Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Екипата на Баерн Минхен со една нога е во четвртфиналето во Лигата на шампионите, затоа што на првиот осминафинален дуел против Аталанта среде Бергамо, славеа со убедливи 1-6 (0-4). Баварската машинерија буквално го сомле калчолигашот, демонстрираше моќ и само чудо може да го остави без пласман меѓу најдобрите осум во европската фудбалска елита. Германскиот гигант уште од самиот почеток наметна свој стил на игра и брзо го скрши отпорот на ...
Фудбалерите на Њукасл и Барселона одиграа нерешено 1-1 на „Сент Џејмс Парк“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Домашниот тим беше на чекор до голема победа благодарение на погодокот на Харви Барнс во 86. минута, но во последните секунди од натпреварот дефанзивецот Чао направи пенал врз Дани Олмо, кој успешно го реализираше Ламин Јамал и ѝ донесе реми на Барселона. Тренерот на каталонскиот тим Ханси Флик се соочи со ...
Во еден од најчудните натпревари во историјата на Лигата на шампионите екипата на Атлетико Мадрид го декласираше Тотенхем со 5-2. Шпанскиот гигант одигра фуриозно прво полувреме, речиси идентично како она против Барселона во Купот на Кралот пред неколку седмици, а овој пат голема помош доби од противничката одбрана на чело со дебитантот на голот Антонин Кински. Четата на Чоло Симеоне уште во раната фаза го демолира својот противник. Водство ...
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го завршија годинашниот настап во АБА 2 лигата со пораз од Широки Брег по две продолженија со 111-109 во последното коло од регуларниот дел од сезоната. Иако аеродромци успеаја да се вратат од негатива од 17 поени (57-40) и можеа да победат бидејќи во финишот имаа предност од 86-90, сепак поради тоа што им беше потребна победа од 15 разлика решија да одат на продолженија како би успеале ...
Њукасл прокоцна победа на домашен терен против Барселона во најинтересниот вечерен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. По голема и лута борба, Англичаните успеаја во 85. минута да дојдат до водство со холот на Харви Барнс, но откако истекоа четирите минути продолжување, Малик Чао направи вистинска глупост фаулирајќи го Олмо во сопствениот шеснаесетник и подарувајќи им на Каталонците пенал. Јамал успеа да погоди и да донесе реми ...
Тимот на Мајами Долфинс го отпушти квотербекот Ту Таговаилоа, како што објави генералниот менаџер на тимот, Џон Ерик Саливан. Квотербекот ќе добие над 54.000.000 долари за предвремениот отказ. Таговаилоа, кој беше избран како петти избор на НФЛ-драфтот во 2020 година, потпиша четиригодишен договор вреден 212.400.000 долари во 2024 година и одигра само една сезона. Иако нема да му биде исплатен целиот договор, Долфинс ќе исплати 100.000.000 ...
Двократниот европски првак Вардар 1961 го победи Мелсунген (25-34) и како првопласиран во групата од главната фаза оди во четвртфиналето на Европската лига. За крај на перфектната вечер во „Ротенбах Хале“ во Касел се погрижи најискусниот во тимот Гоце Георгиевски кој со атракција и „сув лист“ меѓу нозете на голманот, а тоа дополнително предизвика ерупција во делот од трибините каде што беа „Комити“. По крајот на натпреварот навивачите ги ...
Јубилејниот 100-ти натпревар на Арне Слот на клупата на Ливерпул нема да остане во добро сеќавање за холандскиот стратег. Во вжештената атмосфера на „Рамс Парк“, Галатасарај славеше со минимални 1-0, оставајќи го англискиот гигант со тешка задача за реваншот на „Енфилд“ на 18 март. Кошмарот од корнер продолжува Натпреварот беше решен уште во седмата минута, кога старите слабости на Ливерпул при прекини повторно излегоа на површина. По ...
Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска доби признание за своите одлични настапи во квалификациите за Европското првенство 2026, откако беше избрана во идеалниот тим на колото по одигрувањето на третата и четвртата рунда. Кипријановска беше одлична во двата натпревари против Белгија, прикажувајќи одлична игра на десната бековска позиција, поради што заслужено се најде меѓу најдобрите ракометарки во овој квалификациски ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ги заврши настапите во регуларниот дел на АБА-2 лигата. „Штрковите“ загубија кај Широки Бријег по продолженија (111-109) и така остануваат во долниот дел на табелата кој не води во плеј-офот. На аеродромци им требаше подвиг и победа со висока разлика, но не успеаја да ја остварат целта. Тимот на Васко Атанасов играше егал-меч се до 33-34, а потоа ривалот влезе во серија и замина на високи 17 поени ...
Дуелот во Касел ќе биде директна битка за врвот во групата и место во четвртфиналето. Скопскиот тим има јасна цел, победа значи прво место и директен пласман меѓу осумте најдобри во натпреварувањето. Но и домаќинот има ист мотив, па затоа се очекува неизвесен натпревар со голем влог за двете екипи. Тренерот Иван Чупиќ за овој натпревар ќе може да смета на комплетен состав. Неколку промени ќе има во вардаровиот тим. Еднатае на голманската ...
Шампионот во тешка категорија Александар Усик (24-0, 15 нокаути) планира да се бори уште три пати пред да го објави пензионирањето. 39-годишниот шампион ќе се врати на рингот на 23 мај во Гиза, Египет, против легендата на кикбоксот Рико Верховен. Во интервју за „Ринг“, Усик рече дека ова е првата од трите планирани борби за збогување. „Слушајте. Рико е првата борба“, објаснува Усик. „Втората е со победникот на борбата за титулата во ВБО меѓу ...
Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Пред македонската репрезентација се и: ...
Составот на Баерн Минхен ја оправда улогата на фаворит и славеше над Брауншвајг со 98:80 во натпреварот од 25. коло во германскиот шампионат. Домаќините воспоставија свој ритам, темпо уште од првата четвртина и постепено го градеа водството за да на крајот слават со скоро 20 разлика. Петмина играчи кај баварците беа двоцифрени, лидер беше Обст со 21 поен. Нашиот Ненад Димитријевиќ беше најдобар асистент (4) заедно со Обст и Рејтан-Мејс, ...
Поранешниот играч од одбраната на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ даде поддршка за актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Карик. Тој за својот соиграч смета дека постигнува добри резултати. – Мајкл и играчите ја имаат мојата поддршка. Се надевам дека ќе обезбедат Лига на шампиони, дека на Јунајтед местото му е во тоа натпреварување. Не треба постојано да им се врши притисок „што ќе биде после“, едноставно уживајте во актуелниот период. ...
Ракометарите на Вардар 1961 го победија Мелсунген со 25-34 (12-17) и од првото место одат директно во четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. Во одлична атмосфера, пред повеќе од 300 македонски навивачи „црвено-црните“ стигнаа до голема победа и ја исполнија целта. Двократниот европски првак вторпат го победија истиот ривал, па ќе ја скокнат првата нокаут рунда во ова натпреварување и ќе играат директно за место на „фајнал-фор“. Домашната ...
Стадионот во Крива Паланка доби нов изглед, откако денеска и официјално беа пуштени во употреба новоизградените трибини со капацитет од 1.050 гледачи. Од општината информираа дека со оваа инвестиција спортскиот комплекс дополнително се унапредува и постепено се развива во модерен спортски центар, наменет за користење од граѓаните од сите генерации. Според информациите од локалната самоуправа, проектот чини повеќе од три милиони денари, а ...
Првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите заврши со победа на Галатасарај против Ливерпул со 1:0. На „отворањето“ од оваа фаза домашниот тим бодрен од домашните навивачи ја искористи шансата на почетокот на дуелот и стигна до заслужена победа. Стрелец на единствениот гол беше Лемина во 7.минута. Во вториот дел имаше и два поништени гола. Прво Галатасарај постигна гол преку Осимен, кој беше поништен заради офсајд позиција, а ...
Тврдо прво полувреме без голови на „Ст. Џејмс Парк“. Њукасл и Барселона завршија без голови 0:0 во полувреме во кое и двата тима имаа позиции од кои можеа и да го отворат резултатот. Сепак, за прв гол ќе мора да почекаме до вторите 45 минути. Вистинска фудбалска бламажа претрпи Тотенхем уште во првата половина на гостувањето кај Атлетико во Мадрид. Домашните рано поведоа, уште во шестата минута, кога Ромеро ја додаде топката од работ на ...
Неверојатно делуваат резултатите во Мадрид и во Бергамо по само едно полувреме во осминафиналето во Лига на шампиони. Атлетико Мадрид имаше старт од соништата. По грешката на голманот на Тотенхем, Љоренте погоди за 1:0 за мадридскиот тим во шестата минута и тој погодок може да го видите ТУКА. Мадриѓани продолжија да напаѓаат и да постигнуваат голови. Следуваа погодоците на Гризман во 14 минута, на хавиер Алварез една минута подоцна, а веќе во ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид уште не почнат мечот имаат убедливо водство од 3-0 на домашен терен против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. На домаќините има беа потребни само 16 минути за да стигнат до убедливото водство. Поведоа со голот на Љоренте во 6. минута. На 2-0 зголеми Гризман во 14, а само две минути подоцна беше и 3-0 со погодокот на Алварез. По сето ова Игор Тудор мораше да го промени ...
