Речиси секој четврти Јапонец верува дека напредната вештачка интелигенција во иднина би можела да ги замени пријателите и членовите на семејството, покажува истражување на агенцијата „Џиџи“. Според анкетата, 24,9 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е можно, додека 65,1 отсто не се согласуваат. Најизразено е ваквото мислење кај помладите, особено кај лицата на возраст од 18 до 29 години. Истражувањето покажува и дека 30,8 отсто од ...

Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно или ненамерно предизвикување пожари – соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез. Како што пренесе телевизијата БФМТВ (BFMTV), Нуњез посочи дека од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле 402 лица поради пожари кои биле намерно ...

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од четврток до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата. Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација. Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и ...

На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. ...

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови. Ова го истакна во вечерашното гостување во “Вести Плус” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ денеска изјави дека во неговата земја нема да се гради прифатен центар за илегални мигранти. – Црна Гора не преговарала за воспоставување на вакви центри на своја територија, а владата не добила официјална иницијатива за нивно отворање, а кога таа иницијатива ќе биде на маса, нашиот одговор ќе биде негативен, објави Спајиќ на платформата Икс. Тој додаде дека Црна Гора останува сигурен партнер на ...

Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“. Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот ...

Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата ...

Во градот Газа денеска се одржа масовен погреб за 112 Палестинци, чии тела беа пронајдени речиси три години откако при израелски напад беше уништен станбен блок. Неколку стотици луѓе се собраа на церемонија каде што телата, завиткани во палестински знамиња, беа положени во редови во близина на уништените згради, а потоа беа однесени на блиските гробишта. При израелски напад на 22 ноември 2023 година врз населбата Сабра во градот Газа беа ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот ...

На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска ...

Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари. Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви. – Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“. Сличен ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а ...

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...

Мароко ја предупредило Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Тврдењето подоцна беше демантирано од Мадрид, јави ДПА. Во последните денови околу 50.000 лица, претежно марокански државјани, пристигнале или се обиделе да пристигнат во шпанската полуенклава Сеута пеш или пливајќи од соседниот ...

Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

Доенчињата и предучилишните деца се особено чувствителни на високите температури, бидејќи нивниот организам потешко ја регулира телесната температура и зависат од возрасните за соодветен внес на течности, избор на облека и обезбедување безбедна средина. Поради тоа, при топло време тие имаат зголемен ризик од прегревање, дехидратација и други здравствени последици поврзани со топлината. За доенчињата и децата важат општите препораки за ...

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...

Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување. Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“. Во операцијата учествуваат британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87