Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT), објавено синоќа, изјави дека сака „да ја земе иранската нафта“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центарот на извозот на нафта од Иран, објавија Ројтерс и Би-Би-Си. „Да бидам искрен, моето омилено нешто би било да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите ова?“. Но, тие се глупави луѓе“, изјави ...
САД испратија дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот достигна над 50.000, околу 10.000 повеќе од вообичаеното. Зголемувањето на силите се случува во време кога претседателот Трамп ги разгледува следните чекори во едномесечната војна со Иран, пишува „Њујорк тајмс“ . Иако сè уште не е познато кои ќе бидат точните задачи на маринците од 31-та експедициска единица, ...
Син ја убил својата мајка во Росоман, а настанот за МИА го потврдиле од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт. „Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави Ратко Грков од Итната помош Кавадарци. Се очекува МВР и Обвинителството да излезат со дополнителни детали во ...
На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа ...
Стојанче Joвановски на почетокот на судскиот процес против него се изјасни за виновен за тоа дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, но дека не се чувствува виновен за наведување на самоубиство. Јовановски се товари за три кривични дела: Тешки телесни повреди, Загрозување на безбедноста и за наведување на самоубиство. Јовановски рече дека првите две дела ги разбира и дека прифаќа вина, но дека за третото не може да ...
Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата. Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.Имено, од почетокот на 2026 година, годишната стапка ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот. Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие. Тоа е „паричник анкетата”. Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот џеб колку пари имат. Е тоа е вистинската анкета ...
Цените на нафтата утрово надминаа 115 долари за барел, со отворањето на пазарите во Азија. Во моментов 8.30 часот по македонско време барел сурова нафта Брент се продава по цена од точно 155 долари. Истовремено, изминатите денови доларот зајакна во однос на останатите валути. Сето ова може да навести ново зголемување на цените на горивата во Македонија. Денес, Регулаторната комисија за енергетика треба да одржи седница на која ќе се ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Поради спуштање на нов многу поладен воздух од север кон јужна и кон југоисточна Европа, над јужна Италија а особено над Јонското море ќе дојде до формирање на длабок секундарен циклонски систем кој значително ќе влијае на времето кај нас во Македонија од вторник навечер 31 март 2026 па во деновите потоа условувајќи нови обилни врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд а на повисоките ...
Македонските велосипедисти добија прва мобилна апликација која има за цел да им помогне и поедностави патувањето со велоспиед низ градовите и надвор од нив. Апликацијата Travelers Cycling Македонија е целосно непрофитабилна и единствена цел и е да ги мотивира луѓето што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, со што би се зголемила сообраќајната култура, би се намалил сообраќајниот метеж по улиците, а како резултат на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна. Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва. Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања. Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во ...
Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Антикорупциската комисија не е институција што државата може да си ја дозволи само формално. Таа е нужна алка во демократскиот систем, но нужноста сама по себе не гарантира ефикасност. Прашањето не е дали ДКСК треба да постои, туку дали системската поставеност ѝ овозможува вистински да ја реализира својата суштинска мисија – спречување на корупцијата. Последните судски постапки ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешното обраќање пред јавноста остро го нападна Христијан Мицкоски за туркањето на земјата во изолација, по неговите изјави дека е подготвен да чека децении за членство во ЕУ. Порача дека иднината на државата е во ЕУ и дека граѓаните не смеат да бидат заложници на политики кои носат стагнација, сиромаштија, иселување на младите, криминал и корупција. „Го слушнавте ...
Љубица Стојаноска, мајката на Ивана која се самоуби под притисок тепање и закани од сопругот Стојанче Јовановски беше првиот сведок со исказ пред судот денеска. „Ја гледав Ивана модра по рацете, еднаш и со модро око, таа ми рече паднала од тротинет. Еднаш зетот ми се јави ноќе, Катја беше мала: ‘Тетка Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курвата!’ За 10 минути отидов кај нив ноќе во 1 часот. Беше многу жешко и спарно. Тој шеташе ...
На вториот програмски канал на Македонската радио-телевизија (МРТ) во петокот, во рамките на детската програма, била емитувана песна за „Голема Албанија“ насловена „Албански територии“. 13-годишното девојче, кое ја пееше пената, беше облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“. Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора… „Летај, летај, Албанијо, ...
Иако секој случај е индивидуален, а и секој регион е посебен, сепак, животниот век на луѓето во Европа и во Македонија покажува некоја линија на тенденција: жените живеат подолого од мажите. Евростат измери дека во земјите на ЕУ животниот век на мажите изнесува 76,6 додека на жените 81,5 . Во нашата земја, иако во просек живееме пет години помалку, сепак и тука соодносот на животниот век на мажите и жените е сличен. Последните податоци на ...
Италијанскиот остров Сардинија започна амбициозна програма за справување со депопулацијата, нудејќи им на новите жители неповратна финансиска помош до 15.000 евра. Мерката е одговор на сè поизразениот тренд на иселување на младите кон поголемите урбани центри, што доведе до значително празнење на руралните средини. Финансиската поддршка е наменета за купување или реновирање на имот во населени места со помалку од 3.000 жители, при што ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека „непријателот отворено испраќа пораки за преговори и дијалог, а тајно планира копнен напад“, додека не е свесен дека Иранците „го чекаат доаѓањето на американските војници на терен за да ги запалат и засекогаш да ги казнат нивните регионални партнери“. „Нашиот оган продолжува. Нашите ракети се на место. Нашата одлучност и вера пораснаа. Свесни сме за слабостите на ...
Западноевропските земји сè почесто разгледуваат можност за сместување мигранти во кампови на Западен Балкан. Сепак, ваквите идеи на терен предизвикуваат сериозни контроверзии и отпор, пишува Deutsche Welle. Во фокусот се најдоа и британските планови, откако медиумите објавија дека Велика Британија размислува да испраќа одбиени баратели на азил во таканаречени „центри за враќање“ во Македонија. Овие информации предизвикаа силни политички ...
Најмалку 17 лица загинаа, а 26 се повредени во изминатите 24 часа во катастрофални поплави, лизгање на земјиштето и грмотевици во Авганистан. 13 од 34 провинции во Авганистан беа погодени, претежно во западните, централните и северозападните делови на земјата. Бурата целосно или делумно уништи 147 куќи, уништи околу 80 километри патишта и уништи земјоделско земјиште и канали за наводнување, рече Хамад, според Танјуг. Оваа година, обилни ...
Милиони граѓани излегоа на улиците да протестираат против политиките на Доналд Трамп во САД и други делови од светот. Протестите се одржаа на повеќе од 3.300 локации во сите 50 американски сојузни држави, во рамки на движењето „No Kings“ („Без кралеви“), кое организаторите го опишуваат како ненасилен отпор против, како што велат, авторитарно владеење од Белата куќа. Демонстрациите истовремено се проширија и надвор од САД, со собири во ...
Глобалната економија e пред се поголема неизвесност додека војната со Иран продолжува да ескалира. Нападите и контранападите врз клучната енергетска инфраструктура во Персискиот Залив веќе создаваат ефекти што може да се чувствуваат со месеци, па дури и години. Во почетната фаза на конфликтот се случи силен нафтен шок, особено откако беше доведен во прашање протокот низ Ормуски теснец, преку кој минува околу една петтина од светската ...
АДАМА, производител на активни состојки и производи за заштита на посевите, потврди дека нивниот погон во Махтешим во јужен Израел бил погоден од иранска ракета или фрагменти од пресретната ракета, но немало извештаи за повредени, објави Ројтерс. АДАМА, дел од кинеската групација Сингента, соопшти дека обемот на штетата на погонот сè уште не е познат. Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека избувнал пожар во индустриска ...
По состанокот во седиштето на Северната команда на израелската армија во Сафед, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека акциите на Израел создаваат „видливи пукнатини во терористичкиот режим во Техеран“. „Иран повеќе не е ист Хезболах повеќе не е ист. Хамас повеќе не е ист“, рече тој. Додаде дека трите непријателски групи „се борат за сопствен опстанок“. „Наместо тие да нè изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме оние ...
Американскиот амбасадор Мајк Хакаби рече дека одлуката на Израел да им забрани на високите католички функционери да присуствуваат на службите за Цветници во Црквата на Светиот Гроб е „тешка за разбирање и оправданост“. Хакаби коментираше за одлуката на израелската полиција за X, наведувајќи дека „забраната за влез на латинскиот патријарх кардинал Пјербатиста Пицабала и тројца други свештеници да дадат благослов за Цветници во црквата е ...
Уметнички дела вредни неколку милиони евра се украдени од престижната фондација „Мањани Рока“ во италијанската област Парма. Кражбата се случила ноќта меѓу 22 и 23 март, кога крадците упаднале во Вила Мањани преку пробивање на влезната врата. Според информациите на италијанските медиуми, од „француската соба“ на првиот кат се одземени три ремек-дела на светски познати автори: „Риба“ од Пјер-Огист Реноар, „Мртва природа со цреши“ од Пол ...
Европските лидери ја осудија одлуката на Израел да го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим да влезе во црквата на Светиот Гроб и да сослужува литургија на празникот Цветници, оценувајќи го овој чин како прекршување на верските слободи и на статусот на светите места. „Спречувањето на влез на патријархот на Ерусалим и кустосот на Светата Земја, особено на празник кој е во центарот на верата како што се Цветниците, претставува навреда не ...
Два украински дрона се срушија во југоисточна Финска денеска претпладне, потврдија локални извори и Министерството за одбрана на земјата. „Дроновите залутале на финска територија. Ова го сфаќаме многу сериозно. Безбедносните власти веднаш реагираа. Истрагата продолжува, а подетални информации ќе бидат споделени откако ќе се потврдат фактите“, напиша министерот за одбрана Антти Хаканен на социјалната мрежа Х. Во тек е истрага Неколку мали ...