Во кафе-книжарницата „Буква“, денес, со почеток во 19:30 часот, ќе биде промовирана книгата „Приказни за истражувачи“. Една книга. Шеснаесет биографии. Осум млади преведувачи. Илјадници нови светови. На страниците од оваа книга – низ ентузијастично сработените преводи на студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, под менторство на проф. д-р Мира Беќар – оживеани се занимливите и богати ...
Во „МГ кафе-бар“ вечерва, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата наменета за најмладите читатели „Мачето Мице“, топла и разиграна збирка раскази од авторката Татјана Гаврилова, објавена од издавачката куќа „Или-или“, во рамките на едицијата „И ете приказна“. Низ приказните ќе нѐ води промоторката Ана Јовковска. Книгата раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице – палаво, весело и секогаш во движење. Низ десет посебни ...
Денес, со почеток во 18:00 часот во Метаноја Литературно Кафе – Центар, ќе биде промовирана прваta книга на авторката Маја Симоновска насловена како „Сенката што ме чува“. „СЕНКАТА ШТО МЕ ЧУВА“ е крими-романса која маѓепсува уште од првата страница! Маја успева мајсторски да ги спои напнатоста и хуморот, љубовта и мистеријата, создавајќи приказна што ќе ве држи будни до доцна во ноќта – и со насмевка и со трепет. Подгответе се за љубов што се ...
Промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од авторката Биљана Стојановска со илустрации на уметникот Владимир Лукаш, ќе се одржи в недела (27 април) во КСП Центар „Јадро“ со почеток во 12:30 часот. Промотор ќе биде Билјана Црвенковска, а извадоци ќе читаат младите читатели Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6). Промоцијата ќе се заокружи со музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, ...
Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Во МГ кафе бар денеска ќе се одржи промоција на книгата за деца „Мачето Мице“. Станува збор за збирка раскази од авторката Татјана Гаврилова, објавена од издавачката куќа „Или-или“, во рамки на едицијата „И ете приказна“. Промоторка ќе биде Ана Јовковска. -Книгата раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице – палаво, весело и секогаш во движење. Низ десет посебни приказни, читателите ги следат неговите ...