Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Редакцијата Рацин.мк секогаш со посебно внимание ги следи и се фокусира на луѓето во нашето општество кои ги прошируваат границите. Така да кажем, најопшто кои ги поместуваат границите во однос на некои теми кои се важни за одредени целни групи за одредени граѓани, а кои пак се важни понатаму за она што значи едно развој на едно прогресивно демократско општество кое е инклузивно, кое не се срами и не се воздржува од тоа да ги отвори темите кои ...
СВР Тетово информира дека вчера (5.12.2025) во 09:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на ул. „Браќа Ѓиноски” во Гостивар го лишија од слобода 38 годишниот гостиварец Е.Е. поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,тешка кражба”, сторени во текот на минатиот месец во продавници и маркети. Ноќеска пак, 5 минути после полноќ часот во Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.К.(44) од Леуново, ...
Стратегија усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави денеска Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски рече дека Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем ...
Во Македонија сè повеќе се отвора просторот жените да станат пожарникарки, по примерот на поразвиените земји. Десетина жени од Источна Македонија веќе започнаа обуки за приклучување кон доброволните противпожарни друштва, како дел од програмата „И ти можеш да бидеш хероина“. Тие поминуваат теоретски и практични тренинзи за реагирање при пожари и користење на основна опрема. Меѓу нив е и Танкица Стојанова од Струмица, која вели дека овие обуки се ...
Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, од 9 до 11 декември ќе престојува во официјална посета на Македонија и нејзината Армија. Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во текот на престојот, согласно агендата, ...
Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 ...
Си-Ен-Ен (CNN Travel) објави репортажа во која Македонија е претставена како привлечна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без масовни туристички гужви, нудејќи уникатно искуство за патниците. „Опкружена со гребени и врвови кои нудат пејзажи што го опфаќаат целиот спектар од четирите годишни времиња – од зелени падини до снежни карпи – Северна Македонија нуди шанса за избирање на патот по кој поретко се оди како дестинација во ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нови факти, докази и документи како семејната фирма на директорот на службата за заеднички и општи работи, ИвицаТомовски, го чисти буџетот. „Со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер.Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски.Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во 2024 година! А, оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра. По објавување на оваа ...
Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен спектакл официјално ќе ја осветли новогодишната елка на централниот градски плоштад. Од општината ветуваат забавна програма и старт на една од највпечатливите зимски манифестации во регионот. -Оваа година општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одбројуваме заедно со граѓаните и ќе ...
Територијата на Македонија во текот на целата наредна седмица ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе предизвика да имаме невообичаено високи температури за месец декември и тие ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу па и за повеќе од 10 степени. Во Македонија во текот на следната седмица температурите се очекува да се искачат дури до близу 20 степени. Секако, ...
На 07.12.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с.Лешок, го лишија од слобода Д.Т.(54) од с.Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“, кое Д.Т. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,96 промили алкохол во ...
Група воени офицери во Бенин денеска излегоа со тврдење дека го отстраниле претседателот Патрис Талон од власт и ја распуштиле владата. Нарекувајќи се себеси Воен комитет за обнова, војниците изјавија на државната телевизија СРТБ (SRTB) дека го именувале потполковникот Паскал Тигри за нов лидер на Бенин и дека границите на земјата се затворени. Жителите на Котону, економски главен град на африканската држава Бенин, изјавија дека рано утрово ...
Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска во завршното трето коло ја совлада Словачка со 26-24. Дуелот против до овој натпревар непоразената Словачка донесе резултатски израмнето прво полувреме (12-12). На стартот од вториот дел, македонските ракометарки влегоа во серија од 3-0, за водство од 15-12, кое со пожртвувана игра го задржаа до самиот ...
Добро што има критичка дебата за буџетот во правосудството, а контроверзната дебата на крајот на краиштата е добар доказ за демократијата, вели германската амбасадорка Петра Дрекслер. Таа посочува дека не може да се очекува ефикасност од судството, ако не се пополнат испразнетите места. Амбасадорке, како ја оценувате сегашната состојба со македонските евроинтеграции? Односите меѓу Северна Македонија и ЕУ - Северна Македонија, Западен Балкан е ...
Жители на населбата Стрелиште во Битола деновиве упатија фотографии до ТВ Тера. Се жалат на лошата состојба на улиците во населбата, а посебно на улицата „Цане Бујуковски“. Велат дека од месната заедница досега повеќе пати се обраќале со барање за санација на улицата. Сепак, до сега ништо не е направено. Ние сме единствена населба каде што улиците се исти од самото правење на населбата во 1981 год, велат жителите доставувајќи фотографии во ...
Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување, а тоа се создава ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ излезе со нова серија обвинувања против Ивица Томовски, директор во владините структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тие тврдат дека семејната компанија „Сити аутсорсинг“ добила вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Според информации од СДСМ, по доаѓањето на новата влада, компанијата забележала раст на својата деловна активност од 306 проценти во 2024 година, а во 2025 година веќе инкасирала скоро половина милион евра ...
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица. На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 0,5 отсто минатата седмица, на 47.954 поени, додека S&P 500 порасна за 0,3 отсто, на 6.870 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,9 отсто, на 23.578 поени. Растот на индексите во голема мера се ...
Тест-фазата на новиот сообраќаен систем „Сејф сити“ веќе го менува однесувањето на скопјани. Во првиот ден од тестирањето беа регистрирани 110.000 прекршоци, а веќе следното утро бројката се преполови, што покажува дека камерите веднаш имаат ефект врз возачите. Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, објаснува дека целта на системот е зголемување на безбедноста и намалување на трагичните последици на сообраќајниците. Лани во Македонија имало ...
Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. – Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со безбедноста, стабилност и иднина на државата.Ова ли е големата економска вест ...
Огромните рекламни паноа и билборидите кои долго време беа поставени на Железничката станица во Скопје утрово се демонтирани. – Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на ...
Обвинителството информира дека 29-годишен неготинчанец, со привремен престој во Германија, е во притвор поради силување и уцена на жена во Скопје. Кривичното дело се случило на 2-ри декември, во апартман во центарот на Скопје, а жртвата е пријателка на сопругата на злосторникот. Осомничениот користел нож за закана, се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата. Тој го снимал злосторот и потоа ја уценувал жртвата која го ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против неготинецот кој во Скопје принудил пријателка на полови дејства, а потоа и се заканувал дека видео клипот со експлицитна содржина ќе го објави доколку не му даде 2.500 евра. Осомничениот 29-годишник се товари за две кривични дела – полов напад и силување и уцена. Тој на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и ...
Осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот јазик се чествува и во Словенија. Вчера, во Крањ се одржа првата промоција на двојазичната монографија „80 години македонска азбука“, објавена на македонски и на словенечки јазик, што всушност е единствената монографија по повод големиот јубилеј за македонистиката објавена надвор од Македонија. Со ова, словенечката македонистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ...
Вчера дознавме две важни вести. Грција, Бугарија и Романија потпишаа Меморандум за коридорот Црно Море – Егејско Море или север-југ кој значи модернизацијата на стратешката инфраструктура за овој коридор, железнички, патни, пловни. Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија. Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив на пари од патарини, од точење бензин итн. Втората вест е програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Што имаат ...
На Тикток се појави видео кое за само неколку часа предизвика носталгија, љубопитност и цел бран коментари од луѓе кои веруваат или само се надеваат дека вистинските врски никогаш не завршуваат, објави Курир.рс. Препорачано Видеото го објави млад човек од Србија, чиј профил се вика lbosnic.9, со приказна што започнала пред точно четири децении. Неговиот татко и девојка по име Емилија се запознале на работна акција во Ѓердап во 1984 година. Тоа ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по конгресот ќе има кадровско освежување и промени во сите структури на партијата – од Извршниот комитет до општинските и месните комитети. – ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на последните избори. Партијата ја кренавме од една многу ...
Управата за јавни приходи (УЈП) најави засилени контроли на готовинскиот промет во пресрет на новогодишните празници, со фокус на угостителските и трговските објекти. Од институцијата информираат дека инспекциите ќе бидат интензивирани поради високото ниво на утврдени неправилности. До крајот на ноември УЈП спровела околу 4.000 контроли, што е 2,5 пати повеќе од истиот период лани. Притоа се изречени над 2.500 глоби, а 113 даночни обврзници ...
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме.Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде 2 милијарди евра и побегна, но се уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина, велат од СДСМ. – Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е дел од вертикалата ...
научници откриле дека некои видови дрвја можат да послужат како показатели за местата каде има големи наоѓалишта на злато. Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, откритието треба да го олесни пронаоѓањето на подземни наоѓалишта на непристапни места. Д-р Мел Линтерн, геохемичар од австралиската асоцијација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО), вели дека неговиот тим открил дека некои дрвја, како ...