Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека одредени модели на размислување можат значително да влијаат на квалитетот на животот, односите со другите и чувството на лично задоволство. Луѓето кои со насмевка се осврнуваат на своите животи во старост генерално имаат едно заедничко нешто – научиле да не се грижат за неважни работи и да ја ...

Да се биде родител е тешка улога, а однесувањето на детето често може да покаже колку безбедно и прифатено се чувствува покрај своите родители. Кога детето има доверба во родителот, полесно е да се обрати до него за помош, отворено да разговара за своите чувства и слободно да го изрази своето мислење. Ваквите однесувања можат да бидат знак на емоционална сигурност и доверба што се развиле во нивната врска. Според истражувањата и советите ...

Во наредните денови ќе дефинираме возен ред, а на 21 август првата делница од проектот “Градски воз” треба да добие и технички прием. Целта е што повеќе ученици да го користат градскиот воз и да им се олесни секојдневното патување до училиште, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите ...

Колумбиската влада прогласи состојба на „национална катастрофа“ откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер погоди неколку департмани во земјата. Поради обемот на катастрофата предизвикана од земјотресот со епицентар во Чоко, во кој загинаа повеќе од 70 лица, Комитетот за вонредно управување со катастрофи објави прогласување на национална катастрофа. Комитетот го претседава новиот колумбиски претседател Абелардо де ла ...

Кинескиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) „Кими К3“ успеа да ја напушти заштитената изолирана средина („сендбокс“) на Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) за време на тестирање, по што на интернет-платформата „Гитхаб“ (GitHub) самостојно го пронашол решението за поставената тест-задача. Според експертите, „Кими К3“ не извршил софистициран хакерски напад, ниту, пак, нападнал надворешна веб-страница или ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери непрекинато работат на изнаоѓање ...

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува ...

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...

Соопштение на ВЛЕН: ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол. За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви ...

Најмалку 50 лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија во понеделник. Најголем број жртви е потврден во департманот Вале дел Каука. Гувернерката Дилијан Франциско Торо изјави дека најмалку 27 лица загинале таму, не сметајќи го градот Кали. Најмалку 18 лица загинаа во Переира, главниот град на департманот Рисаралда. Епицентарот на земјотресот беше во близина на Сан Хозе дел Палмар во ...

Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија започна токму од ветерници, јави ...

Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови. Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување. Во демократско општество, на аргументите се одговара со ...

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај” не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни работи ги демантира ваквите наводи. Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои ...

На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за ...

Министерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и ...

Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својата Фејсбук страница, заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. -Во касарната Илинден оддадовме почит на 8-те ...

Американската сајбер команда започна истрага по серија смртни случаи меѓу нејзините членови и луѓе кои тесно соработувале со единицата, при што најмалку пет самоубиства се регистрирани од почетокот на јуни до почетокот на јули, објави Блумберг. Концентрацијата на случаи во толку краток временски период предизвика загриженост кај военото раководство и Конгресот, а раководството на Сајбер командата ја третира ситуацијата како таканаречен ...

Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на ...

Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот при извршен претрес на пратка за осуденикот О.М.(48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Eпицентарот на земјотресот бил во покраината Чоко на брегот на Пацификот, во близина на градот Сан Хозе дел Палмар. Според првичните информации има повредени лица и е предизвикана голема материјална штета, соопшти гувернерката на тој регион преку социјалната мрежа „Икс“. Силниот потрес ...

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави информации и препораки за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции, со апел до граѓаните да се грижат за своето сексуално и општо здравје. Што се сексуално преносливи инфекции? Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт (вагинален, анален или орален). Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси ...

Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се ...

Двегодишно дете вчера било донесено во Општа болница Куманово по труење со лекови. Детето по укажаната медицинска помош денеска е пуштено на домашно лекување. – На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на ...

Првото издание на „Џез-вечери”, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето”, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ” и на НУ „Охридско лето”. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија” и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка ...

На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано ...

На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58