Ве известуваме,дека на ден 31.05.2025 година (сабота), со отпочнување во 00:00 часот,планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил,за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода. Со ...

Иако на делот од улица Македонија – од булевар Свети Кирил и Методиј до улица Даме Груев – јасно е поставен сообраќаен знак за забрането запирање и паркирање, тој очигледно не важи за сите. Граѓаните секојдневно се сведоци на паркирани автомобили од двете страни на улицата, вклучително и владини возила. Граѓаните реагираат дека улицата често се користи како импровизирана паркинг-зона, и покрај тоа што е дел од активен сообраќајен коридор. ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е елиминиран еден од најбараните Палестинци, лидерот на Хамас, Махмуд Синвар. Синвар во октомври 2024 година ја презеде лидерската функција во Хамас откако загина неговиот постар бран Јахја Синвар. Тој е роден во 1975 година во бегалскиот камп Кан Јанус, а беше познат како лидер на бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас. Синвар беше вмешан во киднапирањето на израелскиот војник ...

Во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Полска ја тресе голем скандал. Конзервативниот претседателски кандидат Карол Навроцки го обвинуваат дека во младоста имал врски со подземјето. Имено, сајтот Онет, најчитаниот сајт на весници во Полска, го обвини Навроцки дека додека работел во службата за безбедност и заштита на хотел, наводно учествувал во регрутирање проститутки за клиенти за време на нивниот престој. Полскиот ...

Поранешен француски хирург е осуден на 20 години затвор за сексуална злоупотреба на стотици пациенти, претежно на возраст под 15 години, по најголемото судење за злоупотреба на деца во француската историја, пренесува Гардијан. Жоел Ле Скурнек, 74, работел како дигестивен хирург во јавни и приватни болници низ Бретања и западна Франција, честопати оперирајќи деца со апендицитис. За време на страшното тримесечно судење во Ван, Бретања, тој ...

НАТО ќе побара од Германија да обезбеди уште седум бригади, односно околу 40.000 војници, за одбрана на Алијансата, во рамките на новите цели за вооружување и бројот на војници за кои министрите за одбрана на земјите-членки ќе се договорат следната недела, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори. Неименуван висок воен претставник рече дека целта на земјите-членки на НАТО во иднина ќе биде да обезбедат меѓу 120 и 130 бригади. Тоа би ...

Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци. – Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како ...

Германија и Украина потпишаа декларација за финансирање на производство на оружје со долг дострел во Украина. Германија ќе ѝ помогне на Украина во производството на оружје со долг дострел, изјави вчера канцеларот Фридрих Мерц на средбата во Берлин со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, на прашањето дали би одобрил испраќање на крстосувачки ракети Таурус од германско производство, кои Зеленски многу ги бара, Мерц рече дека нема да ...

Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будва, Црна Гора, при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорскиот портал Vijesti.me, младата жена паднала од висина од околу 50 метри во морето, откако се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот. Очевидци изјавиле дека веднаш по падот, девојката била извлечена од водата и со брод пренесена до градската марина. За жал, екипата на итна медицинска помош ...

Веб-страницата „Грција инфо“ ги објави цените на намирниците во Грција во 2025 година за кои може веднаш да се забележи дека го следат трендот во Европа и се малку повисоки од претходните години. Посочуваат и дека цените на храната, намирниците и разните производи и услуги варираат од место до место, од остров до остров. Секако, списокот со приближни цени што го објавија во пресрет на летната сезона може да ви помогне во планирањето на ...

Српскиот политичар Срѓан Ного, кој во Македонија е познат по снимките што ги објави за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се заканува дека ќе има крв до колена. Овој поранешен пратеник во српскиот парламент и екстремен десничар, со тоа, упати нови закани упатени до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и до други претставници на владата и судството. Јас сум првиот што со мојот живот гарантирам, и кривично и морално и ...

34-годишен македонски државјанин, за кој имало распишана европска потерница, е уапсен синоќа на граничниот премин „Евзони“ при обид да влезе во Грција, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Германските власти го бараат како осомничен за грабеж и убиство на 81-годишен маж, сторено во февруари годинава во сојузната покраина Хесен. Според германските документи, осомничениот, заедно со свои сонародници, престојувал во соба издадена од ...

Почина бебето кое 8 месеци се бореше за живот на Клиникатата за детски болести во Скопје, откако мајка му умре при породувањето во Кумановската болница, објави СДК.мк. Бебето починало на 23 мај во попладневните часови, по што било известено семејството. Триесет и едногодишната родилка почина на 27 септември лани, при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово. „И бебето ја изгуби битката. Ова е ...

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании. Ова се дел од клучните наоди од ...

Вечерва, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија. Акцијата претставуваше протест против, како што велат, негрижата на градските власти и блокадата со која се соочува општината во делот на одржување на јавната чистота. На местото на настанот брзо пристигна и полиција, која интервенираше и ги ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доцна вечерва пристигна пред бараките на Град Скопје, каде претходно градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу заедно со група граѓани истурија отпад во знак на протест. Арсовска на самото место ја праша јавноста: „Каде побегна Вики?“ — алудирајќи на градоначалникот на Чаир, со што индиректно го обвини за избегнување на одговорност и соочување со институциите. Настанот предизвика бурни реакции на ...

Со 68 гласа „за“ и 16 „против“, Собранието на Република Северна Македонија доцна синоќа го избра Трајко Славевски за нов гувернер на Народната банка. Славевски е предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а неговиот избор беше поддржан од владејачкото мнозинство. Пратениците од СДСМ и Левица уште во текот на денот најавија дека нема да го поддржат кандидатот, обвинувајќи за политичко влијание врз една од клучните независни ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува ...

Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, помеѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор. Осомничените лица организирале и извршиле ...

Метео анализа на Славчо Попоски: По долго очекување, конечно лубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, нашата Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието ...

Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Република Македонија и Националната агенција на Република Малта вчера беше потпишан во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија. Со овој документ, како што соопштуваат од македонската Национална агенција за европски образовни програми, Македонија обезбедува партнерство кон ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера, 28 мај 2025 година, учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција. Годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025. Предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината”. Форумот се позиционира како значајна иницијатива за ...

Соопштение на ДУИ: Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба. Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби. Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата. Последните откритија за стотици ...

Со свечена церемонија во присуство на бројни гости, соработници, партнери и закупци, денес официјално започна со работа долгоочекуваниот трговски центар „Охрид Мол“. Со вкупна површина од над 17.000 квадратни метри, овој комплекс ветува да стане новото место за шопинг, забава и културни настани во Охрид и поширокиот регион. „Охрид Мол“ претставува современ трговски центар кој нуди разновидна понуда на светски познати брендови и домашни ...

Работнички имаше одлична сезона и по седум години повторно ќе игра во Европа. Нашиот тим го освои третото место на табелата во Првата лига и избори настап во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Најголемата заслуга за тоа оди кај фудбалерите и стручниот штаб на чело со шефот Горан Станиќ, а сатисфакција за успешната сезона има кај раководните луѓе, извршниот директор Џан Озата и спортскиот директор Сенад Муминовиќ. Задоволството ...

Конфликт меѓу навивачите на Бетис и Челзи синоќа се случил на плоштадот во Вроцлав во пресрет на финалето на Конференциската лига. Според „Естадио Депортиво“, во тепачката биле користени и стаклени шишиња, столови од ресторан и други тврди предмети. На местото на настанот пристигнале неколку полицајци кои употребиле солзавец за да ги смират страстите. Судири биле забележани и на други места во Вроцлав. Бетис и Челзи ќе се сретнат во финалето ...

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот е прогласен за тренер на сезоната од страна на Здружението на менаџери (LMA), освојувајќи ја наградата Сер Алекс Фергусон. Победникот беше прогласен синоќа на 33-та годишна церемонија на доделување награди во Лондон. – Членовите на „LMA“ ја препознаа неверојатната улога што ја одигра Арне Слот во водењето на неговиот тим до славата во Премиер лигата во фантастичната дебитантска сезона во англискиот фудбал, ...

Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од Атина. Од АЕК тврдат дека уште од првиот момент „водат огромна битка за да се одбранат, не само честа и ...

„Генерацијата З“ е поздравена како „трезно-љубопитно“ поколение, со стапки на ризични однесувања (алкохол, секс, дрога) – на историски ниско ниво. Во таа насока, некои нешта особено влијаат на младите мажи да го намалат алкохолот. Имено, според ново истражување, помалку „З“ момчиња (родени меѓу 1996. и 2012 година) пријавиле прекумерно пиење во последните месеци на 2021., ’22. и ’23 година, отколку нивните врснички. Наодите го кренаа алармот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
20%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
29%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
34%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
35%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.98
28%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
40%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
67%
1016
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
30%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
22%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.24
29%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
1.79
29%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
44%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62