Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Главниот град со години се соочува со истите проблеми – нередовен јавен превоз, загаден воздух, комунален отпад, долгови на јавните претпријатија, хаотичност околу урбанизмот. По смената на градската власт, дилемата е дали има придвижување откако изминуваат една година од мандатот на Орце Ѓорѓиевски на чело на Град Скопје. Дали скопјани живеат во почист и пофункционален град и дали нешто се промени за овие 12 месеци во однос на претходно се ...
За големиот број нерешени предмети во македонските судови, според професорката Рената Тренеска-Дескоска од Правниот факултет, проблемот е во три фактори, односно недостиг на судии и судски службеници, лошото управување и во процесните злоупотреби. Податоците објавени овој месец укажуваат на тоа дека има повеќе од 134.000 нерешени предмети, што е сериозен товар врз судството. Таа за „Локално“ изјави дека судовите работат со половичен капацитет ...
Изборите во Србија, повод за партиски обвинувања кај нас. Опозицијата и власта продолжуваат со меѓусебните обвинувања за српско влијание во земјава, кој и колку бил поврзан со Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Според СДСМ, падот на поранешниот српски претседател на изборите ќе отвори истраги кај северниот сосед, што ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓу српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Од „Бихаќка“ обвинија и ...
Кога во март годинава, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за финансии одобрило средства за нови 200 вработувања за судовите низ земјава, тоа звучеше како прв чекор кон конечно надминување на алармантниот проблем со недостигот од судски кадар во земјава. „Нешто што претставува навистина голем потег“, говореше тогаш Мицкоски. Седум месеци подоцна, наспроти најавата на премиерот, нови вработувања нема. Oд март досега не е ...
Зелка за во буре веќе почна да се купува на штипскиот пазар. Како што налага традицијата, граѓаните и оваа година за Митровден ги полнат бурињата, за во зима да имаат домашна кисела зелка. Велат ставањето нема некоја филозофија, потребни се само зелка, вода и сол. Потоа е потребно преточување и чекање околу еден месец истата да скисели, па потоа да почнат традиционалните јадења со зелка. Како што тврди Васил Атанасов од село Воиславци, ...
Големи, убави и средени куќи, но уште од портите катанци, спуштени ролетните и дворови празни. Ваква е денешната слика во Лозово, каде младите се почесто среќата ја бараат во странство, а во селото остануваат претежно повозрасните. Некогаш тука имало млади, полни штали со добиток, ниви што се обработувале и луѓе кои живееле од земјоделство и сточарство. Денес, добиток чуваат само две-три семејства, а вистинските земјоделци можат да се ...
Омилена меѓу граѓаните, здрава и богата со витамини, калинката и оваа сезона е присутна на пазарите. Штипјани велат дека е многу вкусна, па освен што ја јадат свежа, често ја користат и за подготовка на сокови, чаеви и компоти. Единствената мака, велат, е нејзиното чистење, бидејќи одвојувањето на сочните зрна од кората бара повеќе време и трпение. Граѓаните на терен покажаа како се чисти калинката и се стигнува до сочните зрна, изјавувајќи ...
Свечено доделени признанијата и наградите на овогодинешните добитници по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. Истите беа врачени од градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот. Главната „8-ноемвриска награда“ ја доби светскиот шампион во карате Марко Џорлев, а Стојан Троицки беше награден за животно дело. Општински признанија за својот труд и придонес за Штип примија и Дора Милева, Доброволното ...
На 82 години Јана Николова од Лозово плете и продава волнени чорапи. Уште како дете од мајка си и бабите научила како се обработува волната и како со фурка се преде во конец од кој потоа ги плете чорапите. Вештината ја зачувала до денес, а чорапите ги изработува на пет игли со таканаречената „права плетка“ – една опаку, една на лице. Вели дека се особено барани од луѓе кои имаат проблеми со нозете, а еден пар го продава за 400 денари. Иако ...
Со сукани зелници, печено месо, кифли, салати и десерти и годинава достојно ќе се пречека празникот Митровден, посветен на светиот чудотворец Димитрија солунски. Некој со домашна слава, други со именден од вечерва ќе почнат празнувањето. На терен граѓаните велат не е важно што ќе има на трпезата, туку со кого ќе се наздрави за денот. Нема поважно велат од тоа полна и топла да е одајата со позитвини луѓе и убава атмосфера. Но, кога е во ...
Дури 17 лица завршиле во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и несовесно однесување во сообраќајот. Меѓу нив има возачи кои управувале без положен возачки испит, под дејство на алкохол, но и лица кои возеле и покрај активна забрана. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 лица, додека со едно лице бил извршен службен разговор, поради сомнение за ...
Амбасадата во Париз продолжува со иницијативата „Клуб на пријатели на Амбасадата“ (Club des Amis de l’Ambassade) во која македонското дипломатско претставништво станува отворен простор за средби, идеи, соработка и нови пријателства. ,,Нашата цел е да ги обединиме сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство”, објави македонскиот ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден ...
На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...
Анализа на БГНЕС Батенберг е избран за кнез на Бугарија на 29 април 1879 година од страна на Великото народно собрание, со поддршка од Русија. Кнез Александар I Батенберг влегува во бугарската историја како првиот владетел на новоослободената држава, но токму Соединението од 1885 година го претвора неговиот лик во национален симбол. Парадоксот е во тоа што истиот чин што го издигнува кнезот меѓу најпопуларните политички личности во Бугарија, ...
Со виртуозни басистички делови, спој на македонската традиција и моќен рок-звук, младиот македонски музичар Иван Кукиќ и бендот „Sound Therapy“ одржаа спектакуларен двочасовен концерт насловен „Začarani krug“ во „МТС Дворана“ (Домот на синдикатите) во Белград. Пред публика која ги обедини различните генерации, Кукиќ уште еднаш докажа зошто рок-легендите го сметаат за еден од најталентираните музичари на овие простори од поранешна Југославија. ...
Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...
Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...
Дури и откако ќе вечераат и ќе се чувствуваат сити, многу луѓе добиваат желба да го отворат фрижидерот или кујнскиот шкаф и да побараат нешто благо. Оваа навика е доста распространета и, според експертите, не е секогаш поврзана со гладот, туку и со начинот на кој функционира човечкиот организам, пишува Би-Би-Си. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од луѓето секоја вечер консумираат грицки или мали оброци по вечерата. Кај ...
Законските измени кои Владата ги образложува како дел од усогласувањето со европското законодавство се најдоа под силна критика од опозициската Левица, еколошките организации и Младите правници. Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места, слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор Измените на ...
Патничко возило од марката „Фолксваген“ се запали денеска во близина на Католичката црква. Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат, а засега не е позната причината поради која дошло до избувнување на огнот. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета. ИЗДВОЕНИ Македонскиот кикбокс е на врвот, но спортските институции не нè вреднуваат како што заслужуваме! “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта ...
Од тројца пријавени кандидати, Рецензентската комисија ја предлага Нора Таравари како единствена која ги исполнува условите на конкурсот, без образложение зошто останатите двајца не ги исполнуваат критериумите за избор Ве известуваме дека постапката на избор по наведениот конкурс се уште е во тек, односно надлежните органи се уште немаат донесено конечна одлука за избор на кандидат – велат од Ректоратот на Универзитетот Кон крајот на минатиот ...
На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода десет лица, меѓу кои и 16-годишен малолетник, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и различни видови прашкасти и грутчести материи. Станува збор за лице на возраст од 23 години од Велес, како и лица на возраст од 33, 30, 29, 46, 39, 21, 27 и 30 години и 16-годишник, сите од Скопје. Според полициските информации, кај лицата ...
На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, во автобус управуван од лице на возраст од 58 години, додека се превезувала како патничка жена на возраст од 79 години од Скопје, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено ...
Тажната вест ја објави факултетот за туризам: 🖤🎗️ Со длабока тага и неизмерна почит се простуваме од нашата драга професорка и колешка, проф. д-р Симона Мартиноска. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид изгуби почитуван професор, посветен научник и, пред сè, прекрасен човек кој остави неизбришлива трага во нашата академска заедница. Со своето знаење, професионалност и долгогодишна посветеност на образованието и науката, професорката ...
На 06.11.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на експресен пат Прилеп – Градско, влечно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 38 години од село Стојаково, општина Богданци, удрило во метална еластична ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. На 06.11.2026 во 20:40 ...
САМО ТРИ СТОЛА НА МАСАТА НА КОЈА СЕ КРОИ НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, ЕВРОПА ВО ЧЕКАЛНИЦАТА Седум децении по Јалта, светот повторно се соочува со геополитички момент во кој тројца лидери би можеле да ги исцртаат контурите на идниот меѓународен поредок. СВЕТОТ ПОВТОРНО СЕ ДЕЛИ, НО ОВОЈ ПАТ ЕВРОПА НЕ Е НА МАСАТА Потенцијалната средба на Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК, отвора ...
Соопштение на СДСМ: Aлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура – човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога. Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ – шеф на мафијата. Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ – еден од најголемите балкански нарко ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според информациите од МВР, десет лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив бил и 14-годишен малолетник од Виница, кој изгубил контрола над мопедот и паднал. Службен разговор бил извршен и ...
Ноќеска (07.11.2026) во 00:50 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 38-годишен жител на тоа село. Според пријавеното тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопуга, по што и нивните малолетните деца ги истерал од куќата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на ...