Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Македонските модели сè појасно ја потврдуваат својата позиција на светската модна сцена, докажувајќи дека талентот, убавината и упорноста од овој регион можат рамноправно да се носат со најголемите модни пазари во светот. Денес, успехот во модата не е недостижна цел, туку реалност што се гради со стратегија, професионалност и постојана работа, нешто што го демонстрираат и македонските манекени кои сè почесто се дел од престижни ...
Холивудската ѕвезда Натали Портман го очекува своето трето дете на 44-годишна возраст, а веста ја откри во едно интервју, нагласувајќи колку е благодарна за новата бременост. Како што рече, таа и нејзиниот партнер, францускиот музичар и продуцент Танжи Дестабл, се пресреќни за новиот член во нивното семејство. Актерката веќе има две деца од претходниот брак со Бенџамин Милпие. Портман истакна дека ја доживува оваа бременост поинаку од порано ...
Актерката Емили Блант блесна на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во Њујорк, а за оваа пригода носеше спектакуларен фустан од „Schiaparelli“, кој го комбинираше со луксузен накит инспириран од „ливчиња од роза што танцуваат на ветрот“. Синоќа сите очи беа вперени во Линколн центарот, бидејќи таму се одржа њујоршката премиера на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, кој сите го чекавме 20 години откако се појави првиот дел од филмот. ...
Прашањето дали децата треба да спијат со родителите со години предизвикува поделени мислења кај родителите и стручната јавност, но сè повеќе истражувања укажуваат дека оваа навика може да има и позитивни ефекти врз нивниот емоционален развој, особено кога станува збор за емпатијата. Според анализите, блискиот контакт меѓу детето и родителите во текот на ноќта придонесува за создавање силна емоционална врска, што е клучно за развојот на ...
Сите фанови на серијата „Сулејман Величествениот“ беа воодушевени од веста дека Мерјем Узерли и Халит Ергенч, кои ги играа ликовите на Сулејман и Хурем, повторно ќе глумат заедно. Овој пат, двајцата ќе играат вљубен пар во филмот Imroz’da Bahar (Пролет на Имроз). Оваа вест се прошири откако фотографиите од снимањето се појавија на интернет и привлекоа големо внимание. Додека некои се сомневаат дека станува збор за вештачка интелигенција, ...
Во текот на зимските месеци, теписите се изложени на зголемена акумулација на нечистотија поради надворешните услови и пореткото проветрување на просторот. Влакната на теписите се заситени со прашина, алергени и застоени мириси, што негативно влијае на квалитетот на воздухот и на целокупниот впечаток за просторот. Доаѓањето на пролетта дава идеална можност за темелно чистење на теписите, што придонесува не само за естетско подобрување, туку и ...
Кралицата на убавината, Бразилката Мајара Кристина де Лима Фиел починала од срцев удар на 31-годишна возраст, само неколку дена пред да треба да учествува на престижен натпревар. Мисицата била пронајдена без свест во својот дом во саботата околу 23:30 часот, пренесува „Сан“. Службите за итна помош брзо пристигнале на местото на настанот и се обидувале да ја вратат во живот повеќе од еден час, но за жал без успех. Наводно, таа немала позната ...
Во срцето на пустината Негев на југот на Израел, археолозите пронајдоа фасцинантен доказ за исхраната на античките номади кој датира од пред 4.000 до 7.500 години. Пронајдените осум јајца од ној лежеле закопани во песочните дини веднаш до остатоците од древно огниште, што фрла сосема нова светлина врз нивната намена. За разлика од многу претходни наоди каде овие јајца биле користени како луксузни предмети или ритуални симболи, оваа збирка ...
Ако мислевте дека само припадничките на понежниот пол се оние позасегнатите околку тоа дека летото наближува, таквите времиња полека како да изумираат ,зашто и мажите и тоа како почнаа се повеќе да се грижат за физичкиот изглед. Ова особено важи за помладите како што е пејачот Огнен Здравковски кој во зимскиот период веројатно се опушти повеќе и тренизнзите не му беа така чести, па сега со грижа на совест е решен да се фати за работа. Имено, ...
Наталија Куниќ, помладата ќерка на најпознатата лото девојка во Србија, Сузана Манчиќ, ретко се појавува во јавноста. Сепак, таа е доста активна на социјалните мрежи, каде што повремено споделува детали од својот приватен живот и привлекува внимание со своите фотографии. Неодамна им покажа на своите следбеници колку ужива во одењето на фризер, алудирајќи на фарбање на косата, но резултатите од таа промена сè уште не беа видливи. Сега, ...
