Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср, потврди клубот во објава на своите социјални мрежи. Легендарниот Португалец потпиша договор до јуни 2027 година. Тогаш ќе има 42 години. Кристијано затоа одлучи да остане лидер на проектот во Ал Наср и долгорочниот план на Саудиската професионална лига. Португалската суперѕвезда се приклучи на Ал Наср во јануари 2023 година, откако го заврши својот втор престој во Манчестер Јунајтед. ...

По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ, Ал Хилал и Интер Мајами. 28 јуни ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и на 29.06.2025 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30.06.2025 година (понеделник) ќе почне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира од 30.06 (понеделник) до 03.07.2025 (четврток), ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на социјалните мрежи упати остра реакција кон министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Реакцијата доаѓа по денешната седница за пратенички прашања на кој мнистерот одговараше за дивоградбите во Чаир. „Ќе му пише ли некој на неписмениов што глуми министер дека Град Скопје СОГЛАСНО ЗАКОН е единствена од 81 општина што НЕМА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА (пак да потенцирам за ...

Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец. „Денеска се враќаат војници од армијата, Националната гарда и граничната служба“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“, додавајќи дека повеќето од нив биле заробени уште од почетокот на инвазијата во 2022 година. Руското Министерство за одбрана ја потврди размената, која според ...

Како и на претходните Самити и на денешниот во Брисел, лидерите на земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус за предложените заклучоци за Украина. Во усвоениот текст што ќе биде вклучен во завршните заклучоци од Самитот се посочува дека Европскиот совет ги разгледа најновите случувања во врска со Украина, дека разменил мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ќе се врати на ова прашање на својот следен состанок. Сепак, ...

Во последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 79 лица, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу загинатите се и 33 лица кои биле погодени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош. Палестински сведоци тврдат дека израелските сили редовно отвораат оган врз цивили кои се приближуваат до пунктовите за храна. Израелската армија, пак, соопшти дека станува збор за предупредувачки истрели кон лица кои ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи ги обвини САД дека ги поткопуваат дипломатските напори и изјави дека на Вашингтон повеќе не може да му се верува. Багаи го истакна правото на Иран да користи нуклеарна енергија за мирни цели, во согласност со Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Во интервју за „Ал Џазира“, тој ги коментираше последиците од израелските воени акции против Иран, поддржани од САД, ...

Иран во моментов нема планови за средба со САД, изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во интервју за иранската државна телевизија. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон планира да разговара со Иран за неговата нуклеарна програма веќе следната недела. Шефот на иранската дипломатија изјави дека Техеран размислува дали разговорите со САД се во негов интерес, откако пет рунди разговори беа ...

На јунскиот Самит на ЕУ се фокусиравме на тоа како да обезбедиме посилна позиција за Европската Унија на глобалната сцена преку зајакнување на европската одбрана, зацврстување на партнерствата и зајакнување на конкурентноста на Европа, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на прес-конференцијата одржана денеска нешто по полноќ, по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади за членките на ЕУ. – Во НАТО, 23 земји ...

Најмалку 18 Палестинци се убиени откако израелски напад со беспилотно летало ја таргетирал полициската единица на Хамас, која се обидувала да воспостави контрола врз пазарот во градот Деир ал-Балах во централна Газа, изјавија за Би-Би-Си доктор и очевидци. Очевидци изјавија дека израелските беспилотни летала пукале кон припадници на полициските сили на Хамас, облечени во цивилна облека и маски, кои се соочувале со продавачи кои ги обвинија ...

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на патот кон членство во ЕУ, се наведува во заклучоците од јунскиот Совет на Европската Унија посветени на регионот. – Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги. Иднината ...

Трагедија се случи на плажата во Ханиоти, на првиот крак на Халкидики, каде што 19-годишен државјанин на Македонија го загуби животот по давење во морето. Според информациите на грчката Крајбрежна служба, момчето било извлечено во безсознание од водата во попладневните часови и веднаш започнала реанимација на самото место. Спасувачка присутна на плажата реагирала веднаш и започнала со укажување прва помош и употреба на автоматски ...

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед. На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според ...

Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе се одржи настан организиран од Лидл Северна Македонија посветен на развојот, извозот и сертификацијата на локалното производство на овошје и зеленчук. На настанот ќе се обратат Милена Драгиска-Денчева, извршна претставничка на Лидл, Михал Харари, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и Јан-Аксел Фос, заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. ...

Инсистирањето на Владата на Северна Македонија да го реотвара прашањето за јазикот во Резолуцијата на Европскиот Парламент само ќе доведе до повторно отворање на едно веќе затворено прашање, што резултира со внесување на нови и штетни квалификации, смета пратеникот Арбер Адеми од ДУИ. Според него, токму Бујар Османи со поддршка на Владата и Собранието го постигнал она што ниту Љубчо Георгиевски во 1999, ниту Заев во 2017 не успеале да го ...

Поранешниот вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ откри дека во овој период тој е ангажиран во три различни држави на проекти за поддршка на интегрирањето во ЕУ. „Веќе некое време работам во три различни држави на проекти за помош на Владите за европските интеграции, конкретно на преговрачките тимови и министрите надлежни за преговори. Во Молдавија сум ангажиран најмногу, таму имам ...

Соопштение за јавност на СДСМ: На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик. „Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче. Тој потсети на конкретни документи кои јасно го ...

За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на 9 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот. Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 26 јуни 2025 година во Скопје го одржа своето редовно годишно неизборно собрание, на кое едногласно беше усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство. Со оваа декларација, ЗНМ упати јавен апел до политичките чинители, институциите и јавноста за почитување на слободата на медиумите и улогата на новинарите. Во документот се повикува на воздржаност од навреди, дисквалификации и ...

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани дали ќе постапи согласно неговите надлежности и дали ќе го санкцнионира своеволието на корумпираните службеници во меѓуопштинскиот центар во Скопје кои постапуваат спротивно на судско решение и го тргаат на страна интересот на четиригодишно дете. ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните ...

Законодавниот дом денес ќе одржи две пленарни сесии – 58-та и 55-та. На агендата на 58-та сесија се нацрт-законите кои се дел од Реформската агенда: „Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт“, „Предлог на законот за електронските комуникации“, „Дополнетиот предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи“, „Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски ...

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. – Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час). Многу поголема ...

Од 20 до 26 јули, Скопје и Куманово ќе го добијат своето најголемо спортско, културно и младинско доживување досега – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе ги обедини младите спортисти од 50 различни европски делегации во духот на фер-плејот, пријателството и заедништвото. Овој исклучителен спортски настан не е само спортски натпревар – тоа е европска приказна што Македонија ја раскажува преку младоста, ...

Протекоа детали од поканата за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез. ABC News добил дел од свадбената покана на Безос и Санчез, која беше испратена до гостите во мај пред претстојната свадба на двојката во Венеција. Поканата содржи илустрации на птици во лет, пердуви, пеперутки и гондолиери. Додека позадината на поканата е целосно бела, нејзините украси имаат светло розови и сини детали. Двојката ги замоли гостите да не носат никакви ...

Деменцијата е една од најпредизвикувачките болести на совремието, а бројот на заболени ширум светот е во пораст. Докторите предупредуваат дека, покрај правилната грижа за мозокот, којашто вклучува ментално-когнитивни вежби, физичка активност и здрава исхрана, важно е да се знае и која храна да се избегнува. Научните истражувања покажуваат дека одредени видови храна може да ја зголемат опасноста од развој на деменција и да го забрзаат падот ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
28%
1018
weather icon

Белград

36ᴼ / 33ᴼ
3.6
29%
1018
weather icon

Загреб

34ᴼ / 31ᴼ
2.06
38%
1019
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
22%
1019
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
18%
1018
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
2.06
49%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.75
24%
1015
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
23%
1016
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
16%
1016
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.12
24%
1020
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
5.14
28%
1019
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1019
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.61

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14885.00

Рутениум

26299.31

Калај

34.06

Сребро

1233.32

Злато

109245.92

Бакар

9.01

Паладиум

35944.53

Платина

42845.44

Родиум

227466.53

Цинк

2.81