Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Јадењето доцна навечер има значително влијание врз апетитот, начинот на кој телото ги троши и складира калориите, што може да го зголеми ризикот од дебелеење, покажуваат научни истражувања. Доколку се обидувате да ја намалите телесната тежина, времето кога го јадете последниот оброк може да биде важен фактор. Дебелината претставува еден од најголемите здравствени проблеми на современото општество. Денес калориите се полесно достапни од ...
Крвната група не е важна само кога станува збор за трансфузија на крв. Научните истражувања со години ја проучуваат нејзината можна поврзаност со ризикот од развој на одредени заболувања, а резултатите покажуваат дека меѓу различните крвни групи навистина постојат одредени разлики. Особено внимание привлекува крвната група 0. Некои истражувања покажуваат дека лицата со оваа крвна група имаат понизок ризик од одредени кардиоваскуларни ...
Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) на својот програмски конгрес презентираше нов контроверзен план: доколку се вратат на власт, имаат намера да ги депортираат сите невработени Украинци на „воена возраст“, односно на возраст меѓу 25 и 60 години. Предлогот беше презентиран на јавноста за време на конгресот, одржан под слоганот „Ајде да одиме кон новата влада“, од Тобијаш Бочењски, член на Европскиот парламент од партијата ПиС. ...
Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт. -Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за ...
Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...
Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје , подната фонтана на плоштадот , повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност. Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот, соопштуваат од Град Скопје. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив ...
На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при ...
Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати ...
На 07.08.2026 околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал ...
Едно лице загинаво сообраќајна несреќа што пред малку се случи во скопската општина Бутел. „Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на ...
На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...
На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата ...
Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни институции побара изборниот процес да биде спроведен ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците. Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а ...
„Во текот на вчерашниот ден се добиени писмени информации од Институтот за јавно здравје, Општина Гостивар, Јавното претпријатие ‘Комуналец’ и Центарот за јавно здравје. Меѓутоа, тие не се целосни бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции со цел да се добијат конкретни информации“, велат од ...
Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44), осуден за убиство на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), кое се случи во јануари 2025 година во Кавадарци. Наместо првично изречената казна од 16 години затвор, второстепениот суд одлучи таа да биде зголемена на 20 години. Одлуката ја потврдија и од кавадаречкото обвинителство. Панов ...
Рускиот онлајн трговец на мало „Вајлдберис“ денес објави дека уште еден од неговите логистички центри е запален по нападот во Екатеринбург, околу 1.400 километри источно од Москва. Центрите се цел на украински беспилотни летала со недели. Пожарот подоцна беше ставен под контрола, а поголемиот дел од стоката во магацинот не беше оштетена, објави компанијата на Телеграм. Локалните власти во Русија објавија дека синоќа над регионот биле ...
Правен преседан се случи во Македонија откако Уставниот суд донесе одлука за првпат во своето постоење директно да поднесе иницијатива до Основното јавно обвинителство Скопје и Судскиот совет против конкретен судија. Причината за овој чекор е игнорирањето и одбивањето да се примени конечна одлука на Уставниот суд во предмет пред Основниот граѓански суд Скопје. Оваа постапка отвора загрижувачки прашања за правната сигурност во државата. ...
Најновите статистички показатели покажуваат дека македонската индустрија бележи раст, но рударството продолжува да се соочува со негативен тренд. Додека вкупното индустриско производство во јуни е зголемено за 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, секторот „Рударство и вадење камен“ забележал намалување од 3,8 проценти. Во време кога цените на бакарот остануваат високи, а Европа интензивно инвестира во критични минерали, Македонија ...
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар. И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста ...
Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Најновите извештаи на Советодавниот совет за безбедност во странство (OSAC – Overseas Security Advisory Council) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави, објавени на 27 јули 2026 година, претставуваат значаен извор за проценка на безбедносната, институционалната и деловната клима во голем број држави во светот, вклучително и во земјите од нашиот регион. Иако ...
Министерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за ...
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), Македонија напредува од 24-то на ...
На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење ...
На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита. Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на пол, род и бременост, откако само два дена по сознанието дека вработената е бремена, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја iима својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија. Двајцата претседатели досега се сретнаа неколку пати на меѓународни ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина. Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 ...
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ не престанува со навреди. Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог”. Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас. Ги наведовме сите: – Бране Петрушевски, – Лидија Петкоска, – Бисера Златеска, – Емилија Ангелова, – Драган Ковачки, Миле Лефков, – Петар Марков… Денеска е редот на Манасиевски. Истиот ...