• сабота, 17 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Делчево промовирана монографијата за Косово Дабје од авторот Крум Николовски

Во Делчево промовирана монографијата за Косово Дабје од авторот Крум Николовски

Делчево, 10 мај 2025 (МИА) - Здружението на роднокрајни автори „Пијанечки Глас“ од Делчево во соработка со Националната установа „Никола Јонков Вапцаров“ синоќа во фоајето на Спомен домот АСНОМ, организираа промоција на монографијата за Косово Дабје од авторот Крум Николовски. Подготовката на монографијата траела 23 години, бидејки  авторот располагал со многу малку податоци за да се напише една монографија.

-Монографија било тешко да се пишува, бидејки за нашето село има толку малку податоци. Почнав да ја пишувам од ден Илинден 2002 година, безмалку 23 години работев на истата. Во архивот на МАНУ најдов податоци дека првите луѓе се доселиле 1789 година, скоро речиси два и пол века постои, а сега во селото живеат само тројца жители и тие се повратници, истакна Николовски.

Директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапваров“, Златко Начовски, порача дека ќе продолжат да ги поддржуваме роднокрајните автори и повика читателите подобро ќе се запознаат со содржината на монографијата.

-Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме роднокрајните автори, ваквите настани, бидејќи веруваме дека културата има моќ да не обединува и да ја гради иднината на нашето општество, рече Начовски.

Претседателката на ЗРА „Пијанечки Глас“, Христина Деолска изрази задоволство што настанот предизвика интерес кај публиката.

-Честа беше наша, ние сме пресреќни што Делчево доби уште една монографија за селата. Ова е вкупно трета монографија  напишана од роднокрајни автори.  Се надеваме граѓаните ќе продолжат да оставаат на парче хартија историја за местата од каде потекнуваат и се надеваме на поддршка од државата и општината, додаде Деолска.

Промоцијата ја водеше сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, а свој настап имаа и членови на Експерименталното театарче и Локалниот младински совет од Делчево. вс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан