Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за ...
Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост во врска со владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, во кој Албанците се речиси целосно исклучени, додека албанскиот јазик целосно отсуствува. Неприфатливо е еден официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде изграден врз едноетнички наратив, создавајќи впечаток дека оваа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај ...
На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак ...
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и ...
Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити – 0 седници. Беким Сали – 0 седници. Арбен Фетаи – 0 седници. Вкупно: нула. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата може да се нарекува „прв заменик-премиер“, може да има ...
Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје ја претставува новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги ...
Најмалку 13 лица загинаа, а уште 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев. Меѓу загинатите има и едно дете, додаде тој. Нижнекамск е дом на големата рафинерија ТАНЕКО, во сопственост на руската нафтена компанија Татнефт. Рафинеријата исто така беше цел на нападот. Градот се наоѓа на повеќе од 960 километри на руска територија. Украина, исто ...
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. ...
Високите температури во Македонија продолжуваат и втора недела, а Институтот за јавно здравје предупредува дека најголем ризик имаат повозрасните лица, хронично болните и луѓето кои редовно користат терапија. Според ИЈЗ, лицата над 65 години потешко се приспособуваат на продолжена изложеност на жештина, а одредени лекови дополнително можат да влијаат врз начинот на кој организмот ја регулира температурата. Терапијата, сепак, не треба да ...
Европа продолжува да ги зајакнува своите капацитети за идентификување и управување со критичните минерални ресурси. Идејата за создавање единствен Центар за критични минерали на ЕУ доби поддршка и од европската геолошка заедница. Од EuroGeoSurveys оценуваат дека на Европа ѝ е потребен хармонизиран систем кој ќе ги обедини информациите за наоѓалиштата, ресурсите и резервите на критични минерали, како и за истражувачките активности. Во ...
Хусеин Џаши, член на проиранската фракција „Лојалност кон отпорот“ во либанскиот парламент и претставник на либанската милитантна група Хезболах, оцени дека Иран излезе од војната посилен од претходно. Зборувајќи за неодамнешните случувања во земјата и регионот, Џаши рече дека војната што ја започнаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да го урнат или ослабат Иран, заврши со проширување ...
Голем сообраќаен застој утрово е регистриран на патниот правец Гостивар – Стража, по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила. Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом.Меѓу возилата кои учествувале во сообраќајката има и камион кој превезувал дрва. Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е значително отежнат, а на патниот правец Гостивар – ...
Пишува: проф д-р Иван Анастасовски Македонската демократија денес не се соочува само со прашањето кој ќе ја има политичката власт, туку со многу посуштинско прашање: “Дали државата може да стане посилна од партиите што ја управуваат“? Ова претставува едно од клучните прашања за иднината на македонското општество. Демократијата не се мери само со одржување избори, бројот на политички партии или со смената на власта, туку вистинската ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во ...
Соопштение за јавност на СДСМ Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна” и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси”. Ако во водата имало многу ...
Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, кого ДПМНЕ го претвори во заштитно лице на својата предизборна ‘правда’, им ја претвори најгласната мантра во ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го зголеми производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да обезбеди „оружје што им е потребно на нашите војници со темпо што го бара заканата“. Парнел потврди дека министерството се обидело да го забрза ...
Соопштение за јавност на СДСМ: На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан беше забележан на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што во опуштена атмосфера пиеше ракија во друштво на влијателни бизнисмени. Меѓу нив беа Оскар Вилаги, втор човек на нафтениот гигант МОЛ, и архитектот Даниел Тарачки. Снимките предизвикаа големо внимание во унгарските медиуми, кои го анализираат присуството на високиот бизнис сектор покрај унгарскиот политичар на ваков тип ...
Украинските сили извршија нови напади врз цели во Русија и окупираните територии на Украина. Според извештаите од теренот, цел на нападот била рафинерија за нафта во Татарстан, додека во Симферопол на Крим биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, а избувнале и пожари во окупираниот регион Донецк. Информациите биле објавени на каналите на Телеграм кои ги следат воените настани, пишува „Киев Индепендент“ . Напади во ...
Над еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучувајќи ја и областа Шангај, откако тајфунот Долфин се упати кон копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а околу 1.400 летови беа откажани само во Шангај. Бранот прво го погоди Јухуан во покраината Џеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венжоу, соопшти ...
Во Охрид вечерва, на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот понуди богата музичка и сценска програма, но покрај настапите, вниманието го привлече и еден необичен детаљ – на дел од сценографијата и визуелните елементи беше прикажан симбол кој потсетува на македонското државно знаме, но сонцето ...
Жителите на западна Европа, Северна Америка и делови од Арктикот во среда, на 12 август, ќе имаат можност да сведочат на спектакуларно целосно помрачување на Сонцето – прво на европскиот континент по 27 години. Главниот појас на тоталитет ќе помине преку Гренланд, Исланд, Шпанија и Балеарските Острови. Во овие области Месечината целосно ќе го покрие сончевиот диск, а за кратко ќе стане видлива и сончевата корона. За Македонија, сепак, ...
Во текот на викендот, на подрачјето на Град Скопје биле спроведени засилени сообраќајни контроли, при што полицијата лишила од слобода вкупно 21 лице поради безобѕирно управување со моторно возило. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицата биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. Меѓу нив има и шест малолетни лица. Покрај приведувањата, во рамки на контролите биле преземени уште 161 мерка ...
На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија” со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во ...
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите ...
На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...
На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено ...