Баерн Минхен вчера издоминира на дуелот со Аталанта и го реши патникот во четвртфиналето на ЛШ уште на првата средба, додека истовремено Венсан Компани и неговите фудбалери заслужено добиваат комплименти за начинот на кој го одиграле овој дуел. Истовремено, дел од европските медиуми објавија дека Мајкл Олисе и Џосуа Кимих ризикуваат суспензија од УЕФА поради начинот на кој добија жолт картон во Бергамо. Олисе и Кимих беа на картон до ...

Фановите на Атлетико Мадрид имаа причина за добро расположение по убедливата победа од 5-2 против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ одиграа фуриозно прво полувреме и по само 15 минути имаа огромна предност од 3-0. До паузата постигнаа уште еден погодок и практично го решија натпреварот уште пред вториот дел. Додека на теренот се редеа голови, на трибините владееше опуштена атмосфера. ...

Лидерот во Премиер лигата Арсенал и нивниот менаџер Микел Артета не се премногу задоволни од досегашните игри на нивниот играч, кој беше купен последниот преоден рок Виктор Ѓокереш. Според медиумите од Англија Артета бара ново засилување. Станува збор за фудбалерот на Галатасарај Виктор Осимен. Претходната сезона тој беше во Истанбул како позајмен играч од Наполи, а потоа „остана“ во клубот. Сезонава на 26 натпревари има постигнато 18 голови. ...

Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Европската лига, откако на гостувањето кај Мелсунген славеше со убедливи 25-34. Македонскиот тим го освои првото место во групата и за пласман на завршницата во ова натпреварување ќе се бори со подобриот од Монпелје и Елверум. Синоќа видовме голем број на актрактивни потези, еден од нив го одбра ЕХФТВ. Погодокот на Николас Боно е прогласен за петти најдобар гол за последното коло од ...

Атлетскиот клуб Олимп од Битола продолжува со успешни настапи на регионалните трки. Изминатиот викенд, атлетичарот Бојан Чаприќ го освои првото место на трката на 5 километри, која се одржа во рамки на Кавадаречкиот полумаратон. Чаприќ настапи сигурно и тактички зрело, контролирајќи го темпото во текот на целата трка и заслужено стигнувајќи до победата. „Бојан покажа стабилност и одлична контрола на темпото, што му донесе заслужена победа. Во ...

Дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис, го напушти теренот во солзи за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта откако се здоби со уште една повреда. Канадскиот репрезентативец се врати на теренот откако се опорави од повреда на тетивата, на полувремето влезе на местото на Конрад Лајмер. Сепак, тој одигра само 21 минута на теренот. Дејвис седна на тревата, јасно покажувајќи дека не може да продолжи. Засега не е познато за ...

Синоќешната ноќ во НБА лигата ќе остане запишана во историските книги. Бам Адебајо го приреди вториот најдобар стрелецки учинок на сите времиња, Лука Дончиќ продолжи со „трипл-дабл“ магиите, а Виктор Вембањама потврди дека неговото време е веќе пристигнато. Мајами – Вашингтон 150:129 Центарот на Мајами Хит го шокираше светот постигнувајќи неверојатни 83 поени, со што го претекна Коби Брајант (81 поен) на вечната листа. Адебајо постави и нови ...

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Индијан Велс во игра на двојки, откако тој и Стефанос Циципас доживеаја елиминација во два сета. Српско-грчкиот тандем загуби од двојката Вашеро/Риндеркнеш со 2:0 во сетови и на тој начин им остануваат само битките во сингл конкуренција, но она што може да се истакне од овој меч е и провокативното однесување на Риндеркнеш, кој го налути и Ѓоковиќ. Французинот испрати неколку провокации на сметка на ...

БАМ АДЕБАЈО синоќа одигра натпревар за историја предводејќи ги Мајами Хит до победа од 150-129 против Вашингтон Визардс со постигнати негови неверојатни 83 поени. Неговиот настап е втор најдобар на сите времиња во историјата на НБА, веднаш зад Вилт Чемберлен и легендарниот натпревар во кој постигна 100 поени. Со тоа, НБА доби нов херој! Но кој е всушност 28-годишниот Адебајо? Ова е неговата животна приказна. Растејќи во сиромаштија Денес, Бам ...

Легендата на Рома, Франческо Тоти се враќа на „Олимпико“. Според информациите на новинарот Никола Шира, раководството на клубот постигнало договор со 49-годишниот Тоти, тој да биде дел од тренерскиот штаб на првиот тим. Преговорите се во завршна фаза, па официјалната потврда за враќањето би можела наскоро да пристигне. Тоти треба да добие една од важните позиции во стручниот штаб, додека повеќе детали за неговата улога ќе бидат познати ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) изрази сериозна загриженост поради можните последици од новите финансиски правила што ги воведува англиската Премиер лига и нивното потенцијално влијание врз остатокот од европскиот фудбал, пренесуваат британските медиуми. Клубовите од најсилното англиско првенство изгласаа премин кон нов систем наречен „сквад кост рејшио“ (SCR), кој треба да започне да се применува од следната сезона. Според овој модел, ...

Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота со 120:106, изминатата ноќ во НБА лигата. Натпреварот го обележа Лука Дончиќ, забележа трипл-дабл со 31 поен, 11 скока и асистенции. По изедначеното прво полувреме, Дончиќ го засили темпото и почна да ја растура одбраната на гостите, која не можеше да најде решенија за него. Покрај Дончиќ, за Лејкерси се истакнаа Ривс со 31 поен, седум скока и осум асистенции, Ејтон со 14 поени и 12 скока и Кенард со ...

Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на Лига Европа со триумф кај Мелсунген од 34-25 ни го донесе првото место во групата. Со тоа го избра потешкиот пат и во следната фаза ќе игра најверојатно со француски Монпеље. Вукашин Воркапиќ и Франциско Да Силва постигнаа по 6 гола, Николас Боно 5 а Милош Валах – 8 одбрани Двомечот се игра кон крајот на април и почетокот на мај. Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на Лига Европа ...

Лука Дончиќ минува низ најголемиот скандал во својот приватен живот, па многумина се прашуваа како тоа ќе влијае на неговите игри во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Сепак, словенечкиот кошаркар тоа најдобро го демонстрираше синоќа. Пред неколку дена се појави информација дека љубовната приказна меѓу Дончиќ и неговата свршеница Анамарија, која трае повеќе од десет години, завршила на неславен начин. Тие добија второ дете во декември, но според ...

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен европски шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков веќе ги запали моторите за новата сезона. Со куфер полн очекувања и титула која носи огромна тежина, но и уште поголема мотивација, македонскиот ас официјално ги започна подготовките за предизвиците кои следат. Во периодот од 27 февруари до 3 март, Мијалков престојуваше во Шпанија, каде што одработи циклус на ...

Кошаркарот на Мајами хит, Бам Адебајо, приреди неверојатна НБА вечер во која го оствари вториот најголем поентерски ефект во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Адебајо во натпреварот на својот Мајами хит против Вашингтон визардс, кој заврши со резултат 150-129, постигна неверојатни 83 поени. The 81+ point club 🔥 100 — Wilt Chamberlain (1962) 83 — BAM ADEBAYO (2026) 81 — Kobe Bryant (2006) https://t.co/yRoyRllI6e ...

Роберт Левандовски имаше супер успешна приказна со Баерн Минхен, тим во кој мина осум години, период во кој собори многу рекорди, постигна многу голови и освои титули со германскиот великан. Баерн без него се мачеше да испорача она што се очекува откако се пресели во Барселона, но по доаѓањето на Хари Кејн одново баврците имаат гол машина како „деветка“, ас кој едноставно е лидер и може да испорача погодоци од секоја позиција на теренот. Кејн ...

Ракометарите на Вардар и покрај освоеното прво место во групата, ги очекува тежок предизвик во четвртфиналето од Европската лига. Црвено-црните“ ќе играат против победникот од двомечот меѓу Монпелје и Елверум, екипи кои имаа одлични настапи во групната фаза. Без разлика на противникот, Вардар ќе го игра реваншот на домашен терен. Доколку се пласира на Ф4 турнирот, таму би можел да се сретне со европскиот гигант Кил. Завршниот турнир од ...

Карлос Алкарас продолжува со перфектниот старт на новата сезона. Откако триумфираше на Австралија опен (седум победи) и Катар опен (пет победи), шпанскиот тенисер без никакви проблеми почна со победа и на Индијан Велс. Од почетокот на 2026 година, Алкарас има 13 триумфи во исто толку дуели. Рекордер по број на победи во низа од почеток на една сезона е Новак Ѓоковиќ. Србинот во 2011 година доминираше и нареди неверојатни 41 победи по ред. ...

Според коментарите на поранешниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Бајрон Скот, легендарниот кошаркар Леброн Џејмс може да ја заврши својата НБА кариера во Кливленд, односно градот каде што првпат заигра во лигата и остави огромен траг. Скoт изјави дека верува оти оваа сезона може да биде последна за Леброн во Лејкерси, а потоа би се вратил во Кливленд за уште една сезона, каде што би го дочекал својот веројатен споменик и други признанија од ...

Ракометарките на Астибо во четврток играат дерби меч против Пелистер, во рамки на 17. коло на Супер лигата. Ова е клучно дерби кое многу решава околу потврда на директниот и сигурен опстанок на двете екипи. Астибо бара силна поддршка од верната публика, сака полна сала и ветер во грб на патот кон остварување на четвртото сезонско славје и на тој начин да биде сигурен околу шестата позиција. „Пред нас е натпревар кој има огромно значење за ...

