
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Лидерот на албанските демократи, Сали Бериша, на прес-конференција, обвини дека изборите на 11 мај се „најголемиот изборен грабеж во историјата“ и оти биле „диктирани од криминалот“. -Изборите на 11 мај беа диктирани од криминал, владините криминални банди беа активни во 10 региони на Албанија, во 20 општини во земјата под покровителство на 30 пратеници од криминалното мнозинство. Тие беа најограбувани, најнерегуларни избори во целата ...
Во првите три месеци од годинава странците купиле недвижен имот во Црна Гора за 113,5 милиони евра, што е за 21 отсто или 20 милиони повеќе во однос на истиот квартал лани. Сите други видови странски директни инвестиции се во пад, како што се инвестициите на странци во фирми и банки во Црна Гора, а се намалуваат и кредитите од странство за домашни компании. Ова го покажуваат податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) за периодот ...
Полицијата синоќа во 21.00 часот во скопски Аеродром, полициски ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ при продажба на стан. Како што се наведува во соопштението од МВР, 34-годишен скопјанец на В.С.Н. и исплатил 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, ...
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски. Б.И.(67) и С.Ж.(76), пак, ...
Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот по полноќ, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала, известија од МВР. Од страна на полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на ...
Поднесено е обвинение против 31-годишен државјанин на Македонија, осомничен за меѓународен шверц на кокаин. Како што соопшти хрватската Служба за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) завршена е истрагата и поднесено е обвинение до Окружниот суд во Осиек против државјанинот на Македонија, кој беше уапсен минатата година на граничниот премин „Бајаков“. Според обвинението, од почетокот на 2021 година до ноември 2024 ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на ...
45-годишен жител на Тетово, како и двајца тинејџери од селото Шипковица, од кои еден е малолетен, добија кривични пријави поради тоа што најпрво тетовчанецот го тепал 18-годишното момче, по што тоа викнало другар и заедно, носејќи автоматска пушка, отишле кај куќата на тепачот, соопшти МВР. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „противправно ...
„Економијата постепено закрепнува од шоковите, а нивото на доход изнесува околу 42% од европското. За побрза доходовна конвергенција и за намалување на овој јаз важни се структурните реформи со кои ќе се зголеми потенцијалот за раст којшто во изминативе две декади во регионот на Западен Балкан, вклучително и во нашата економија, е речиси преполовен. А потенцијалот за раст може да се зголеми само преку вложување во човечки капитал, каде што ...
Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите откако се укинаа мерките кои важеа до крајот на април, рече денес министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој денес кажа дека официјалните податоци за изминатиот период додека беа замрзнати маржите покажуваат намалување на инфлацијата. „Официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата за април е практично ...
Нивото на јавниот долг на земјава на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од вредноста на националниот БДП, што е за речиси 24 процентни поени пониско во споредба со просечниот долг во ЕУ и за над 30 поени под должничките обврски на Еврозоната. Македонскиот власти очекуваат во наредниот период јавниот долг да продолжи да се намалува, и како што најави премиерот Христијан Мицкоски, со продолжување на оваа тенденцијата ...
„Силна институционална и оперативна независност на централната банка е суштински предуслов за стабилна монетарна политика и заштита на економската стабилност”, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Анет Кјобе, во интервју за МИА. Таа истакна дека стабилната основа на која е поставена монетарната политика на Народната банка овозможува успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и контрола на ...
Соопштение на СДСМ: Цените во маркетите продолжуваат да се искачуваат до нереално високи нивоа, а зголемувањата достигнаа и до 60%. Овие астрономски цени не се само рекорди, туку и показател за неуспехот на актуелната влада во управувањето со економијата, дури и во најтешките периоди како што беше енергетската криза. Како што предупредувавме, мерката за замрзнување на маржите се покажа како краткорочна и неефикасна. СДСМ веќе од почетокот ги ...
Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија. Ова го наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во новото издание на Е-билтен на Македонската банкарска асоцијација. ...
Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките на преземените макропрудентни мерки, начинот на нивното одредување, како и ефектите од нив. Преземените макропрудентни мерки беа насочени кон исполнувањето на посредните цели на макропрудентната политика за зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем и ограничување на структурните ...
Соопштение на Левица: Иако Владата се фали со „успешни мерки” за стабилизирање на цените, реалноста на терен е сосема поинаква: народот преживува, а профитерите се богатат. Основните производи секојдневно поскапуваат, сè повеќе луѓе купуваат „на парче”, додека функционерите продолжуваат да јадат на државна сметка. По укинувањето на мерките за замрзнување на цените и ограничување на маржите на над 1.000 производи, граѓаните го почувствуваа ...
Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што ќе почне денеска во Скопје. Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и ...
Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025. Самитот беше официјално отворен со поздравни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Брисел учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и регионалните партнери, на кој присуствуваат претставници на членките на Унијата и на земјите од Западниот Балкан, на Грузија, Молдавија, Турција и на Украина. Економскиот и финансиски дијалог е годишен состанок на ЕУ и партнерите посветен на прашања од сферата на економската политика. Фокусот на ...
Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета монетарната политика се стабилизира, но и дека ризиците и натаму се присутни. „Монетарната политика беше во правец на затегнување како одговор на она што се случуваше со инфлацијата, посебно во 2022 и 2023 година. Во 2022 година просекот на инфлацијата изнесуваше 14,2, потоа 9,5 во текот на 2023 година. И сега ја имаме една стабилизација, но ризици се уште постојат. Меѓутоа, кога започнаа да ...
Арбен Таравари и официјално ја напушти владината коалиција и со тоа во денови се брои неговиот мандат како министер за здравство. Во јавноста веќе се шпекулира кој би го зазел неговото место. Иако кружеа информации дека ќе се случи извесна ротација, односно ВРЕДИ да го препушти Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и за сметка на тоа да го добие Министерството за образование, сепак последните информации говорат дека ВРЕДИ ќе остане без ...
Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година и истите изнесуваат 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за ...
Соопштение за јавност на СДСМ: После една година од изборите и речиси цела година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ заклучокот за меѓународната политика и дипломатијата е поразителен: Ниту едно предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ не е исполнето. Ветуваа променета и подобра преговарачка рамка за членство во ЕУ, ветуваа подобра меѓународна позиција на Македонија, ветуваа силна надворешна политика и нови меѓународни успеси. Реалноста е сосема ...
Смена на четири судии и две години во неизвесност за семејството Цветкоски, кои утре ја очекуваат пресудата од Основниот Суд Битола, по сообраќајната несреќа во која животот го загуби нивната сопруга и мајка, Анета која беше прегазена со велосипед од страна на лицето Димитар Петрески – полициски службеник. Според она што за 24Инфо го истакна Игор Мицев, адвокатот на семејството Цветкоски, сообраќајната несреќа се случила на ден 09-06-2023 ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Да испратам една порака до сите пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа политичка генерација, актуелна предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија. Без разлика дали Таравари ќе трча ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција. „Овој чекор на Таравари беше ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени. Од четврток кон крајот на денот, во текот на ...
Во Скопје денеска ќе биде отворен дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик „Гнездо“. Ова е прв центар од ваков тип во Северна Македонија, иницијатива посветена на јакнење на децата и семејствата во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“, како што се посочува во соопштението од здружението Новинари за човекови права, е основан со поддршка од австриското Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, денеска ќе организира настан посветен на справувањето со детската сиромаштија и социјалната исклученост. Како што е најавено, ќе ги претстави клучните наоди за најранливите групи деца и препораки за политики за сеопфатен пакет на услуги што треба да се разгледаат во рамките на Европската гаранција за деца во земјата. На настанот ќе бидат претставени и искуства ...
Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во рамки на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ). Конференцијата е во заедничка организација на ...