Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Средба ќе се одржи со грчките земјоделци во понеделни, под услов патиштата да останат отворени. Мнозинството од грчките земјоделци во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис бидејќи не беа исполнети нивните предуслови за средба, но по вчерашниот состанок одговорија позитивно на поканата за дијалог. Земјоделците од сите 62 блока низ цела Грција вчера одржаа состанок и одлучија нивна делегација од 25+5 лица, претставници на ...
Синдикатот на естрадни уметници и изведувачи го осуди инцидентот на концертот на Ана Бекута за време на православната нова година каде поединци со мразулци и снежни топки го попречувале нормалното одвивање на концертот во Чачак. „Остро ја осудуваме реториката на поединци што го придружуваше овој непријатен настан и изјавите на поединци дека г-ѓа Бекута е дел од корупциски скандал. Нагласуваме дека естрадните уметници и изведувачи ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(18) од Охрид и 16-годишен малолетник од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 24.04.2025 во с.Мислешево, струшко, полициски службеници забележале патничко возило „застава” без регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, кое било натоварено со огревно дрво. ...
Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. – Доенче со иницијали У.М., на возраст од два месеца, беше примено на Одделот за педијатрија на 12.01.2026 година, поради обилно повраќање по хранење. Во текот на деновите ...
Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната ...
Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно излегува на улица. Тие алармираат дека воздухот што го дишат граѓаните станува сè поопасен по здравјето и животот. По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но, како што велат досега не добиле никаков одговор, ниту пак биле повикани на разговор. „Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа ...
Најпрво да расчистиме дека Пржинската или Техничката влада е и ќе биде основен услов за одржување демократски и нормални избори бидејќи во Македонија услови за тоа нема. СДСМ ќе продолжи со сите демократси средства да се залага за техничката влада односно Пржинска влада да продолжи да функционира во позитивниот законски систем во Македонијa. Одговор на новинарско прашање, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ Центар за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. ...
Соопштение на СДМ: Македонија, со политиката на изолација заврши на листа со 75 земји, меѓу кои е и Сомалија, во категорија земји кои се оценети како „трет свет”. Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски. Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија. Сега, следува и суспензија на визите. СДСМ со месеци предупредуваше дека тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи ...
Соопштение на Левица : Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство”, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија. Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер”, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на ...
Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска реагира на најавите на министерот за одбрана Владо Мисајловски во врска со Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека зад фалбите за „историски најголем“ буџет се кријат сериозни прашања. „При носењето на Буџетот за 2026 година, министерот Мисајловски се пофали дека буџетот за одбраната расте и дека е историски најголем. Но денес чув изјава од репрезентативниот ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година. За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ ја информира јавноста дека „Маршот на ангелите“, кој беше закажан за сабота, 17 јануари 2026 година, нема да се одржи. Како што наведуваат од здружението, одлуката за одложување е донесена од почит кон големиот православен празник Водици (Богојавление), период кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат. „Во духот на празникот, деновите ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Веќе многу добро знаеме сите дека од овој викенд Македонија влегува во нов ладен период кога повторно очекувам пад на температурите и појава на мразеви особено во ноќните и во утринските часови. Овој ладен бран кој ќе продре од исток и од североисток повремено ќе условува да имаме слаби локални врнежи кои полека ќе преминат во снег и во градовите. Но сепак како што кажав се работи за слаби и локални снежни ...
Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 дозволи за ангажман на странска работна сила. Најголемиот дел од квотата, односно 9.750 дозволи, се наменети за редовно вработување на странски државјани. Дополнително, 200 дозволи ќе бидат издадени за упатени странци, додека 50 се предвидени за сезонски ангажмани. Според структурата на квотата, 4.500 дозволи се однесуваат на ...
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари”, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на ...
Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, новоизбраните членки на Судскиот совет на Република Северна Македонија, денеска дадоа свечена изјава во Охридската сала на Собранието, пред претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска. Претходно, Собранието ги избра вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за нови членки на Судскиот совет, по предлог ...
