Илјадници луѓе демонстрираа во Тел Авив и други израелски градови синоќа во корист на ослободувањето на сите заложници што сè уште ги држи Хамас во Појасот Газа. -Пред шест месеци, повторно го видов сонцето по 471 ден во тунелите на Хамас и го зедов првиот здив што не беше само страв, рече поранешната заложничка Дорон Штајнбрехер, зборувајќи на централниот митинг во Тел Авив, според „Тајмс оф Израел“. „Сега, шест месеци подоцна, сè уште не ...

Бројот на жртви во Јужна Кореја се искачи на 14, а уште 12 лица се водат како исчезнати откако поројните дождови предизвикаа свлечишта и поплави кон средината на неделата. Дождот веројатно ќе престане подоцна денеска и ќе биде проследен со топлотен бран, соопшти владината метеоролошка агенција на Јужна Кореја. Поројните дождови што претходно ги погодија јужните делови од земјата се поместија кон север преку ноќ, додаде јужнокорејската ...

Британската полиција вчера приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“ пред парламентот во Лондон, соопшти полицијата. Демонстрантите на плоштадот на Парламентот носеа транспаренти во поддршка на организацијата, која беше забранета претходно овој месец според антитерористичките закони на земјата. Учесниците на митингот, кои носеа кефии (традиционални карирани палестински црно-бели шалови), беа ставени во ...

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами за полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток откако два силни земјотреси, од кои поголемиот со јачина од 7,4 степени, го погодија блискиот Тихи Океан рано утрово. Посилниот земјотрес бил на длабочина од 20 км, а неговиот епицентар бил 144 км источно од рускиот град Петропавловск-Камчатски, кој има население од околу 180.000 жители. Неколку минути ...

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се движи кон мирно решение за Украина, но главната цел на Москва е да ги постигне своите цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија во изјавата емитувана денеска за водителот Павел Зарубин. Песков рече дека светот се навикнал на понекогаш „острата“ реторика на Доналд Трамп, но истакна дека американскиот претседател, исто така, во своите коментари за ...

Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, кој летал кон Атланта, мораше итно да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако се појавил оган во левиот мотор веднаш по полетувањето. Станува збор за авион од типот „Боинг 767-400“, кој безбедно слета, а противпожарните служби веднаш интервенираа и го изгасија пожарот. Инцидентот се случил додека леталото било над Тихиот Океан, набргу по напуштањето на меѓународниот аеродром ...

Израелската армија ги проширува своите операции во градот Деир ал-Балах во центарот на Појасот Газа, според изјавата на портпаролот на армијата, кој денеска ги повика жителите да ја напуштат областа во објава на „X“. Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат „интензивно да работат за елиминирање на терористите и демонтирање на терористичката инфраструктура во областа и ги прошируваат своите активности во нови области, се вели во ...

Комесарот за правда на ЕУ изјави дека е шокиран од токсичноста и опасностите од некои од производите што ги продаваат „Шеин„ и “Тему“. Неговите коментари доаѓаат во време на репресија на Брисел врз популарните кинески платформи за малопродажба. 12 милиони пакети со ниска вредност пристигнуваат во ЕУ секој ден од онлајн трговци надвор од блокот. Комесарот Мајкл Мекграт вети дека ќе преземе мерки против продажбата на стоки што очигледно го ...

Палестинското министерство за здравство соопшти дека 73 лица се убиени денеска во различни области на Појасот Газа додека се обидувале да добијат хуманитарна помош. Најголем број жртви имало во северна Газа, каде што најмалку 67 Палестинци биле убиени чекајќи хуманитарна помош, според Министерството за здравство и локалните болници. Повеќе од 150 лица биле ранети, од кои некои се во критична состојба, соопштија локалните болници. Претходно ...

Поради голем напад со украински беспилотни летала врз Русија, големите аеродроми во Москва беа привремено затворени, што доведе до откажување на најмалку 140 летови, соопштија официјални лица. Според руското Министерство за одбрана, од саботата наутро биле соборени повеќе од 230 украински беспилотни летала над руска територија, од кои 27 над главниот град. Руската агенција за воздухопловство соопшти дека биле погодени четирите главни ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува по труењето со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните три дена. Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија. „Согласно укажувањата од докторите, ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека секојдневно има кибер-напади од Иран врз државните институции. Од градот Берат, на состанок со претставници на технолошкиот сектор, Рама рече дека не може да се дозволи напади врз институции, како банки или приватни болници. – Во војна сме, имаме систематски напади секој ден. Не можеме да го дозволиме ова. Утре би можеле да нападнат банка, болница, тоа би можело да биде голем проблем, посочи Рама, ...

Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум. Законот им дава право на пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина. Ова право ќе може да се примени и во случаи кога од лекувањето не се очекува закрепнување или подобрување на ...

Еден од најголемите босански актери и писатели, Јосип Пејаковиќ, почина синоќа на 78-годишна возраст по долго и тешко боледување. Веста за неговата смрт ја растажи целата јавност во регионот, која го памети по неговите култни монодрами, но и по неговата неверојатна животна приказна и нескршливиот дух со кој се бореше против болестите. Во едно од своите последни големи интервјуа, тој детално ја раскажа својата голгота, откривајќи дека ...

Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, а надлежните институции спроведуваат мерки кои опфаќаат задолжителна вакцинација на добитокот, а луѓето кои биле во контакт со него ќе примат антибиотик, соопштено e на вонредна прес-конференција во Загреб. Месото од животните од фармите каде е заразен добиток не смее да се консумира, пренесуваат хрватските медиуми. Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ истакна дека ...

Вкупно 2.799 кривични пријави се поднесени во Србија лани поради злоупотреби во економијата. Тоа е 3,8 проценти од сите поднесени кривични пријави во државата. Во исто време, имало значително помалку обвинети криминалци – 851, објави Форбс Србија. Најмногу осомничени има во Белград – 991. Извештајот на Републичкиот завод за статистика на Србија открива дека имало 772 во Војводина, 710 во Шумадија и Западна Србија, а 326 во Јужна и Источна ...

Еден маж е почина, а друг е полесно повреден во удар од гром во Беране, Црна Гора, објави РТЦГ. Полицијата во Беране соопшти дека бурата ги затекнала двајцата на планината каде што балирале сено и дека се засолниле во колиба. „Потоа удри гром. Среќа е што немаше повеќе жртви или повредени бидејќи на истото место имаше неколку жители на тоа село Беране“, објави полицијата. Несреќата се случила околу 17 часот, а во тој момент Беране го зафати ...

Вчеравечер (18/19.07.) во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово. При акциската контрола од аспект на работата на полициските службеници ...

Тешка трагедија се случи денеска во АС кампот во Струга, каде едно лице на возраст од 40 години се удави додека се капело во водите на Охридското Езеро, објави Шило Магазин. Според првичните информации, настанот се случил во попладневните часови, кога присутните забележале дека лицето не излегува од водата и веднаш реагирале. Од водата бил извлечен маж, по што веднаш, започнала реанимација од страна на присутни лица и повиканите медицински ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на ...

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излетал од коловозот на автопатот Табановце-Куманово и починал на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово. – Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. ...

Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било ...

Денеска (20.07.) во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица а врз основа на чл. 297 –а од КЗ на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило”). Така во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) село Јачинце, кумановско, заради тоа што при контрола во патниот сообраќај, откако полициски службеници го ...

На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесет годишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А. За ...

На 19.07.2025 во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје. На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје. Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99″ калибар 9мм и ...

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње. При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен ...

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, откако беше пронајдено безживотно тело на маж. Фотографии испратени до редакцијата на OhridPress го прикажуваат местото на настанот опколено со полициски ленти, додека форензичарите собираат траги. Засега не се соопштуваат детали за ...

Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои извршуваат увид. Според првичните, неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на лицето ...

Влеравечет, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои извршуваат увид. Според првичните, неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на ...

Земјоделските производители да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, зашто високите температури значително влијаат на нивото на влагата во почвата, предупредуваат агрометеоролозите. Топлото време, посебно најавениот бран со над 40 степени што се најавува за претстојната недела ќе се одрази, велат, и врз повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Некои ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
42%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.35
41%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.71
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
48%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
12.35
47%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048