пари за да пристапат до својата омилена содржина, што предизвика бран незадоволство на социјалните медиуми. Нов ценовник за американскиот пазар Според новите цени објавени на официјалната веб-страница, ...
На сите им се случува да погрешат, но не сите подеднакво лесно го признаваат тоа. Кај некои луѓе, дури и кога ситуацијата е сосема јасна, потребата да останат доследни на својот став е посилна од подготвеноста да кажат дека згрешиле. Наместо признание, тие почесто се обидуваат да го одбранат својот став до крај или да ја насочат приказната во своја корист. Таквото однесување најчесто произлегува од гордост, потреба за контрола или страв ...
И оваа сабота од 21:00 часот, на 4TV ве очекува ново издание на емисијата „Планетите зборуваат“ со астрологот Наташа Јанковска. Продолжуваме да ги отвораме темите од астрологијата кои се важни за секојдневието – љубовта, работата, здравјето и личниот развој. Преку астролошките анализи, ќе се обидеме подобро да ги разбереме влијанијата што ги имаат планетите врз нашите животи и одлуки. Астрологијата не е само предвидување – таа е алатка за ...
Во време на жестока јавна дебата за влијанието на алкохолот врз здравјето, нова студија носи охрабрувачки вести за љубителите на вино. Прелиминарните податоци од големо истражување покажуваат дека умерената консумација на вино може да биде поврзана со помал ризик од смрт, особено од кардиоваскуларни болести, во споредба со пиењето пиво, жестоки пијалаци, па дури и целосна апстиненција. Истражувањата во последните години испраќаа ...
Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“, астрологијата повторно беше во фокусот како алатка за разбирање на човековата природа и внатрешниот свет. Во емисијата беше истакнато дека астрологијата, преку наталната карта, овозможува длабоко согледување на личноста, не само на свесно, туку и на несвесно ниво. Посебен акцент беше ставен на Месечината – една од двете „светла“ во астрологијата, заедно со Сонцето. Додека Сонцето го ...