Романот „Млекарот“ од ирската писателка Ана Бернс, во превод од англиски на Катерина Јосифоска, е објавен од издавачката куќа „Артконект“, со поддршка од програмата „Креативна Европа“. „Млекарот“ е едно од највпечатливите книжевни дела што се објавени во англиското говорно подрачје во последната деценија, за што сведочат и многубројните признанија што ги добива ова дело, како наградата „Орвел“ (2019), меѓународната книжевна награда „Даблин“ ...
Сопругата на пејачот Дарко Илиевски, кој веќе неколку години живее и работи во САД, јавно му изјави љубов на социјалните мрежи. Поводот беше роденденот на Дарко. Дека семејната среќа му е на прво место, потврди и емотивната објава на социјалните мрежи. Неговата сопруга, Ивана, сподели прекрасна семејна фотографија на која парот позира заедно со нивните две деца. „Среќен роденден на човекот кој прави сè да биде возможно“, напиша Ивана под ...
„Мртва точка во сврзно ткиво“ – новата стихозбирка на младата авторка Деспина Сиљаноска што тивко, но силно зборува за човекот На македонската поетска сцена се појавува ново, свежо, но веќе препознатливо име. Деспина Сиљаноска, млада авторка со изграден сензибилитет и јасен поетски израз, ја претставува својата трета стихозбирка „Мртва точка во сврзно ткиво“ – дело што не се чита набрзина, туку се доживува. Во време кога зборовите често се ...
Зорица Атанасова, сопруга на пациент на кого пред помалку од еден месец му бил трансплантиран црн дроб, преку објава на социјалните мрежи опишува како се одвивал целиот процес и во каква состојба денеска е нејзиниот животен сопатник, Ангел. Во објавата, која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално, таа изразува голема благодарност до семејството на починатата жена кое со својата одлука за донирање на органите, им дало нов живот на 67 ...
На 7 мај, во Центарот за култура, ќе се одржи свечен концерт по повод 30-годишниот јубилеј на СИДО. Овој концерт ќе донесе на едно место музика, спомени и емоции, и ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ги доживее песните со кои израснаа многу генерации. Јубилејното издание носи особена вредност, бидејќи на сцената повторно ќе настапат оригиналните изведувачи на најпознатите песни од СИДО, кои по многу години повторно ќе ги изведат хитовите ...
„Трендови што ги обожава Gen Z – ама дали се навистина безопасни?“ Објавена во: 21 Април, 2026 11:35 Gen Z е генерација што диктира трендови – од мода и убавина, до навики и начин на живот. Социјалните мрежи, особено TikTok и Instagram, секојдневно носат нови „хајп“ идеи што за кратко време стануваат глобален феномен. Но, зад дел од тие трендови се кријат и ризици за кои ретко се зборува. Еден од најпопуларните трендови е вејпингот. ...
Поранешното момче на пејачката Радa Манојловиќ, Харис Бековиќ, одлучи да го промени својот имиџ. Имено, пејачот Харис, одлучи да направи трансплантација на коса, за што сега јавно проговори за прв пат. – Искрено, да знаев што ме чека, добро ќе размислев дали ќе одлучам да го направам тоа. Самите подготовки не беа ништо посебно, траеше време, околу неколку дена за сето тоа. Болката беше присутна, но кога човек ќе одлучи да се поправи или ...
Ќерката на Лидија и Предраг Оцокољиќ, Хелена Оцокољиќ, позната и како внука на Цеца Ражнатовиќ, неодамна го прослави својот 21-ви роденден. Јавноста имаше можност да види дека таа израснала во вистинска убавица. За нејзиниот изглед беше задолжен познатиот фризер, Стеван Радивојевиќ, кој сподели фотографија со Хелена на своите социјални мрежи. Хелена во оваа пригода избра да ја стилизира косата со локни и професионална шминка. И нејзината ...
Националниот кризен центар на Белгија ја започна широката кампања под мотото „Подготвени заедно“, преку која официјално ги повикува граѓаните да подготват сопствен комплет за итни случаи. Главната цел на оваа иницијатива е секое домаќинство да биде самоодржливо во првите три дена од евентуална кризна ситуација која може да се случи било каде и било кога. Според информациите што ги пренесува медиумот „VRT“, кампањата е насочена кон ...
По бројните кавери и препеани хитови со кои го привлече вниманието на публиката, симпатичен и талентиран кумановец, пејачот Никола Милосковски конечно го направи својот прв но, најсериозен чекор во кариерата. Преку својот YouTube канал, тој пред некој ден ја промовираше својата прва песна – емотивната љубовна балада „Стари мој“, проследена со впечатлив видеоспот. Станува збор за песна која уште на прво слушање плени со својата мелодичност. ...
За нив, критиката честопати не е само коментар, туку нешто што го доживуваат многу лично. Еден знак особено се издвојува кога станува збор за чувствителност на туѓите зборови и потребата за признание. Некои хороскопски знаци немаат проблем да ги прифатат туѓите мислења и се подготвени да ги слушаат критиките, дури и кога се непријатни. Сепак, постојат и такви на кои им е тешка секоја забелешка. Лавовите се познати по својата гордост, ...
Богатите сопственици на кучиња трошат до 140.000 евра на огрлици со дијаманти и рубини за нивните разгалени миленици Кучињата на богатите сега можат да носат огрлици изработени од 18-каратно злато и вистински дијаманти, благодарение на соработката помеѓу луксузниот хотел Baccarat во Њујорк и специјализираниот бренд за накит The D Diamond. Најскапата меѓу нив достигнува неверојатни 140.000 евра, а маркетинг настанот покажа дека овие огрлици се ...
Залижаната коса доживува голем „бјути“ момент – и нема да оди никаде! На модните писти за пролет/лето 2025 година доминираа влажни, елегантни изгледи кои зрачат со самодоверба, минимализам и врвна елеганција. Овој тренд на убавина се појави на ревиите на Alaïa, Laquan Smith и Max Mara, каде што моделите носеа строги, залижани фризури кои ги нагласуваа гламурозните парчиња од гардеробата. Во исто време, Blue Brows и Carolina Herrera понудија ...
Актерката Ен Хатавеј го привлече целото внимание на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada), која се одржа во Њујорк во понеделник вечерта. Таа прошета по црвениот тепих облечена во впечатлива црвена свилена тоалета без прерамки, усогласена со бојата на тепихот, а изгледот го надополни со накит од модната куќа „Булгари“. Креацијата се издвојуваше со струкиран корсет и раскошно набрана сукња до глуждовите со ...
Бубрежните камења се предизвикани од акумулација на минерали во урината и се јавуваат кај еден од десет луѓе во текот на животот. Развојот на бубрежни камења е поврзан и со тоа што луѓето јадат. Секој што никогаш немал камен во бубрег треба да знае дека никогаш не му треба такво искуство во животот. Оние што имале блиска средба со него не сакаат повторно да ја доживеат агонијата на исфрлањето. Сепак, треба да се направи сè што е можно за да ...
Славната Мадона (67) не можеше да го пропушти познатиот Коачела, каде што настапи, а видеата на кои се гледа како ужива и танцува набрзо ги преплавија социјалните мрежи, правејќи ја пејачката повторно главна тема. Луксузен крзнен капут и црни чизми беа дел од нејзиниот аутфит, барем она што може да се види во видеото, а Мадона не штедеше на енергија и добро расположение. Бидејќи често е мета на негативни коментари поради својот изглед и ...
Проблемот е што тие брзо се размножуваат Контролата на штетници може да биде фрустрирачка, особено кога ќе видите дека листовите се гризат и вашите напори околу растенијата се залудни. Една влажна ноќ е доволна за полжавите да направат хаос во градината. Сепак, пред да посегнете по хемикалии, решението може да биде многу поедноставно – и сосема природно. Зошто полжавите се толку проблематични? Овие упорни „посетители“ најмногу ја сакаат ...
Една навидум обична сцена од плажа во Сиднеј се претвори во вистински вирален хит – и тоа поради жена која воопшто не се вознемири од доаѓањето на принцот Хари и Меган Маркл. Војводата и војвотката од Сасекс деновиве предизвикаа големо внимание кога се појавија на познатата плажа Бонди, иако посетата не била дел од нивниот официјален распоред. По приватна средба со припадници на итните служби и преживеани од минатогодишниот напад на 14 ...
Сведочете на врвниот моден судир во најочекуваното продолжение на годината. Официјално е – еден од најиконичните филмови инспирирани од модата се враќа, дваесет години откако засекогаш ја редефинираше модната сатира. Во пресрет на премиерата на 1 мај, „Ѓаволот носи Прада 2“ синоќа ја имаше својата светска премиера, враќајќи го суровиот гламур од раните 2000-ти. На црвениот тепих во Њујорк, холивудските легенди Мерил Стрип и Ен Хатавеј веднаш ...
Фолк пејачката Стојне Николова е гордост мајкина, а таа пак и повеќе од благодарна и среќна што ја има мајка си до себе во добро и во лошо. Познатата струмичанка деновиве на социјалните мрежи изненади со објавата од најважната жена во нејзиниот живот – жената која ја родила, одгледала и денес е нејзина најголема поддршка. Ако повеќето практикуваат да објават по некоја семејна фотографија најчесто со повод и причина, за Стојне тоа не беше ...