Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Познатиот актер Брус Вилис се бори со фронтотемпорална деменција од 2023 година. А една година претходно, му беше дијагностицирана афазија. Неодамна наполни 71 година. Ема Хеминг Вилис, која е во брак со него од 2009 година, рече дека не е свесен за својата дијагноза. „Тоа е благослов и проклетство што Брус никогаш не го сфатил – никогаш не направил врска дека ја имал оваа болест. И навистина сум среќна поради тоа. Навистина сум среќна што ...
Киселоста во доматен сос е чест предизвик во кујната, особено кога се користат конзервирани домати, кои се природно покисели. За среќа, постојат неколку едноставни и докажани начини да се постигне избалансиран, богат вкус без остра киселост. Еден од најчестите трикови е да се додаде мала количина шеќер. Иако може да звучи чудно, прстофат шеќер не го прави сосот сладок – само ја омекнува киселоста и го заокружува вкусот. Важно е да не се ...
Фритезите на топол воздух ги има во сè повеќе кујни затоа што ветуваат крцкава храна со малку или без масло, но експертите предупредуваат дека нивната „здрава“ репутација зависи од тоа што се подготвува во нив, на која температура, колку често се користат и дали редовно се чистат. На прв поглед, предноста е јасна. Во споредба со класично пржење во длабоко масло, фритезата на топол воздух користи значително помалку маснотија и може да ја ...
Синот на Радиша Трајковиќ Ѓани, Марко Трајковиќ, се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат од најдобрата можна причина, семејна среќа. Тој сподели емотивни моменти од прославата на 4. роденден на својот син на социјалните мрежи, покажувајќи дека во неговиот дом владее вистинска хармонија. Во топла, семејна атмосфера, Марко позираше со сопругата и децата, а спектакуларната торта инспирирана од популарната игра Мајнкрафт ...
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“ Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...
Малкумина знаат дека Драган Мијалковски дел од своето детство го поминал во Дом за деца без родители во Загреб. Легендарниот пејач, кој работеше со познати хуманитарни организации како Црвениот крст, во една прилика раскажа за тешкото детство, а текстот е објавен на порталот „Текст“. „Јас во моето детство случајно сум бил штитеник во Дом за деца без родители во Загреб. Не дека немав родители, но тие беа разведени, па не можеа да ме чуваат. ...
Ако ја сакате комбинацијата од чоколадо и кокос, ова е рецепт што мора да го испробате. За само 15 минути и со само три состојки можете да направите десерт кој по вкус неодоливо потсетува на популарното „Bounty“ чоколадо. Подготовката е исклучително едноставна, а резултатот е совршен десерт за секоја прилика. Потребни состојки Времето на подготовка е само 15 минути, но потребно е и дополнително време за ладење. Рецептот е многу едноставен за ...
Aктерката Шарлиз Терон во новото интервју за „Њујорк тајмс“, остро реагирала на изјавите на нејзиниот помлад колега Тимоте Шаламе за балетот и операта, кои последните недели предизвикаа бурни реакции во уметничките кругови. Терон, која пред актерската кариера вежбала балет, не го криела своето разочарување. – О, се надевам дека еден ден ќе налетам на него. Тоа беше многу непромислен коментар за една уметност, всушност две уметности, кои мора ...
Со влегувањето на Месечината во Рак, енергијата се префрла од акција кон емоции, дом и внатрешна сигурност. Photo by Nadine Rupprecht on Unsplash По интензивниот период со силна Овен енергија, сега доаѓа момент за повлекување, грижа за себе и поврзување со луѓето што даваат чувство на припадност. Ова е време кога домот, семејството и блиските односи стануваат поважни. Квадратот меѓу Месечината во Рак и Нептун во Овен може да донесе замор, ...
Додека престојувала во нејзиниот сакан замок Балморал, кралицата ги запишувала настаните од денот со нејзина препознатлива прецизност. Откривањето на содржината на последниот запис во дневникот на кралицата Елизабета II дава фасцинантен увид во нејзината непоколеблива посветеност на должноста, дури и во нејзините последни моменти. Биографот Роберт Хардман, во ажурирано издание на својата книга за кралот Чарлс III, открил дека кралицата го ...
Српската фолк-ѕвезда Ана Бекута беше во Скопје со посебен повод. Дека македонските свадби се синоним за најдобра забава е веќе добро познато, но кога на една таква прослава како изненадување ќе се појави легендарната Ана Бекута, тогаш загарантиран е вистински спектакл. Викендов, водителката Марјана Станојковска сподели видео на кои српската фолк дива доминира на подиумот во еден познат скопски ресторан. Видно расположена и во елегантно ...