Пари Сен Жермен не игра најсигурно, па на последните шест меча победи само трипати, двапати загуби, а еднаш одигра без победник. Ваквите резултати не се вообичаени за тимот кој е актуелен француски и европски првак, и тоа во пресрет на најважниот дел од сезоната. Светците утревечер на свој терен ќе играат против Челзи во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вели дека има респект кон противникот, ...
Игор Тудор, новиот тренер на Тотенхем е под голем притисок, и покрај тоа што во клубот е помалку од еден месец. Премиерлигашот никако да излези од кризата во домашниот шампионат, а хрватскиот тренер вечерва се реши за потег по кој сигурно на негова адреса ќе пристигнат нови жестоки критики. Имено, на местото на првиот голман Гиљермо Викарио во стартниот тим против Атлетико Мадрид се најде младиот чешки чувар на мрежата Антонин Кински. ...
Тимот на Ферари во Формула 1 се подготвува да претстави ажуриран болид на претстојната трка за Големата награда на Кина, објави „Авторејсер“. Според изворот, надградбите на SF-26 ќе вклучуваат ротирачко задно крило, наречено „Макарена“, кое ќе биде достапно во три варијанти. Ажурираната верзија на крилото не се очекува да се појави до Големата награда на Канада. За потсетување, Големата награда на Кина ќе се одржи од 13 до 15 март во Шангај. ...
Ракометарите на Вардар 1961 му гостуваат на Мелсунген во натпреварот од последното коло на главната фаза во Европската лига на ЕХФ. Согласно договорот на двата клуба, Вардар доби цел сектор за навивачи и според неофицијалните информации има преку 300 навивачи во салата „Ротенбах Хале“ во Касел. Навивачката група „Комити“ со поддршка од дијаспората им покажа вистинска спортска атмосфера на Германците, бидејќи еден сектор е погласен од ...
Лондон, 10 март 2026 (МИА) - Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, верува дека тимот испорача многу добри перформанси на Големата награда на Австралија, но според него битката со Ферари беше исклучително напната. Волф е уверен дека соперништвото со Скудерија ќе продолжи. - Во врска со ривалството со Ферари, пред трката луѓето велеа: „Мерцедес само ќе тргне напред и ќе исчезне од вид ја видовме вашата брзина на долги растојанија.“ Но, тоа ...
Турскиот прволигаш Галатасарај издвојува уште една победа над Ливерпул во оваа сезона во Лигата на шампионите, овојпат во првиот натпревар од осминафиналето на елитното натпреварување. Клубот од Истанбул славеше со 1-0, резултат кој е идентичен со оној месец септември на овој стадион. Како клучен, решавчки момент на вечершната битка се покажа ситуацијата од 7 минута кога по корнерот што го изведе Габриел Сара, топката преку Осимен стигна до ...
Македонскиот борач Бесир Алили утре ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство за помлади сениори (У23) кое се одржува во Зрењанин, Србија. Алили во четвртфиналето (-61 кг.) имаше доминантна борба против Марсагишвили од Грузија победувајќи го со 10-0, по што следеше многу тежок меч во полуфиналето против Азербејџанецот Алахвердиев. Во интересна борба на крај Алили беше поразен со 12:5. Утре на душекот во Зрењанин, Алили во борба за ...
Барселона ќе добие нов, модерен дом кој ќе прима над 100 илјади гледачи, но за комплетирање на „Камп Ноу“ ќе биде потребно уште некое време, а во меѓувреме шпанскиот првак ќе може да игра на својот стадион со тоа што од денеска има дозвола според која ќе можат да бидат присутни повеќе навивачи на трибините. Имено досега „Камп Ноу“ можеше да прими околу 46 илјади гледачи, но со најновата дозвола која ја даде градскиот совет на Барселона, тој ...
Галатасарај оствари голема победа над Ливерпул со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, стекнувајќи минимална, но значајна предност пред реваншот. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Марио Лемина уште во седмата минута, а големи заслуги за акцијата имаше Виктор Осимен, кој повторно беше меѓу најдобрите на теренот и запиша асистенција. Натпреварот имаше и силна емотивна увертира. Пред почетокот на ...