Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. На грбот на народ во ваква ситуација. Компанијата со која терале бизнис чива е? На градоначалник од ВМРО и поранешен потпретседател. Со кого? Со Ивица Томовски од СОЗР, познат по тендерите на семејната фирма. Случајно? Откако ...
На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ограничи употребата на критични минерали од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја претставува уште еден сигнал дека суровините сè повеќе се третираат како прашање на национална безбедност и стратешка независност. Според новите правила, американската воена индустрија ќе може да користи само минерали со потекло од САД или од сојузнички земји, а потеклото на металите ќе се проверува за ...
Соопштение за јавност на ДУИ: За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период. Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...
Верижен судир се случил утрово на патот Прилеп – Битола во која се повредени осум лица меѓу нив и двајца државјани на Србија. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во ...
На 04.08.2026 во 07:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(22), удрил во пешакот Ц.Н.(83), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ц.Н., додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски” Скопје и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил ...
На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче”, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ...
Соопштение за јавност на СДСМ Министерството за надворешни работи денеска демантира „тајни преговори” за францускиот предлог. Ама Тимчо Муцунски самиот претходно рече дека има разговори „под радарот” и дека се тајни. Тајни за кого? За гласачите на ВМРО. Сега разговараат со Бугарите. Сега целта е полноправно членство. А Мицкоски претходно бараше членство заедно со Вучиќ – без право на глас. Идентитет? Јазик? Гордана Сиљановска веќе рече ...
Соопштение за јавност на Левица На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс” се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна. Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата ...
Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од ...
Соопштение за јавност на ДУИ Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на ВЛЕН, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на ВЛЕН. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да ...
На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица ...
Катар во вторникот соопшти дека медијаторите постигнуваат напредок во напорите за завршување на војната меѓу САД и Иран, што ги намали цените на нафтата дури и кога Техеран ги негираше тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека разговорите веќе се во тек. Цената на суровата нафта Брент падна за повеќе од 4 проценти по објавата на Катар, продолжувајќи ги загубите од понеделник со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за ...
Галичник, 4 август 2026 – Со свеченото доделување на наградите и проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет ” на режисерот Георги М. Унковски, успешно заврши седмото издание на Галичник Филм Фестивал. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и ...
Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...
Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во вчерашното гостување на Сител телевизија порача дека, иако беше пропуштен рокот од Реформската агенда, процесот за донесување нов Изборен законик не смее да запре, бидејќи Република Македонија има потреба од суштински изборни реформи кои ќе обезбедат поправеден и подемократски изборен модел. „Не заврши потребата да имаме избори кои ќе бидат според препораките на ...
Овие денови топлотниот бран ќе го достигне врвот во Македонија, со температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради високата опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, а здравствените власти предупредуваат дека топлотниот бран може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена”, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност. Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец, кој е блокиран од иранските сили, ќе биде отворен „многу наскоро“ или Иран ќе биде погоден „многу силно“ во американски напад. „Теснецот ќе биде отворен многу наскоро, или Иран ќе биде погоден многу силно, а потоа теснецот ќе биде отворен“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз од Јужна Калифорнија. Трамп присуствуваше на собирање средства на Републиканскиот национален ...
Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа 15 лица, а 51 се повредени. Во текот на ноќта, властите објавија дека избувнале пожари во украинскиот главен град и неговите предградија. Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) потврди дека 14 лица загинале во регионот на Киев, додека 27 се повредени. Спасувачките операции на терен сè уште се во тек. Според нивните податоци, штетата е предизвикана ...
Осаменоста не влијае само врз менталното здравје, туку може значително да го наруши и квалитетот на сонот, покажува ново научно истражување објавено во Journal of Psychology. Истражувањето, спроведено од научници од Универзитетот Охајо Стејт, Универзитетот во Аризона, Универзитетот во Тампа и Универзитетот Витворт, открива дека луѓето кои се чувствуваат осамени почесто имаат кошмари и поинтензивни лоши соништа. Според водечкиот автор на ...
Многу домаќинства несвесно прават една вообичаена грешка при перењето алишта, која не само што може да ја оштети машината за перење, туку и да ја зголеми потрошувачката на електрична енергија. Според експертите, најчестата грешка е користењето поголема количина детергент од препорачаната. Иако многумина веруваат дека повеќе детергент значи почиста облека, реалноста е поинаква. Експертката за перење Мари Гаљарди објаснува дека прекумерната ...
Двајца државјани на Република Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, откако при полициска контрола во нивното возило биле пронајдени пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Bu gönderiyi Instagram’da gör 24 info (@24info.mk)’in paylaştığı bir gönderi Како што информира МВР, на 3 август 2026 година полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение ...