На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. ...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од ...

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај ...

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, ...

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Низ приказната за македонските успеси низ годините не води познатиот актер, водител и изведувач Игор Џамбазов, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски во придружба на Македонската Филхармонија ја изведуваат познатата песна „Љуби ме и ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување. – Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите, рече ...

Прес конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата. Повторно на мета се познатите штипски “Печурки”. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: – Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите ...

Во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево вечерва со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на киното на отворено што го организира Општина Кисела Вода во соработка со Кинотеката на Македонија. Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, ...

Соопштение на Левица: Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија”. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на производството, а сега за еден од најзначајните земјоделски производи во струмичкиот регион им се нудат потценувачки 25 денари за килограм. Зад секоја нива стои ...

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...

На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во ...

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија”. Тој и онака ретко се јавува кога ...

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот. Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце. „Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење ...

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола. Но, за разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат секој ден… сè е поскапено.“ На 22 април ...

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има ...

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и ...

Соопштение на СДСМ: Европа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените. А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода. Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните ...

Соопштение на ДУИ: Откриен е нов скандал во Владата на Северна Македонија. Речиси една година записниците од владините седници не се објавуваат на албански јазик. Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на ...

Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува ...

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Аеродром – поточно во село Горно Лисиче каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и во Општина Крива Паланка каде е запалена депонија. Под контрола е пожарот во Општина Зелениково – над с. Зелениково (шума, ...

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои во централна Јапонија се исклучи синоќа откако се активираше аларм што укажува на проблем со генераторот, соопшти операторот на комплексот. Реакторот број 3 на нуклеарната централа во префектурата Фукуи е исклучен околу полноќ, објави Електроенергетската компанија Кансаи. „Не е откриено радиоактивно истекување во нуклеарната централа“, додаде компанијата. Еден од реакторите во нуклеарниот ...

Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. – Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или ...

Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија денеска официјалните претставници на најзападната канадска покраина. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови синоќа, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...

Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден. Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, ...

Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07