„Некои луѓе доаѓаат да свират. Други, да го изгубат умот на сцена. ‘Budokan Boys’ доаѓаат да ја испушат реалноста и да ја изгасат во твојот мозок“. Вака стои во најавата за вечерашниот концерт (сабота, 8 ноември) во „Ла Кања“ на дуото „Budokan Boys“, кои, ден потоа (недела, 9 ноември), ќе настапуваат и во култното радио „Канал 103“. „’Budokan Boys’ е музичкa авантура на Џеф Т. Бирд и Мајкл Џефри Ли, двајца бегалци од Њу Орлеанс кои најдоа ...

Втората книга на Маја Симоновска, „Опасноста што ја љубам“, наскоро во продажба По големиот успех на нејзиниот дебитантски роман „Сенката што ме чува“ авторката Маја Симоновска се враќа со уште посмела и посилна приказна “Опасноста што ја љубам“ што ќе ве држи во неизвесност и ќе ви ја украде ноќта. Маја повторно не носи во свет каде љубовта и опасноста се испреплетуваат, овој пат во срцето на Италија, и низ улиците на Њујорк. Приказна за ...

Култниот кумановски рокенрол бенд „Т.Б. Трачери“ го доби своето прво винилно издание во повеќе од 30-годишното постоење. Албумот насловен „Грејтест шитс“ е компилација на некои од најпознатите песни на групата предводена од Кирчо Арсовски. Во издание на „Корпус деликти рекордс“ на Тошо Филиповски, на албумот се најдоа 12 песни избрани од четирите студиски албуми на „Трачери“, снимени во периодот од 2001 до 2011 година. Извршен продуцент на ...

Првата епизода на анимираната серија „Буквождер“ премиерно ќе биде емитувана на 8 ноември, во 20:15 часот, на МРТВ и на јутјуб-страницата на „Бушава азбука“, како и на каналите на „Види Вака“. Препорачано Новата македонска анимирана серија за деца, која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото, е со наслов „Буквождер“. Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури ...

Кратово, 7 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на Кратово денеска се одржа промоцијата на книгата „Етнолошко-фолклористички потенцијали за развој на етнотуризмот во Општина Кратово“ од авторката Лиде Стојановска. Книгата е резултат на истражување под менторство на професор д-р Зоранчо Малинов, а рецензенти се прoфесор д-р Зоранчо Малинов и м-р Драган Георгиевски. Промотори беа директорката на Музејот на град Кратово, Марина Крстевска проф. Малинов. ...

По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници Ана и Игор Дурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера и балет. Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски. Ана Дурловски Ана Дурловски е сопран со ...

Денеска (8 ноември) во Националната опера и балет ќе се одржува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“, што ќе трае од 9 до 22 часот. На големата и на малата сцена ќе настапат над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави, кои ќе играат класичен и современ балет и џез и ќе изведат акробатски и шоу танци. „Со секое издание, настанот станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија ...

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. Филмот е посветен на животот и делото на народниот херој Стефан Наумов – Стив, учесник во НОБ, кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. За неговиот придонес, Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото име останува ...

На 28 март 2026 година (сабота), хрватската музичка ѕвезда Весна Писаровиќ ќе настапи за првпат пред македонската публика, на сцената на Македонската филхармонија во Скопје. Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички пат. Публиката ја очекува вечер исполнета со врвна музика, ...

Христијан Настески Пајак и дуото 2Бона имаат заедничка песна која фановите веќе ја прогласуваат за хит. „C'est La Vie“ (Таков е животот) е новата соработка на младите музичари, која освојува со мелодија и енергија во нивен препознатлив стил. „Ова е еден од моите омилени проекти“ – напиша талентираниот охриѓанец на социјалните мрежи, а Кун од 2Бона тврди: „Знам дека е хит песнава уште пред да искочи“. Музиката и текстот се напишани од самите ...