Неколку клубови сериозно размислуваат да вложат значителни финансиски средства со цел да станат сопственици на „А“ лиценца во Евролигата, пишуваат шпанските медиуми. Во моментов, овој статус го поседуваат дванаесет клубови - Барселона, Басконија, Реал Мадрид, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Ефес, Фенербахче, Милано, Жалгирис, Баерн и Асвел. Покрај нив, во натпреварувањето настапуваат и клубови кои добиле специјални покани со ограничено ...

МЗТ Скопје ја заврши својата сезона во АБА2-лига. И овој пат актуелниот македонски првак не успеа ниту одблизу да стигне до место кое води во елитата. Вечерва „сино-белите“ запишаа пораз од 111-109 на гостински терен кај Широки после две продолженија. Во кратката објава на „Фејсбук“ страницата МЗТ Скопје во две речници го опиша поразот, а потоа најави дека целосно се врти кон домашниот шампионат и мечот против ТФТ, кој неочекувано, според ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ сруши нов рекорд, стар 65 години и го престигна Карим Абдул-Џабар. Историската партија на Јокиќ не беше доволна за Денвер Нагетс да ибегне пораз од Оклахома Сити Тандер, но српскиот центар повторно ги помести границите во НБА и уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најразновидните кошаркари во историјата на натпреварувањето. Во дуелот со Оклахома, тој го запиша својот 323-ти натпревар во кариерата со ...

Олимпијакос продолжи со доминантната форма во Евролигата, запишувајќи ја четвртата победа во последните пет меча, откако во Париз славеше против истоимениот домаќин со убедливи 87-104. Натпреварот, кој беше презакажан од 34-то коло, помина во знакот на историската офанзива на гостите од Пиреја. Клубски рекорд во првото полувреме „Црвено-белите“ одиграа полувреме за паметење, поставувајќи нов клубски рекорд по број на постигнати тројки во ...

Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. УЕФА претходно го казни Реал Мадрид со 15.000 евра за нацистичкиот поздрав на еден навивач за време на натпреварот против Бенфика. Трибината ќе биде делумно затворена за еден натпревар доколку инцидентот се повтори. Според „Марка“, Луис Санчез разговарал со претставници на главните ...

Осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Тотенхем донесе сцена која ретко се гледа на врвно ниво. Младиот чешки голман, Антонин Кински, доживеа професионален дебакл откако беше повлечен од игра во само 17-та минута, по серијата катастрофални грешки кои го чинеа неговиот тим три гола во воведните минути. 15 минути од пеколот за 12 милиони фунти Кински, кој пристигна во Лондон од Славија Прага за 12,5 милиони фунти, доби ...

Ако некој очекуваше неизвесност во пресметката меѓу Аталанта и Баерн Минхен, вечерва на „Стадио ди Бергамо“ доби брутален одговор. Германскиот гигант демонстрираше неверојатна разлика во класа, победувајќи со убедливи 1-6 (0-3), претворајќи го реваншот во Минхен во обична формалност. Тимот на Винсент Компани делуваше незапирливо дури и без Хари Кејн и Џамал Мусиала во стартниот состав, покажувајќи дека овој Баерн има застрашувачка длабочина ...

Овие два тима се сретнаа и во лигашкиот дел од сезоната во Лигата на шампионите, тогаш беше 1-0 за Галатасарај, а тој резултат е остварен и денеска. Единствениот гол беше постигнат уште во седмата минута кога по еден корнер, топката дојде до Осимен кој со глава асистираше до Лемина, а тој погоди за водство од 1-0. До крајот се играше динамично, со напади и шанси и на двете страни. Со помош на ВАР беа поништени по еден гол и за Галата и за ...

Њукасл и Барселона ремизираа 1-1 во првиот натпревар од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. Домаќините покажаа поголема енергија, желба за победа на ова соочување и беа многу блиску до победа, резултат кој им „се лизна од раце“ во 96 минута кога Чау го фаулираше Олмо во казнениот простор, а Јамал ја презема одговорноста и биеше прецизно за реми. Инаку премиерлигашот водеше од 86 минута кога Барнс се најде на вистинското место по ...

Вера

4 часа - МРТ
weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
36%
998
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
8.23
32%
995
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
12.35
87%
997
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
36%
1001
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.9
37%
1000
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
9.77
64%
997
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
39%
1004
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
7.2
34%
1000
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
51%
999
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
6.17
36%
1003
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
55%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
67%
1005
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Платина

60507.71

Паладиум

43853.62

Сребро

2192.86

Алуминиум

3.29

Злато

142844.87

Родиум

347228.06

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Иридиум

256711.96

Кобалт

56.29

Бакар

11.09

Калај

45.72