Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ...
На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година покажува јасна промена во распределбата на јавните средства, при што дополнителниот фискален простор е насочен кон области кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и економскиот развој. Наместо рамномерно зголемување на расходите, Владата определува приоритети здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството и капиталните инвестиции добиваат најголем дел од дополнителните ...
На ден 04.08.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен пожар: Општина Кавадарци: с. Раец – с. Ќесендре – с. Дреново (нискостеблеста шума и ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Прилеп: ул. Дебарска, кај м.в. Теќе (депонија); Општина Теарце: с. Шемшово – с. Сиричино (ѓубре); ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, денес ги повика властите да ги засилат напорите за помош на населението погодено од рекордниот топлотен бран во земјата, нарекувајќи го национална катастрофа. Досега, 19 смртни случаи се припишани на тешките временски услови. Зборувајќи на состанок на кабинетот, Ли им нареди на службениците да преземат неопходни мерки за да им биде побезбедно на луѓето да ги извршуваат секојдневните задачи и да ...
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со ...
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука. Од вечерва на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар. Цената ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Максим Димитриевски се обидува да објасни дека ЗНАМ постои. Сите знаат дека не постои. ЗНАМ постои само во договор меѓу Максо и Мицкоски. Создаден и финансиран од Мицкоски за да го ослабне тогашниот СДСМ и да ги подели гласовите на опозицијата. Мицкоски дојде на власт со лаги и со лажна опозиција која денес е дел од тендер-коалицијата. ЗНАМ прво ја предаде сопствената партија. Потоа ги предаде своите ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на Собранието во центарот на Скопје, при што, според првичните информации, повредени се две лица. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман. Во судирот учествувале две ...
Најмалку пет лица се убиени, а шест се повредени утрово во украински напад со беспилотно летало врз Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Воробјовиг објави на Телеграм дека по нападот со украински дрон врз Московскиот регион, во индустриската зона Новоселки избувнале неколку пожари, од кои најголемиот бил во магацин и веќе е изгаснат. Тој истакна дека нападите оштетиле и електрична трафостаница и ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот М. Д. во ...
Соопштение за јавност на ЛДП: По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ...
Соопштение за јавност на Левица: На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе”, а вината за безнадежноста повторно ја побара кај опозицијата. Нема поголем политички цинизам од ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од околу 14 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 35 до 41 степен, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови на земјата. Во Скопје пак, се очекува сончево време со температура до 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој повремено ќе биде ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна? Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – ...
Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012). Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковскисе истакнати музички педагози ...
Карго брод е погоден од „непозната ракета“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, објави Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, соопшти UKMTO, без да даде детали за штетата или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек. Иранската влада бара бродовите низ Ормутскиот теснец да пловат по иранскиот брег, ...
Соопштение за јавностна СДСМ: Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда” беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но ...
Европол предупредува на нов и сè поопасен модел на организиран криминал кој забрзано се шири низ Европа. Криминалните мрежи сè почесто ги користат социјалните мрежи и шифрираните апликации за да регрутираат тинејџери и ранливи млади луѓе за извршување тешки кривични дела, вклучително и убиства, претставувајќи им ги задачите како да се дел од видеоигра. Во фокусот на истрагата е шведската криминална мрежа „Фокстрот“, која, според ...
Полицијата го расветли случајот со насилството во Гостивар, откако по објавувањето на видео-снимка на социјалните мрежи беа преземени интензивни мерки и активности за идентификување на учесниците во инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 август 2026 година во 22:20 часот, во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден, околу 02:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, ...
Скопје денеска се соочи со екстремно високи температури, а во попладневните часови беа измерени 40 степени Целзиусови. Фотографија испратена до нашата редакција покажува дека во 14:16 часот термометарот во автомобил регистрирал температура од точно 40 степени, што е уште една потврда за силниот топлотен бран што го зафати главниот град. Високите температури го отежнуваат движењето и престојот на отворено, особено во периодот од пладне до ...
Нискиот крвен притисок, познат и како хипотензија, не секогаш предизвикува јасни симптоми, а кај некои луѓе може да помине целосно незабележано. Сепак, лекарите предупредуваат дека во одредени случаи може да биде знак за посериозен здравствен проблем и не треба да се игнорира. Според експертите од Клиниката „Мајо“, причините за низок крвен притисок се различни – од дехидрација и недостаток на хранливи материи до срцеви, хормонални или ...
Трагичен крај доби потрагата по 28-годишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која исчезна на 25 јули за време на престојот во Белград. Нејзиното тело беше пронајдено во куфер фрлен во каналот Визељ, во населбата Падинска Скела, а за убиството е осомничен 25-годишен турски државјанин, кој беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ додека се обидувал да ја напушти Србија. Според српските медиуми, Људмила пристигнала од Санкт ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи застој и отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница објави 4news.mk. Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот бил во движење. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е целосно зафатен од пламен, додека густ чад се издига над автопатот. Поради ...