Потребни состојки: 2 јајца 1 чаша шеќер 1 чаша млеко 1/2 чаша масло 2 чаши брашно 3 лажици какао 1 прашок за печиво 100 г темно чоколадо Подготовка: Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата стане пенеста. Додадете млеко и масло, па постепено вмешајте го брашното измешано со какаото и прашокот за печиво. Смесата истурете ја во подмачкан калап и печете во загреана рерна на 180°C околу 25–30 минути. Во меѓувреме растопете го ...
Актерката Ен Хатавеј (43) е прогласена за најубава ѕвезда на светот за 2026 година според изборот на списанието „Пипл“. По тој повод, таа се фотографираше за насловна страница и даде големо интервју за магазинот во кое се осврна на својата кариера и откри некои досега непознати детали. Ен вели дека самата себеси си е најстрог критичар, а со текот на времето ја напуштила идејата за совршенство, што ја направило полета, посамоуверена и ...
Научници за првпат успеаја да претворат пластичен отпад во клучен лек за Паркинсонова болест, отворајќи нови можности за одржливо фармацевтско производство и намалување на загадувањето. Истражувањето, објавено во списанието Nature Sustainability, покажува дека пластиката не е само еколошки проблем, туку и вреден извор на јаглерод. Тим од Универзитетот во Единбург демонстрирал дека генетски модифицирани бактерии E. coli можат да го претворат ...
Босилекот е ароматична лисната билка која најчесто се користи како зачин, но и во чаеви и додатоци во исхраната. Покрај препознатливиот мирис и вкус, тој содржи биоактивни соединенија и етерични масла со антиоксидантни и противвоспалителни својства. Босилек или босилок (Ocimum basilicum) е растение од семејството Lamiaceae, во кое спаѓаат и нане, мајчина душица и жалфија. Станува збор за мека, нискорастечка билка која најдобро успева во топли ...
Во Македонската филхармонија во Скопје во неделата се одржа нешто повеќе од обична стенд-ап комедија. Популарната Тијана Дапчевиќ преку ликот на Марина Станковиќ со својот најнов проект „Менопауза“ успеа да ги насмее присутните до солзи, соголувајќи ја својата интима, хормоните и брачниот живот во петтата деценија од животот. Низ брутално искрени изјави, таа покажа дека менопаузата не е само медицинска состојба, туку врвен комичен материјал. ...
Водителката Јована Јеремиќ повторно привлече внимание во јавноста со изјави во својата емисија, каде зборуваше и за теми што, според неа, многумина избегнуваат да ги коментираат јавно. „Сите тие што не сакаат да зборуваат за скс на телевизија, тие секој ден гледаат во таа работа! Тоа запомнете, тоа се најголемите фолиранти. Мака ми е од оние што на ТВ глумат преподобни Марии, а приватно се, Боже сачувај! Јас сум нормална жена, јас сум ...
Фармерките се основен дел од речиси секој гардеробер, но наоѓањето пар што ви одговара совршено може да биде тешко. Фармерките што ви одговараат напред може да бидат премногу лабави назад или да имаат пократки ногавици отколку што треба. „Најважно е да се чувствувате добро во она што го носите“, изјави Елизабет Дејви, експерт за тексас, за Хаф Пост. Дизајнерите се согласуваат дека добриот крој генерално значи дека можете удобно да седите и да ...
Емилија Трбовиќ, фармацевт на Српската фармацевтска комора, објаснува како алкохолот го менува ефектот на антибиотиците. Прашање што често се поставува во аптеките е: „Може ли да испијам еден пијалак додека земам антибиотици?“. Одговорот не е секогаш едноставен, но експертите предупредуваат дека комбинацијата од алкохол и антибиотска терапија може да предизвика повеќе проблеми отколку што изгледа на прв поглед. Иако некои антибиотици немаат ...
Петнаесет години по нивната бајковита свадба, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлон се соочуваат со ново поглавје во нивниот приватен живот. Оваа есен, нивниот секојдневен живот значително ќе се промени, а семејството за првпат ќе доживее како е кога детето „ќе го напушти гнездото“. Нивниот најстар син, принцот Џорџ, наскоро ќе стане тинејџер, па се очекува да биде испратен во интернат кога ќе започне новиот семестар во септември. Иако ...
Истраживачите дошле до интересни откритија откако 36.000 луѓе, кои ги користеле Фејсбук и Инстаграм најмалку 15 минути на ден, убедиле да се откажат од социјалната мрежа во период од шест недели. Резултатите покажале видливо подобрување во нивната ментална состојба, што дополнително ја поттикнало дискусијата за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје, пишува „Њујорк пост“. Детали за истражувањето Истражувачите од Стенфорд ...
Во рамките на природниот парк Синтра-Каскаис во Португалија се кријат разни чуда, а едно од нив се вика Азењас до Мар. Тоа е мало место, стуткано на работ од огромна карпа со прекрасен поглед кон Атлантскиот Океан. Со своите зданија обоени во бела и црвена боја, изгледа како шлаг на торта од карпи украсена со црвени цреши… Азењас до Мар навистина би можел да биде „шлагот на тортата“ и тоа во контекст на престојот во областа на главниот град ...
Жена заборави 20 тарантули во воз во јужна Германија, што предизвика интервенција на полицијата откако машиновозачот го откри необичниот товар, пренесува dpa. Машиновозачот пронајде пакет со натпис „пајаци и скорпии“ во регионален воз што се движеше кон универзитетскиот град Тибинген и веднаш ја извести полицијата. Откако пакетот е предаден на Централната станица во Тибинген, полицајците пронајдоа печатена порака на кутијата со која се ...
ChatGPT моментално не работи и е недостапен за милиони корисници ширум светот. Луѓето масовно пријавуваат дека не можат да се најават на своите сметки или да ја користат услугата. OpenAI официјално потврди дека нивните тимови веќе работат на отстранување на грешката. На официјалната веб-страница на компанијата се вели дека активно го истражуваат проблемот со пристапот. Сè уште нема прецизни информации за тоа кога популарниот четбот повторно ...
Деценија по завршувањето на ерата на „Величествениот“, легендарниот пар кој ја прикова публиката пред малите екрани, конечно повторно се најде на иста маса. Поточна пред исти камери. Халит Ергенч и Мерјем Узерли се враќаат на сцената, а социјалните мрежи „горат“ од нивните најнови заеднички фотографии! Доволно беше само една објава со краток опис „Нив двајца“, па обожавателите ширум светот, а особено на Балканот, да паднат во транс. На ...
Позната инфлуенсерка прегази друга инфлуенсерка со автомобил по јавна расправија пред ноќен клуб во Лондон. Инфлуенсерката Клаудијаглам, чие вистинско име е Клаудија Закржевска, е во критична состојба во болница откако таа и уште двајца пешаци беа удрени во раните утрински часови во неделата, објавува „Дејли мејл“. Полјачката Клаудија, која има 258.000 следбеници на Инстаграм, го посетила ноќниот клуб „Инка“ во Сохо со пријатели во саботата ...
Маслото од дива ружа е природен еликсир за нега на кожата и косата. Помага во регенерацијата, ги намалува брчките, ги омекнува лузните и го изедначува тенот. Познато како вистинско „богатство“ од антиоксиданси и богата хидратантна нега што ги намалува брчките и помага во регенерацијата на лузните, маслото од дива ружа се смета за вистински течен еликсир за нега на кожата и подмладување. Маслото од дива ружа се добива од семето на растението ...
Познатиот композитор Горан Ратковиќ Рале, непосредно пред операција на срце, даде големо интервју во кое отворено зборуваше за приватниот живот и односот со поп-ѕвездата Ана Николиќ, кој веќе подолг период е во центарот на јавното внимание. Како што самиот истакнува, медиумскиот притисок му создава голем товар. Тој објасни дека вниманието од јавноста најчесто не е по негова желба, туку поради присуството на папараци кои постојано ги следат ...
Додека инфлуенсерите во последните денови го напуштаат Дубаи поради воениот конфликт меѓу Израел, Соединетите Американски Држави и Иран, кризата значително се одрази и врз туризмот. Хотелите во овој град се соочуваат со голем број празни соби, поради што цените за ноќевање нагло се намалуваат. Дубаи со години важеше за симбол на луксуз, но сега изгледа дека тој луксуз е подостапен од кога било претходно. Хотелите кои вообичаено имаат ...
На површината на Марс повторно е забележана појава што го привлекува вниманието на научната заедница – темен, речиси црн слој кој постепено се шири преку одделни региони на Црвената планета. Снимките што во изминатите години ги регистрирале орбиталните сонди покажуваат дека овие промени не се изолирани, туку се појавуваат сезонски и со тек на времето значително го менуваат изгледот на марсовската површина. Истражувачите од НАСА и Европската ...