Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче”, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење, велат од Град Скопје. „Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат ...
Соопштение за јавност на Левица: Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции. Додека власта се расфрла со милиони за „безбедноста”, набавки, опрема и НАТО-стандарди, повторно заборава на најважниот дел од безбедносниот систем – луѓето кои треба да ја обезбедуваат таа безбедност. Уште поскандалозно е ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” во врска со кривично дело „кражба”. На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради ...
Интегрален текст од прес-конференција на ВЛЕН: Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал. Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што ...
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500″ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...
Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или ...
На ден 11.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, а 6 пожари се изгаснати, информираат од ЦУК Активен пожар: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Пожар под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија). Изгаснати пожари: Општина Виница – с. Блатец (ниска ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. ...
На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на ...
Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство во вторник, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна. Братучедот на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и последователната ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува. Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време. „Треба да ...
Интегрален текст од прес конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ: Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа. Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. ...
Додека новиот филм „Одисеја“ ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Туркије, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во Долниот град се откриваат улици со колонади и продавници од римскиот период, ...
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. ...
На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници од Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. И покрај тоа што девизните ...
Партијата за Движење на Турците – ТХП со сериозна загриженост ги следи последните случувања поврзани со заканите и повиците за насилство кон новинарот и писател Ерол Ризаов. Сметаме дека заканите кон новинар, особено кога се проследени со говор на омраза, навреди и етнички мотивирани пораки, не се само напад врз една личност. Тие претставуваат сериозен удар врз слободата на мислата, слободата на изразување и слободата на медиумите, а со ...
Нападот на украински дронови врз Москва во ноќта меѓу 10 и 11 август привремено го ограничи сообраќајот на градските аеродроми. Руските власти објавија дека се уништени најмалку 13 дронови, а информацијата ја објавија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин , и Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација). Реакција на владата Градоначалникот Сергеј Собјанин првично објави дека воздушната одбрана соборила седум дронови на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја. Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов. Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници” и „одроденици”. Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, ...
Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погодија земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се очекува бројот на жртви да се зголеми додека спасувачите бараат луѓе закопани под урнатините, јавува Би-Би-Си . Според геолошкото истражување на земјата, земјотресот со магнитуда од 7,4 степени се случил во понеделник во 7:34 часот наутро по локално време на длабочина од 64 милји ...
Земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 23:50 часот по локално време на територијата на Македонија. Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу девет километри североисточно од селото Делогожда, во Струшко. Потресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри. Со оглед на ниската магнитуда, станува збор за микро-потрес. Земјотресите со ваква јачина ...
Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од ...
Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во “Тема на денот” го соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач. “Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во ...
Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. -Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот ...