Навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, в сабота во Скопје ќе протестира како знак на револт поради неможноста организирано да присуствува на квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Србија во Тирана. Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ од 20:45 часот, терминот за кога е закажан почетокот на натпреварот меѓу двете балкански селекции. На „Шверцери“ не им биле доделени билети од Фудбалската федерација на Албанија и затоа се ...

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите патници дека по повод верските празници Духовден и Курбан бајрам, во текот на трите дена од продолжениот викенд (6.6. 2025 година-8.6.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред. В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. В петок и в недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација во Транспортниот центар, со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...

САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата. – Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда на Хамас и ако не биде повикан да се разоружа и да ја напушти Газа, изјави пред гласањето вршителката на ...

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во стампедо во Бангалор, Индија, за време на прославата на шампионатот на крикет клубот Ројал Челинџерс, објави „Асошиејтет прес“. Десетици илјади навивачи се собраа пред стадионот за да го прослават првиот трофеј на Челинџерс во индиската Премиер лига. Трагедијата се случи кога толпата се обиде насилно да отвори една од вратите на стадионот и да влезе внатре за да учествува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум ...

Меѓу 19 и 23 милиони тони пластичен отпад истекуваат во водните екосистеми годишно, а без итна акција, оваа бројка се очекува да се зголеми за 50 проценти до 2040 година. Загадувањето со пластика го контаминира секој агол на планетата, загрозувајќи ги екосистемите, дивиот свет и здравјето на луѓето. Микропластиката се наоѓа во храната, водата и воздухот, при што се проценува дека едно лице просечно внесува над 50.000 пластични честички ...

Американски претседател Доналд Трамп побара истрага за наводната употреба на т.н. „автопен“ од страна на Џо Бајден во последните денови од неговиот мандат. На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече користењето на автопенот од страна на Бајден „најголем политички скандал во историјата на САД“. Тој тврди дека предвремените помилувања што Бајден ги потпишал биле неважечки бидејќи биле потпишани со помош на автоматизирана машина – ...

Авион на авиокомпанијата Рајанер што летал од Берлин кон Милано принудно слета на аеродромот Меминген во Германија откако наиде на силни турбуленции предизвикани од бура. Според информациите на германската полиција, седум патници се здобиле со полесни повреди, а двајца се пренесени во болница поради потешки повреди, јави ДПА. -Никогаш досега не сум почувствувал таков страв. Во тој момент мислев дека авионот ќе се распадне, изјави еден од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи во врска со неговиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин. – Многумина разговараа со Русија на различни нивоа. Но, ниту еден од овие разговори не донесе сигурен мир, па дури ниту ја запре војната. За жал, Путин чувствува неказнивост. Дури и по сите ужасни напади на Русија, тој наводно подготвува уште таканаречени ...

Телата на двајца израелски заложници се извлечени за време на воена операција во Појасот Газа, пренесе ДПА. Жртвите се идентификувани како 72-годишниот Гади Хагаи и неговата 70-годишна сопруга Џудит Вајнштајн. – Заедно со сите граѓани на Израел, мојата сопруга и јас им изразуваме искрено сочувство на семејствата. Нашите срца тагуваат поради оваа страшна загуба. Нека нивните спомени бидат благословени, рече израелскиот премиер Бенјамин ...

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вчера се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, објави државната агенција КЦНА. Како што пренесе Ројтерс, Ким ветил безусловна поддршка за ставот на Русија за Украина и други меѓународни прашања. „Ким Џонг-ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја ќе продолжи безусловно да го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика“се вели во ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) одлучија дека на едрилицата „Мадлин“ нема да ѝ биде дозволено да се приближи или да се закотви на брегот на Појасот Газа, објави израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН. Висок израелски извор од одбраната ја потврди информацијата за „Џерусалим пост“, додавајќи дека се очекува министерот за одбрана Израел Кац да донесе дополнителни одлуки во четврток. Бродот превезува 12 пропалестински активисти, ...

Германската армија, Бундесверот, треба да регрутира до 60.000 нови активни војници за да ги зајакне своите одбранбени способности согласно целите на НАТО, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус, јави ДПА. Министрите за одбрана на НАТО се состануваат во Брисел за да се договорат за нови цели за воените капацитети за одвраќање и одбрана. Германија со години се соочува со предизвици во проширувањето на својата војска, при што на ...

Соња Миротиќ има 57 години, а Марко 69, и се од селото Грбавци кај Подгорица. Тие го добија своето прво дете, девојче кое го нарекоа Богдана, по две децении голема борба, а својата среќа и возбудување поради тоа не ја криеја. Со својата приказна покажаа дека никогаш не е доцна ако доволно верувате, и им дадоа поттик на многу парови кои се соочуваат со слични предизвици. За сето тоа зборуваа и во емисија на српската телевизија ТВ Прва. „Не ...

Белгија издаде предупредување дека е пронајден форматенат во замрзнати јагоди од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Како што е наведено, консумирањето на тоа овошје би претставувало сериозен ризик за здравјето на луѓето, е наведено на веб-страницата на RASFF. Ова не е првпат оваа година Белгија да се соочи со проблем со овошје од Србија. Во јануари, пронајде ...

Бугарија ги исполни условите за усвојување на единствената валута на Европската унија – еврото – од 1 јануари 2026 година, со што стана 21-ва членка на еврозоната, објави денес Европската комисија. Официјалната одлука за влез на Бугарија во Еврозоната треба да ја донесат министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на 8 јули, но не се очекува противење, бидејќи Софија ги исполнува сите технички критериуми. Европската централна банка, исто ...

Tурските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот цвеќе Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството ...

Очекувањата се дека Plazma ќе биде достапна на сите продажни места во следниот месец, во количини што ќе ја задоволат побарувачката и очекувањата на потрошувачите. Драган Стајковиќ, генерален директор на Bambi: „За помалку од една година од пожарот, изградивме нов модерен погон и се вративме на 100% капацитет. Ова е резултат на посветеноста и вербата на нашите тимови. Благодарност до потрошувачите и партнерите за трпението и љубовта – Plazma ...

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 07:18 часот во Егејското Море, Грција. Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” по член 24 во врска со кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот ...

На 04.06.2025 во 13.50 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(46) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија. dobivaj vesti na viber Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода жителка на Штип, која малолетниот внук го принудувала да питачи во Дебар. Вчера во 12.15 часот, полициски службеници, ја лишија од слобода Д.Д. (57) од Штип која претходно го присилила нејзиниот малолетен внук да питачи на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Дебар, адвокат за малолетничка деликвенција и на ...

Во периодот од 2-3 јуни 2025 година, делегација од Управата за јавни приходи, предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета во Република Турција со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на оданочувањето и надворешната контрола. За време на посетата беа одржани средби со претставници на Турската даночна администрација (Turkish Tax Administration of the Ministry of Treasury and Finance of the ...

3,2 проценти е растот на БДП за првиот квартал од 2025 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со тоа Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено ова значи дека растот е поголем за три пати повеќе од лани. Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е ова да продолжи, затоа носиме политики кој ја поттикнуваат економијата ...

Новата правна рамка за платните системи во земјава создаде основа за зајакнување на конкуренцијата во платежната индустрија и намалување на трошоците за прифаќање дигитални плаќања во малопродажбата. Во своето излагање на конференцијата во организација на „Блумберг Адрија”, директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи при Народната банка, Игор Величковски, посочи дека во 2024 година просечниот надоместок што ...

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на Министерството. Првиот информативен ден, како што информираат од Министерството, ќе се одржи денеска во ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
33%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.66
37%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
36%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.24
50%
1009
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
44%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
8.23
25%
1005
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
48%
1009
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
29%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.57
32%
1008
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
5.66
41%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
11.32
35%
1007
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.59

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14883.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1231.20

Злато

108166.09

Бакар

11.10

Паладиум

38355.84

Платина

45412.20

Родиум

183259.26

Цинк

2.71