Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во пресрет на Денот на рударите, македонското рударство се соочува со двоен проблем – бројот на работниците во секторот се намалува, а новите инвестиции и работни места изостануваат. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година е намален за 2,3% во однос на истиот месец лани. Најголемиот пад е регистриран токму во секторот „Рударство и вадење камен“. „Бројот на ...
Интензивна борба со шумскиот пожар што избувна во близина на селото Моране, во општина Студеничани. Поради тешко пристапниот и ризичен терен, во гаснењето се вклучени и воздухопловни сили, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во операцијата се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат врз огнените жаришта. ...
Трагичен настан е регистриран во прилепското село Беровци, каде што 68-годишен маж бил пронајден починат со прострелна рана во пределот на градниот кош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци пријавил дека во нива во атарот на селото го пронашол својот татко С.В.(68), кој не давал знаци на живот и имал прострелна рана во пределот на градниот кош. На местото ...
19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата баба пријавила во полиција дека се оддалечил од домот и оттогаш не е пронајден. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А.(64) пријавила дека нејзиниот внук С.А.(19) на 10 август се оддалечил од домот, по што му се губи трагата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за ...
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано справување со заразна болест, а не нужно знак дека постои непосредна опасност за населението. Тоа не значи дека сите жители се заразени, ниту автоматски значи дека ...
Бесим Красниќи од скопското село Кондово, кој издржувал затворска казна во КПУ „Идризово“, не се вратил во затвор откако му истекол одобрениот 30-дневен прекин на издржувањето на казната поради лекување. Откако судот го одбил неговото барање прекинот да биде продолжен, Красниќи не се појавил повторно во затворската установа, по што била издадена наредба за негово приведување. Красниќи во „Идризово“ беше спроведен во 2024 година за да го ...
Почина 83-годишен пациент кој бил заразен со вирусот на западнонилска треска. Според информациите, пациентот имал и повеќе хронични заболувања. Смртниот случај доаѓа во период кога во Скопје е регистриран зголемен број заболени, а Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град. Според информациите, епидемијата е прогласена на подрачјата на ...
Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна. Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат со храната за носење, како што се кутиите за хамбургери и помфрит, кесите за ќебапи и хартијата за пекарски производи. Соединенијата PFAS се користат во таквата ...
Москва ќе возврати доколку западните земји запленат руски трговски бродови – изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе новинската агенција ТАСС. – Ако овие планови бидат спроведени, ќе мораме да возвратиме на ист начин – рече Путин, реагирајќи на мерките што ги одобри Европската Унија, а кои им овозможуваат на земјите-членки да го конфискуваат и продадат товарот од руските бродови од т.н. „флота во сенка“ кои ги прекршуваат ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јaвноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави ...
По информациите и шпекулациите што се проширија на социјалните мрежи дека водата од скопскиот водовод наводно не е исправна за пиење, директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, вели дека на Клиниката нема податоци за пациенти со гастроинтестинални проблеми предизвикани од консумирање на водата. Според Цана, во овој период има зголемен број пациенти, што е вообичаено во услови на високи летни температури, но бројките не ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска категорично ги демантираше информациите што се шират на социјалните мрежи дека во водата за пиење во главниот град е пронајдена бактеријата ешерихија коли. На прес-конференција тој порача дека скопјани треба да бидат спокојни, а пред новинарите се напи и чаша вода директно од чешма. „Не е точно дека е пронајдена ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат ...
Долговите на Американците на кредитни картички достигнаа 1,26 билиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари регистрирани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат растот на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни ...
На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај с.Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во ...
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание. Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја ...
Соопштение на ВЛЕН: ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ. Затоа, најпрво фактите: Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон”. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во ...
Соопштение на Левица: Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат ...
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град, откако во изминатиот период е регистриран зголемен број заболени од вирусот. Според информациите, епидемијата е прогласена на подрачјата на Кисела Вода, во реонот на Пржино, како и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментов Институтот за јавно ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското ...
Во врска со соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува на член 12 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни ...