Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, ...

Проблемот е веројатно во наводнувањето, најчестата причина за гниење на растенијата, но иронијата е што симптомите на премногу и премалку вода изгледаат речиси идентично. Во светот на собните растенија, водата е и извор на живот и тивок убиец. Повеќето сопственици на растенија прават грешки со најдобри намери, верувајќи дека повеќе вода е секогаш подобро. Сепак, вистината е дека прекумерното наводнување е одговорно за повеќе гниење на ...

Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА. Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата. Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...

Жителите на Трпејца реагираат дека веќе трет ден селото е без вода, и тоа во екот на туристичката сезона, кога бројот на посетители е најголем. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според нивните тврдења, од ЈП „Водовод“ им било соопштено дека нема дефект на водоводната мрежа, туку дека причината за прекинот е зголемената потрошувачка на вода. Жителите велат дека до нив стигнале информации оти ...

Според најновите прогнози на метеоролошките модели, од 5 август се очекува дополнително засилување на африканскиот топлотен бран што веќе го зафати Балканот. Најекстремни температури се прогнозираат за Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, каде што локално живата во термометарот може да достигне и до 45 степени Целзиусови. Времето ќе остане стабилно, суво и претежно сончево, без значајни врнежи, бидејќи станува збор за сув и многу топол ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтер вечерва беше почувствуван во Скопје и околината. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот е регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околните населени места со интензитет од III до IV степени според Европската ...

На 103-годишна возраст почина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, еден од последните живи учесници во Народноослободителната борба (НОБ) и долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија. Стојановски ќе остане запаметен како човек кој имаше значајна улога во еден од најважните моменти од современата македонска историја. Како највозрасен пратеник во ...

Соопштение за јавност на Левица: Делегација на Левица, предводена од пратеникот Борислав Крмов, заедно со членовите на Централниот комитет Катерина Јовановска и Андреа Јанков, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец” и пред споменикот на Никола Карев во Скопје. Македонската историја е една непрекината револуционерна борба. Илинденската револуционерна искра продолжи да живее низ Народноослободителната борба, ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница” целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е ...

МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во ОВР Берово, од ...

На 01.08.2026 во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...

На 01.08.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада” во Скопје, мопед управуван од малолетник удрил во пешакот А.Ч. (84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ч., а со телесни повреди се здобиле возачот и неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...

На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...

На ден 02.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а шест се изгаснати информираат од ЦУК. Активни пожари: Општина Гази Баба – Кванташки пазар (депонија); Општина Гази Баба – с. Страчинци (ниска вегетација); Општина Студеничани – с. Маркова Сушица (ниска вегетација); Општина Струга – с. Јабланица (ниска вегетација); Општина Чешиново-Облешево – с. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт. СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. Тоа никој не може да го промени. Токму ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно ...

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Споменикот на месноста Слива е посветен на херојската жртва на македонските востаници кои во 1903 година храбро ја бранеле ...

Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информациите на ЦУК, горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. Во гаснењето на пожарот учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно протипожарно возило и со три пожарникари. Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ...

МВР денеска соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната рампа Глумово, во правец кон Скопје. Според официјалниот полициски билтен, инцидентот бил пријавен на први август во дваесет часот и дваесет минути, при што во верижниот судир учествувале едно патничко возило и два мотоцикли. Според првичните сознанија, во сообраќајката учествувале автомобил марка ...

Соопштение за јавност на Левица: По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членот на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде што на 2 август 1944 година беше одржано ...

На 01.08.2026 во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.08.2026 во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел ‘идеален момент’, туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста. Ниту една од овие генерации не одлагаше, не калкулираше и не се криеше зад евтини ...

На 01.08.2026 во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Х. (21) од с.Идризово, скопско, по претходна пријава од И.Б.(44) дека на 31.07.2026 во 23:50 часот во с.Идризово В.Х. му нанел тешка телесна повреда на 15-годишниот син на пријавителот, а во врска со претходно нарушен јавен ред и мир. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривина пријава ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија. Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и ...

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Двата историски настани претставуваат темели на македонската државност и симбол на стремежот за слобода, независност и национален идентитет. Централната државна свеченост традиционално ќе се одржи во ...

Интегрален текст од честитката на Али Ахмети, претседател на ДУИ: 2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина. За жал, повеќе од еден век ...

Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одложил планираниот бран нови воени напади врз Иран поради напредокот кон постигнување дипломатски договор, пренесува ДПА. Во објава на платформата Truth Social во саботата, Трамп рече дека прекинот на нападите е условен од брзо постигнување договор. Тој изјави дека американските воени сили се подготвени да нападнат со полна сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25