Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта. Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%. Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот. Оваа намалена цена важи ...

Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...

Од 13 до 18 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува Недела на јапонски филм. Отворањето е со филмот „Под отворено небо“ (фото) по сценарио и режија на Миуа Нишикава, според роман на Рјузо Саки. Програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија. „Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, ...

Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во ...

Денеска, вторник во 12 часот во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во организација на Поетското здружение „Маскота“ од Охрид ќе бидат промовирани четири книги од писателката Бела Узелова ( Благица Хаџи Јовановска ). Се работи за нејзините дела: „Неизмерен шок“, „Ледениот лавиринт“, „Ликови под сенка“ и „ Таинството на легендите“ сите издадени оваа 2025 година. На две книги издавач и финансиер е Општина Охрид, а како издавачи на останатите две книги ...

Легендарниот американски бенд Soundgarden официјално е примен во Rock & Roll Hall of Fame како дел од класата на 2025 година. Овој момент е значаен за членовите на бендот, нивните фанови и за целата музичка сцена што тие ја обликуваа, особено гранџ сцената од 90‑тите и алтернативниот рок воопшто. Церемонијата се одржа на 8 ноември 2025 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Бендот беше индуциран од страна на Jim Carrey, кој го одржа ...

На 15.11.2025 сабота, во 19:00 ч. – Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на мадите ликовни уметнции, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од ...

Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14 ноември, денот на основањето на првиот македонски театар. „Битола Шекспир фестивал ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава ‘Макбет’ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. Во периодот до 21 ноември, публиката ќе може да ги погледне и претставите на гостите од Полска со ‘Дванаесеттата ноќ’ во изведба на ...

На 13.11.2025 / четврток / со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2025“. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска – Темелковски, Марина Цветановска – Мартиновска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири – Фазлиу, Валентина Илијевска, Стефан ...

Лондон– Авторот Дејвид Залеј стана првиот унгарско-британски автор што ја освои наградата Букер. Неговиот роман „Месо“(Flesh), приказна за преминот од сиромаштија во богатство што ги истражува класата и моќта, беше опишан како „извонреден, единствен роман“ од претседателот на жирито, Роди Дојл. Извадок од книгата, изведен од раперот Стормзи, беше прикажан на церемонијата во Лондон, на која присуствуваа познати гости, меѓу кои и актерот од ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“. Како што соопшти КИЦ, занимавајќи се со политиката и поетиката на етнонационалните идентитети – видени низ призмата на културната антропологија, историографија и имагологија – авторите на овој труд нудат темелен и сеопфатен увид не само во ...

Во ликовниот салон на МАНУ утре ќе се отвори изложба на фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков, руски академик, кој во 1900 година ја предводел научната експедиција на Руската императорска академија на науките во Македонија. Подоцна ( во 1909 год) ја објавил книгата „Македонија” со која се вбројува во редот на врвните светски македонозналци. Автор на изложбата е Д-р Емилија Апостолова Чаловска , а изложбата е реализација ...

Во рамки на ноемвриската програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност вечер ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, кој ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, информираа од Општината. Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички образовни институции во државата, чие гостување во Гевгелија ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот. Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс, како и неколку премирни композиции. -Како и секоја година, така и оваа, во соработка ...

На денешен ден, во 1996 година, скопската група Рок Агресори го издава својот прв студиски албум „***на Антикултура“ – издание што го одбележа македонскиот алтернативен рок во бурните деведесетти. Албумот претставуваше социјален и музички коментар на транзицијата – периодот на премин од социјализам кон новиот повеќепартиски систем, или како што самите членови го нарекоа, „демократија во наводници“. Песните беа полни со иронија, хумор и критика ...

Кочани, 10 ноември 2025 (МИА) - Во кочанската Библиотека „Искра“ денеска започна 19. Саем на книгата, традиционална манифестација која и оваа година се одржува во знак на одбележување на Месецот на книгата, кој трае од 15 октомври до 15 ноември, под мотото „Книгата не спојува“. -На штандовите во просториите на библиотеката пристутни се 14 издавачки куќи познати и признати во својата дејност, информира Марија Анастасова, виш библиотекар во ...

На денешен ден, 11 ноември 1957 година, легендарниот Џери Ли Луис (Jerry Lee Lewis) преку издавачката куќа Sun Records ја објавува песната „Great Balls of Fire“, една од најиконските рокенрол композиции во историјата на популарната музика. Песната, напишана од Отис Блеквел (Otis Blackwell) и Џек Хамер (Jack Hammer), се појавува и во филмот Jamboree од истата година, каде Луис ја изведува во живо, потврдувајќи го својот статус како „лудото дете“ ...

В четврток (13.11) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одигра праизведбата односно премиерата на текстот „Сина сенка“ („Blue Shade“) од Брајан Рејнолдс во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ со почеток во 20 часот. „Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс кој за првпат се поставува во Македонија. Делото продира длабоко во реалноста на денешното ...

Крива Паланка, 10 ноември 2025 (МИА) – „Графика, слика, објект“ е името на изложбата на Стефан Анчевски што е поставена во градската уметничка галерија на кривопаланечкиот музеј за сите љубители на ликовната уметност. Пред публиката е претставен циклус дела во кои се комбинирани меки материјали како: лепила, силиконски и акрилни маси кои потсетуваат на нешто меко и органско. -Иако делата се од неколку циклуси работени во период од неколку ...

Анимираниот филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски освои две нови награди на меѓународни фестивали – награда за најдобар интернационален краток филм на Меѓународниот фестивал за краток филм „Вижн“ во Кемерово, Русија, и Почесно признание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ во Тајпеј, Тајван. Како што рече режисерот Господиновски, од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни ...

Денеска, 11 ноември 2025 година, стружанецот Ердал Лушо тргнува на едно од најголемите соло морепловни искушенија во светот — Setka Atlantic Challenge. Со својата едрилица „Пиксел“, која сам ја изгради од дрво во работилницата на клубот КК Снегар, Ердал ќе се обиде да го премине Атлантскиот Океан – сам, без моторна помош, воден единствено од силата на ветрот. Ова е првпат Македонија да има свој претставник на ваква престижна и екстремно тешка ...

Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски, а настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска, рецензенти на делото се Билјана Котевска – Димко и Никола В. Ристевски.Свое обраќање имаше и ...

Во вторник, 11 ноември 2025 година, со почеток во 19 часот, во Чифте амам при Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово, Сафет Спахиу, под наслов „Пурпурна имагинација“. На отворањето ќе се обрати директорот на Националната галерија, Али Синани, а изложбата ќе ја курира Маја Крстевска, виш кустос. Публиката ќе може да ја посети изложбата ...

Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван. Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на ...

„Имагинативен реализам“, поставена во Културниот дом АСНОМ во Гостивар, е втора самостојна изложба на младиот ликовен уметник Емил Николовски, прeставник на младата генеранија автори кои репрезентираат еден ликовен јазик својстен на времето во кое ја создаваат автентичноста и индивидуализмот на ликовното творештво. Николовски дипломира на Факултетот за ликовни уметности (2016 година) отсек сликарство во каласата на професорот Антониј Мазневски, ...

Лимфната дренажа задолжително се препорачува кај лица кои закрепнуваат постоперативно од карциноми, но, исто така, оваа масажа е призната од Светската здравствена организација како масажа број еден во лекувањето на најтешките здравствени проблеми кај пациентите Лимфедема или лимфна опструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата со што предизвикува оток – едем. Најчесто ваквата состојба е предизвикана од блокирање ...

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност. Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова. Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше ...

На 12 ноември, во 19 и 30 часот во просторот на КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на ...

– Моите дела првенствено го отсликуваат сопственото внатрешно патување, кое никогаш не престанува. Секогаш се обидувам да го видам убавото во нештата, но тоа не значи дека го гледам светот низ призма на розови очила. Во делата неретко вклучувам и горливи теми на трауми и рани, соочување и чистење до прогрес и експанзија. Тие се составен дел од растот. Верувам дека делото е медиум преку кој и публиката го отплеткува сопствениот јазол, ја ...

Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба „Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје. Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт: – Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и – Ерик Алар, професор по историја во Франција и ...

Повик

12 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / -3ᴼ
0.0
66%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.81
91%
1027
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
80%
1027
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1026
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
91%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
95%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Платина

58054.69

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Сребро

2060.60

Цинк

3.13

Паладиум

50058.71

Злато

138408.99

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Калај

41.30

Алуминиум

2.87

Бакар

10.87