На денешен ден, 7 ноември 1829 година, во Прилеп, тогаш дел од Османлиската империја, се роди Марко Костов Цепенков, човекот кој му даде глас на народот, на неговите песни, приказни, поговорки. Тој беше повеќе од собирач на народни умотворби; беше хроничар на духот, на мудроста и на чувството за правда што македонскиот народ ги носеше низ вековите. Роден во сиромашно семејство со корени од селото Ореовец, Цепенков уште од млад ги почувствувал и ...

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на дела од Стефани Стојаноска Наумческа. Ова е прво самостојно изложување на авторката, и содржи 37 слики работени во различни техники, поделени во три циклуси: апстракција, женски портрети и дела насликани со кафе. „Со уметност се занимавам веќе девет години, а талентот го имам од детски денови, од шестгодишна возраст. Во творењето најмногу ме инспирира она што нѐ ...

Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба „ Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје. Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт: Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и Ерик Алар, професор по историја во Франција и ...

Битолската група „Фонтана“, позната по изведби кои се спој на традиционалната македонска музика со елементи на светска музика и џез, ќе настапи со турската пејачка Гамзе Метраџи на 17. Фестивал на музика од светот, што на 27 ноември ќе се одржи во Битола. Концертот е од 20 часот во Центарот за култура во Битола. Метраџи е турска пејачка со македонски корени, која со голема љубов ја негува и пее и македонската традиционална музика. Таа го ...

Во Културно-информативниот центар на Скопје, на 11 ноември (вторник), во 12 часот ќе биде промовирана книгата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“. Промотори се академик Катица Ќулафкова и проф. д-р Славчо Ковилоски. -Монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ на двајцата реномирани македонисти, книжевни теоретичари и културолози, Ангелина Бановиќ-Марковска и ...

На 11 ноември во 19 часот, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани. Кустос на изложбата е ...

Во издание на ТРИ овие денови беше објавен практичен прирачник за воспитување на децата преку негување на нивната имагинација. Авторките Софија Георгиевска, Фросина Денкова Зафировска и Виолета Арнаудова создадоа водич што ќе им помогне на родителите, професионалците и наставниците да станат сојузници во детското истражување, во играта и изразувањето. Во време кога алгоритмите го диктираат темпото на учење, креативноста станува повеќе од алатка. ...

Нови 15 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги и уживајте во неговиот препознатлив хумор и остроумие. -За љубов се потребни двајца. Значи ми недостасуваат уште две поубави половини. -Јас го држам прстот на челото, а жена ми мисли. Секоја работа си ја делиме. -Играм само машки ора. Кој би издржал цел живот да игра до жена му? -Сѐ поскапе! Освен маглата. -Интернетот е прозорец кон светот… на заклучена соба. -Ако ...

Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 18 часот ќе биде доделена наградата „Вавилон ЗПРМ“ што ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Наградата претставува највисоко признание што го доделува Здружението на млади книжевни преведувачи чија цел е афирмација на книжевниот превод и преведувачката професија во земјата. ЗПРМ е професионално здружение што го основале десетмина угледни слободни преведувачи и ...

Литературно-издавачката дејност при Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп за 8 ноември од 18.30 часот ја најавува промотивната дружба и разговори со Ивана Хаџиевска, инспирирани од нејзината збирка есеи „Суспендирана итност“. Разговорот со Хаџиевска ќе го води Кирил Бисероски. Модератор: Александар Еленин. Хаџиевска посочува на очајното ниво на македонската и балканската историографија и политика на секавање, при што, наместо повеќе да ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека во рамки на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на Једен Ансамбл од Турција, на 09.11. 2025г. (недела) со почеток во 20 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). На концертот ќе учествуваат: Руи Азиз – каманча, Халил Ибрахим Доѓан – неј, Реџеп Белен – тамбура, Наваф Хамед – канун и Бураг Месробјан – перкусија. Једен Ансамбл ...

Дирекцијата за култура и уметност Ве известува дека концертот „Впечатоци од Шпанија“, кој требаше да се одржи на 08.11.2025г. (сабота), се презакажува за на 14.11.2025г. (петок), поради здравствената состојба на еден од изведувачите. Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно информативен центар) со почеток во 20 часот. Настапуваат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Концертот „Впечатоци од Шпанија“ ќе биде ...

По пауза од цели 16 години, познатите македонски музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно се здружија во заеднички проект. Новата песна „Адреналин“ само за еден ден собра над 80.000 прегледи на Јутјуб, потврдувајќи дека нивната музичка хемија не познава време. Двајцата автори, кои во 2008 година ја раздвижија македонската музичка сцена со хитот „Слаба точка“, велат дека идејата за нов дует се родила спонтано, со желба да ја оживеат ...

7 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00ч Во сеќавање на Клаудија Кардинале ИЗГУБЕНА КОМАНДА (Lost Command) Игран филм, САД 1966, 130 мин., колор, ДЦП Режија: Марк Робсон (Marc Robson) Сценарио: Нелсон Гидинг (Nelson Giedding) Улоги: Ентони Квин, Ален Делон, Клаудија Кардинале (Anthony Quinn, Alain Delon, Claudia Cardinale) Филмот „Lost Command“ (1966), во режија на Марк Робсон, е епска воена драма базирана на романот The Centurions на Жан Лартеги. Во него ...

Дирекцијата за култура и уметност ги известува љубителите на класичната музика дека концертот „Впечатоци од Шпанија“, кој требаше да се одржи на 8 ноември (сабота), се презакажува за 14 ноември (петок), поради здравствената состојба на еден од изведувачите. Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно информативен центар) со почеток во 20 часот, а влезот е слободен. На програмата ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – ...

За првпат кај нас се појавуваат АИ вокали – иновативен музички проект што обединува вештачка интелигенција и човечка креативност, создавајќи оригинални вокални изведби и модерен звук каков што досега не сме слушнале. Музиката и телстовите се заедничко дело на Ристо Катевеновски и Иле Спасев, а аранжманот го потпишува Иле Спасев, познат продуцент кој со својот препознатлив стил и долга кариера поставува нови стандарди во македонската музичка ...

Оскаровките Џенифер Лоренс и Ема Стоун ќе бидат продуценти на нов филм посветен на легендарната кукла од „Мапетите“ — Мис Пиги. Според Variety, проектот ќе биде напишан од театарскиот автор Кол Ескола („Oh, Mary!“). Веста ја откри самата Лоренс во гостување на подкастот Las Culturistas, каде изјави: „Не знам дали можам да го кажам ова, но ќе ризикувам… Ема Стоун и јас продуцираме филм за Мис Пиги, а Кол го пишува сценариото.“ Водителите на ...

Делчево, 6 ноември 2025 (МИА) - Последната станица на патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ денеска беше отворена во фоајето на Спомен Домот „АСНОМ“, во рамки на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“. Изложбата, која патува низ повеќе македонски градови, претставува важен проект што ја промовира инклузијата и ја поттикнува свеста за правата и способностите на лицата со попреченост. На изложбата се претставени 32 портрети на лица со ...

Нашата мисија е едноставна – да покажеме дека учењето може да биде радосен процес, а не обврска и напор. Обучени над 60 просветни работници, интересот расте, а нови групи веќе се формираат Во организација на Еду Центар, успешно беа реализирани обуки по Сугестопедија – иновативен метод при кој се користат неискористените резерви на мозокот на личноста. Методологијата, разработена од д-р Георги Лозанов, овозможува учење со радост, леснотија и ...

Донацијата од „Матица македонска“ за учениците од Демир Хисар е традиционална – деветта година по ред. До сега, донирани се 6 300 книги, а само оваа година донирани се близу 570 примероци. Книга за секој ученик од основните и од средното училиште во Општина Демир Хисар. Деветта година по ред, „Матица македонска“ ја оствари акцијата со којашто до сега, донирани се 6 300 книги, а само годинава донирани се близу 570 примероци – по еден за секој ...

Повик

19 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.54
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.25
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
99%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
84%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.13
91%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Сребро

2060.60

Алуминиум

2.87

Калај

41.30

Паладиум

50058.71

Злато

138408.99

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Бакар

10.87

Платина

58054.69

Цинк

3.13