Лидерот во домашната Супер лига, Вардар 1961, потпиша денеска долгогодишен договор со еден од најперспективните македонски ракометари, 17-годишниот Бобан Поповски. Талентираното десно крило ја почна кариерата во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, а актуелната сезона настапуваше за Мулти Есенс. Поповски, кој е стандарден член на македонските младински селекции, треба да биде наследник во редовите на Вардар 1961 ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ФА на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска не ја поддржуваат идејата за промена на правилото за офсајд, објавува „The Times“. Претходно беше објавено дека Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) има намера да разгледа промена на правилата за офсајд на состанокот во Лондон на 20 јануари. Иницијативата ја иницираше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на ФИФА ...
Овој рецепт за пица се базира на бавно ферментирање, што резултира со лесно, еластично и вкусно тесто со одлична структура. Совршен е за домашна пица со професионален квалитет, подготвена во обична рерна. Состојки за тесто: 922 грама остро пченично брашно 600 мл ладна вода 23 грама сол 18 грама кристален шеќер 3 грама сув квасец 28 грама маслиново масло Подготовка: Во брашното додајте сол и шеќер и измешајте ги сувите состојки со вилушка, ...
Богати авантуристи сега може да резервираат одмор на Месечината преку новоформирана компанија со седиште во Калифорнија, која се стреми кон развивање нови идеи и услуги, а една од нив е и отворање хотел на Месечината до 2032 година. Компанијата „ГРУ спејс“ (Galactic Resource Utilization Space), основана од дипломираниот студент на Универзитетот „Беркли“, Скајлер Чен, пред два дена ја активира својата веб-страница за резервации и ги откри ...
Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени. Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени, кои во 2021 година десетина месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите. Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на ...
Васината торта е еден од оние традиционални колачи што освојуваат со богат вкус и совршен спој на ореви, чоколада и арома од портокал. Идеална е за свечени пригоди, но и кога сакате да ги израдувате најблиските со нешто навистина посебно. Состојки: Кора: 5 јајца 5 лажици шеќер 1 лажица брашно 200 грама мелени ореви Фил: 250 мл слатко млеко 3 лажици шеќер 300 грама мелени ореви 5 жолчки 5 лажици шеќер Сок и рендана кора од портокал 100 ...
На Саемот за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас годинава музиката не беше само нешто што се слуша, туку и нешто што се вкусува. Компанијата Лолипоп Стар (Lollipop Star) презентираше необичен новитет- лижавче што пушта музика додека се лиже или гризе, а содржи песни од изведувачи како Ајс Спајс и Ејкон. -„Лолипоп Стар“ е лижавче со вградена музика. Тоа не е само слатко задоволство, туку и носител на звук. Со помош на коскената ...
Љубовта честопати зближува двајца луѓе на начини што е тешко да се објаснат. На почетокот, разликите може да изгледаат возбудливи и природни, но со текот на времето, динамиката на врската може да се промени. Она што некогаш функционирало можеби не мора да одговара на нашите подоцнежни потреби. Тогаш разликите меѓу партнерите можат да почнат да ја поткопуваат врската. Советникот и терапевт Стивен Сислер и советничката Кетлин Милер ...
Првиот триместар од бременоста често носи гадење, замор и промени во апетитот, но тоа не значи дека треба целосно да ја промените вашата дневна рутина. Експертите ја нагласуваат важноста на редовниот внес на протеини, сложени јаглехидрати, доволно течности, одмор и пренатални витамини за да му помогнат на вашето тело да се прилагоди на раната бременост. Едноставната и блага храна може да помогне во одржувањето на енергијата и намалувањето ...
Бараните 800 милијарди евра што Украина ги очекува од Европската Унија во следните десет години за Унгарија ќе се претворат во „над девет милијарди долари откуп“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од МТИ. Орбан на Фејсбук изјави дека „800 милијарди долари не растат на дрвја“. Тој рече дека според Брисел, за да ги обезбедат средствата, Унгарија мора да преземе мерки како што се укинување на 13-тата и 14-тата пензија, ...
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби. Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се ...