Бојкот на маркетите и другите трговски синџири. Граѓаните револтирани од високите цени се воздржуваат од купување, бараат власта да преземе чекори за контрола на скапотијата. Потрошувачите поделени, оние што ги сретнавме во маркетите не сакаа не нè беа расположени да коментираат, но во корпите можеше да се видат само основните производи. Министерката за финансии апелира да се почитува Законот за нефер трговски практики. Ако се најде злоупотреба ...
Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) – По повиците на социјалните мрежи, денеска дел од граѓаните во Скопје одлучија да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Во анкетата што ја направи МИА, мнозинството граѓани изјавија дека нема да влезат во маркетите додека трае бојкотот. Тие се согласни дека цените на производите се превисоки за ниските примања и веруваат дека бојкотот ќе придонесе за подобрување на ситуацијата. ...
Ова е сликата денеска во голем дел од регионот.. Освен во Хрватска, се бојкотира и во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија. -Секако дека поддржувам (бојкот). Мораме да бидеме одлични и да знаеме што сакаме. , вели жителка на Сараево. -Не одам во продавница. Чекам пријателка, денеска е ден за прошетки. , жителка на Сараево. -Тие работници таму (во маркетите) имаат семејства. Работат за плата и нема да бојкотираме. , вели жител на Подгорица. ...
Полупразни маркети, без редици на касите-на последниот ден од јануари, граѓаните одлучија да го бојкотираат пазарувањето, револтирани од високите цени. Наместо зеленчук од супермаркет, купуваа од пазар, леб земаа од пекара, а некои целосно се откажаа од денешното пазарење. Сепак, имаше и такви што останаа верни на маркетите и решија да си пазаруваат како и секој ден. Дел од граѓаните сметаат дека бојкотот ќе биде лекција за трговците, но други ...
Бојкот на продавниците и трговијата ширум земјите од поранешна Југославија. Граѓаните во борба со високите цени. Иницијативата која почна во Хрватска, за брзо време се прелеа и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Хрватската платформа „Ало инспекторе“ ги повика граѓаните воопшто да не пазарат - да се бојкотираат и платежните трансакции, угостителските услуги, сместувањето, превозот, доставата. Одзивот е голем, а супермаркетите ...
Добивај вести на Viber Поголемиот дел од граѓаните денеска ги бојкотираа маркетите, а дел сепак излегоа да пазарат. Бојкотот денеска го коментираше првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески кој објасни дека поддржува сѐ што има реална основа, но ќе бара решение на проблемот преку дијалог помеѓу производителите и трговците кои се членки на Комората. „Овој проблем не е од сега туку од порано меѓу производителите и трговците и сметам дека ...