Поврзете се со нас

Светски првенства

Фламенго го истрола Челси и ги налути фановите на англискиот клуб

Објавено

на

Фото: https://x.com/Flamengo/Gilvan de Souza/CRF

Поразот на Челси од Фламенго ја искомплицира ситуацијата на премиерлигашот на Светското клупско првенство, а фановите беа посебно изиритирани што на неуспехот влијаеше и непотребниот црвен картон на Николас Џексон.

Бразилскиот тим по големата победа реши да достави „сол на раната“ на ривалот, па администраторите на официјалниот „Икс“ профил ја потврдија победата со интересен опис.

– Лесна победа против лондонските сини, – стои покрај фотографијата на Данило, а покрај резултатот и неочекувано лого на премиерлигашот.

Поточно, името „лондонски сини“ е препознатливо за видео игрите кои не смеат да го користат вистинското име на Челси, а истото важи и за логото, па целата порака предизвика лутина кај голем број фанови на лондонскиот клуб.

За да биде поинтересно, овој пост ги навлече и фановите на ривалските англиски клубови, кои очекувано беа расположени за сеир, а бројот на коментари е доволно објаснување за вниманието кое го привлече објавата на бразилскиот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни